Јас сакав да не коментирам, ама ептен ми беше жал тема во мојата омилена категорија да остане празна. Башка што морав да имам едно издувно вентилче, повеќе пати се имам изјаснувано околу Биберчето.
Јас од кога одев со Ж.Батлер (ни името не сакам веќе да му го споменам) се исфрустрирав и веќе не сакам вакви изведувачи. Тој ме тераше такви да слушам додека водевме љубов. А се извинувам, која е Селена? Некој хермафродит како Лејди Гаргара? едит - вака-така, растура малиов на форумов, ајде ми ти... Олку критики, не е важно позитивни, негативни, HURTS немаат собрано.
Јас лично, нити имам нешто против човеков, нити пак чувам негова слика под перница и одам секоја недела во црква да оставам кило зејтин за да ми се исполни желбата да го видам во живо. Едноставно, успеал во животот, станал нешто, а јас сум сеуште еден непознат поим, никој и ништо за да судам некому. Немам право да му судам за изгледот, за сексуалната ориентација и слични тракатанци. Сеедно ми е дали носи шишка, дали е челави батко, дали е геј или хетеро, дали спие со раката во гаќи или со раката на стомак како мртовец. Воопшто не ме интересираат тие работи. Музиката е она кое што е неговата животна преокупација, се посветува на неа, дава максимум од себе за да успее. Ние до задутре тука можеме да коментираме дали и зошто не е добар, но него ни најмалку тие коментари нема да го допрат, си фура свој стил, жари и пали се` околу себе. Нема ни 18 години, а може да не купи сите сосе партали. Имаше една емисија на МТВ мислам беше, но не ме фаќајте за збор, во таа емисија беше опфатен целокупниот негов живот. Имаше интервју со неговата мајка која што отворено зборуваше за ситуацијата во која што се наоѓале пред Џастин да стане тоа што е денес. Зборувам ситуација, од финансиски аспект гледано. Поради тоа, Џастин голем дел од своите пари ги донира во разни хуманитарни организации, сите тие пари кои што ги заработува продавајќи прамен од косата или капка од мочката, се` дава на тие организации. Затоа и го почитувам и пишувам на темава. Да не беше вреден толку и да не гледаше светла иднина Usher во него, немаше толку да вложува во него и да го форсира. И уште нешто да ви кажам, нешто за кое што сум сигурна дека сте свесни сите. Музиката е работа на вкус, а за вкус НЕ се расправа. Никогаш! Секогаш ќе има некој поддржувач и некој хејтер, но тоа никогаш нема да ја смени/намали популарноста на дотичните. Ви благодарам за вниманието, имајте убава вечер слушајќи ги вашите омилени пеачи.
Охохооо како ќе се намали популарноста, кога ќе потпорасне, парите ќе му акнат во глава и ќе се разружни. А Мерлинка, како бе не ја знаеш Селена? Селена, бе, СЕЛЕНА?!?!?! Пих, ич не си во тек.
Се извинав претходно, знаев дека нешто фатално пропуштам. Ако. Ке порасне девојчето. Ке има кога да се кае. Инаку не спориме за вкусот, туку за фамата што се крева околу детево. Јас ценам талент, не форсирани разгалени дечиња.
Јас па не мислам дека детето е разгалено затоа што не потекнува од богата фамилија и не е дете на родители што давале пари за да го пуштат по телевизиите. Мајка му го снимала како пее и ги ставала клиповите на ју туб, па така Ашер го открил и се воодушевил од неговиот талент па му направил песна. Со оглед на тоа колку е Ашер талентиран и признаен музичар, сигурно знае да препознае талент и глас, па ако немал Џастин глас немало ни да му направи албум на свој ризик. Јас не сум фан на Џастин (нормално дека фанови ќе му бидат тинејџерките), ама ги имам слушано тие песни што се вртат на тв и радио и ми изгледа како мило и слатко детенце Ни малку не ми е антипатичен, па всушност мало дете не ни може да биде антипатично, сите деца се слатки Во секој случај, без разлика дали го сакаме или не, он за кратко време постигна голем светски успех и тоа е за почит. Штом продава толку албуми и концерти, значи дека има повеќе фанови отколку хејтери.
Овие приказни многу ми се развртени. Од толку луѓе на светов, толку многу таленти што ставаат клипови на ју тјуб баш Џастин? Ама тоа е новава поп музика, добро скоцкан пакет, прилагоден за поголемиот дел од публиката, универзално. Ќе излезе на сцена, ќе скокне 2 пати и ќе се сврти, ќе запее малку, бек вокалите ќе покријат, кешот во џеб - чао пријатно. Повеќе квантитет, отколку квалитет.
хахахах како си ли4ат таа е Селена ГОмнез - Џастин Биебер ја мразам у коскииии ...... а ина4е сум голем обожавател на џастиннн
Искрено не го сакам многу Џастин но ниту го мразам. Ми се допагаат некои негови песни може да се 2-3 и само ти ги слушам и тоа ретко.. А за тоа што сите девојчиња на моја возраст па и поголема полудеа по него немам зборови мене не ми е ништо посебно
Дечки мирнииии, немојте така за слатката Селена, си пее една песничка која мене ме расонува во мрзливите утра. Нека се сакаат децата, како се сакаа на времето оние од Highschool Musical, подеднакво е дебилно. Мене ме теши што се' си има крај... Ќе им помине. Ник од BSB, па брат му Арон Картер, па овој Зак Ефрон, на сите им доаѓа крајот... така и на тетка Бибер-че. А во меѓувреме, не го сакам ова лигле, гласчето негово ме иритира, песните му се крајно идиотски, ама таргет група му се дечиња од 12-18 - што очекувате побогу, на кого да се палат, на Ентони Кидис? Оставете ги децата раат, нека му се радуваат, после ќе гледаме слики од Биберот упропастен ко Мекколи Калкин. Мене најмногу ми смета тоа што на search на google и youtube кога откуцувате Џастин, прв е Биберот, па дури после Timberlake... тоа е малку повеќе кретенско, don't you think? Аaaaaa и разочарана сум што Usher направи песна со него, барем од него очекував повеќе... ^ Екс лигловски пар бр. 1 ^ Наследници на лигловскиот пар бр.2
Не го сакам ни го мразам па нормално дека ќе лудуваат тинејџерки по него а иначе Селена ми е поубава од него 1000 пати. Има добри песнички http://www.youtube.com/watch?v=SOI4OF7iIr4 http://www.youtube.com/watch?v=qdDVtFvJ ... ure=relmfu
Love me не е песна на биберов. Оргиналот е на The Cardigans - Lovefool, така да, ова е само cover верзија.
овој славата слабо го удрила во глава...сега се може и се глеа дека е самобендисан....само не свакам како даваат толку награди како брит авард на едно дете со 5месечна кариера позади него...а оваа селена па и она лигава заедно - уште по лигави....
браво фотошоп за сликава ми текна на еден виц што го прочитав во врска со Биберчево... Поминува мајката покрај собата од ќеркаи која била внатре со дечкото и слуша: "baby, baby ohhh baby" и целата вознемирена им вика.. "ќерко што правите вие внатре"?, а ќерката одговара, "па се е*бeме мамо"... "охх добро е ќерко ми олеснa јас пак мислев да не ја слушате или пеете Бејбе од Џастин Бибер"