Spoiler Е ова видеово од пред 5 и повише години е, слушни го сега да видиш на што личи. http://www.femina.mk/%D0%BD%D0%BE%D0%B2 ... 1%82%D0%B0 Е, ова дојдов да го искоментирам. Како по ѓаволите Џастин е пред Енрике, Бруно Марс, Бон Џови, па ајде и Ашер да го вметнам тука, КАКО?
Лудо не глуми лудило. Ашлинг сака да ти каже дека комерцијалата не е синоним за неквалитет. Тоа е многу ограничено размислување. Еминем е комерцијала. Снуп Дог е комерцијала. Бон Џови се комерцијала. RHCP се комерцијала. Линкин Парк се комерцијала. Стинг е комерцијала. Суперхикс се комерцијала. Сакаш уште? Ако твојот слух не оди подалеку од Ники и Рајана и готово тие две се комерцијала и ништо не вредат 5 пари. Па и Рајана е добра. Хитови има. Тоа што ти не ја слушаш не значи дека е за потценување или тие што ја слушаат нели? И да. Џастин има талент. Сакала признај, сакала не. Тој направи пари колку што и ти и јас заедно цел живот нема да спечалиме. Има премногу луѓе што по дифолт стегаат дислајк на клиповите негови. Не зошто не вредат, туку зошто е Џастин Бибер. Типично пубертетско размислување. Штета некои што ги поминале тие години, но сепак останале заглавени во тој свет на докажување без никаква добивка/причина.
Jас може глумам лудило ама ти очигледно си полудела пријатно Cе изнасмеав јас, нема потреба од чекање
Aбре девојко, Tи слушај си го бибер, слави родендени по дома на неговите песни, тука секој има да си каже што сака Jас си кажувам дека не вреди, и дека е преценет, а не реков дека нема Tалент човекот. има многу многу подобри пејачи. и не планирам да се докажувам овде, тебе ако ти е арен- Cлушај си го никој не ти брани
Hе планирам да си го трошам времето дискутирајќи за бибер. Cледниот пат кога ќе се снима видео за него, мафни и на камерата
Ashling се согласувам со дел од тоа што го напиша, но не сфаќам за каков талент зборуваш!? Ги изгледав видеата што ги постави и не сфаќам каква врска имаат тапаните и рапот (или подобро кажано крадењето) со неговата кариера како пејач, пошто нели го знаеме сите како пејач, а не како тапанар. Признавам има песни кои не му се толку ужасни како бејбии што му беше и има многу далеку поужасни од неговите што се далеку подобро прифатени, само затоа што се од некој друг, но сеуште не сум нашла ниту едно видео на кое не фалшира (т.е. рика), освен некои од кога бил мал.
Ешлинг јас само се надевам дека тоа што си го напишала е сарказам затоа што во друг случај би било најголемата глупост што сум ја слушнала. Зборовите се излишни .
Ви ги читам муабетиве и не можам да се изначудам Никогаш не сум била фан на Џастин а не ни верувам дека некогаш ќе станам, ама ги прераснав тие седмоодделенски фори, као, сите треба да го мразиме Џастин Бибер бидејќи тоа е многу кул ... на другар ми сестра му го слуша па ме има еднаш замарано со некои негови настапи во живо и реално детето е океј, не е некој извонреден талент ама дека добро пее - пее. Така да океј е Бибер само требал да почека да му измутира гласот ко сега што му е па да почне да пее.
Да, лудо, не знаеш се што правам за да соберам пари за концерт на Џастин Бибер. А, мојот животен сон? Па статист во спот на Џастин, нормално. Не планираш да го трошиш времето дискутирајќи за Џастин Бибер, од причина што нема за што да се дискутира. Јасен е хејтот, си го прочитала. *Покрај сета шитовина што ја гледаш и слушаш, го најде Џастин Бибер како тотален неквалитет. Ма немој да ме јебеш бре! TheKiketo-видеата се поставени зошто се зборуваше постојано како не е талентиран, само го ставиле пред микрофон и почнал да цимоли. Ни јас не го слушам Џастин, песните не се мој стил вооптшо, но видеата што ги поставив ги имам и по неколку пати гледано. И за чудо не се срамам да кажам дека сум слушнала нешто од Џастин Бибер, многу поразлично. И овде чинам се зборува за Џастин Бибер како целина, а не само за Бејби и незнам кои други песни. Како што кажав продуцентите бараат златна кокошка, Џастин им е премија. Инстант им направи пари, а нив тоа им е приоритет. Споредбава ќе ја завршам до тој степен што ќе споредам со денешен Слаткар. Слаткар од Единствена Опција со Слаткар од Јованов рекордс. Доволно е кажано мислам. BlackSwan5- не се секирај, одамна читаш глупости, па за уште една
http://www.youtube.com/watch?v=0GfxOSxws_M ауууу песнаваа т.е ако не беше таа Мариа или како уште и е името што лажеше дека детето е од Џастин немаше да ја има песнава...епаа слушнете ја па почнете пак отпочеток со хејтање
Во позадина можеш да видиш дали се самоо напалени тинејџерки или има и постари луѓе...http://www.youtube.com/watch?v=HWFxWhjEm-s
Има многу шо свират по не знам колку таму инструменти и умеат да пеат, ама не знаат да створат нешто што стварно ќе трае и ќе го знаат генерации и генерации од кога ќе се создаде. талентот не е у тоа колку инструменти си совладал и колку октави може да ти фати грлцето, него у тоа да умееш со тие вештини навистина да пренесеш нешто што стварно ќе влијае врз твоето опкружување
http://youtu.be/q7dthgKLzlo Аман бре луѓе! Темава е за кажување свое мислење за Џастин, па дури и да е лошо. Ама МИСЛЕЊЕ! А не да кажувате дека некој е болен или неточен во мозокот што го слуша. Да, го слушам, имате проблем??? Убави ми се неговите песни, убав ми е самиот тој. Не мора да кажувам дека имал вакво или такво детство, не го сакам заради сожалување! Го сакам заради личноста што постанал, затоа што успеал да ја оствари својата желба. И што сега? Затоа што вие не си го гледате својот живот и не се трудите да си остварите нешто што сакате, да се борите за вашата цел, плукате по некого кој го сторил тоа? Не се нервирам воопшто, хејтајте слободно. Сепак тој воопшто не ви обрнува внимание. Сакав само да ви кажам дека темава е за мислење, а не навредување на туѓи ставови!
Не ја почитувам музиката на Џастин.Сметам дека не е доволно квалитетна.Едноставно,мене таква музика не ми се слуша.Не го мразам Џастин затоа што не гледам ни една разумна причина за да го мразам. Не се оптеретувам со него затоа што не ме интересира. Кога некој ќе ми каже дека го обожава јас само норшалантно ќе му одговорам добро-твој избор. Фала Богу,денес луѓето имаат право да изберат дали ќе слушаат квалитетна музика или не.