Шала на страна, има напредок малово. Последната песна му е топ, освен спотот (Енрике си ја бара Hero назад), и малку мутавиот текст. (ок малку повеќе ) Ама цела спакувана како производ мене ми се допадна, плус веќе нема иритирачко гласче. Се надевам на подобро нешто од него во иднина.
Не пуштам ,не пијам ,не се дрогирам ниту пак крадам .. во ова опшество ме критикуваат само што имам еден идол Џастин Бибер!
ме нервира и тоа многу со неговите лигави песнички и сеа што на роденден кога полнел 18 татко му му купил колаааааа и што сеа?? мора во секој спот да ја има и колата да не беа неговите обожавателки од 11 години тој сеа ќе немаше толку да заработува да,да славата му има удрено во главата негова тиквеста
Изгледа Пиперчето ran out of ideas, па почна спотови од пред 10 години да копира. Бре, криво ми падна што оригиналот Hero ми се уништи не за друго. Копија бре чиста, само во полигава верзија. Уствари Енрике ако сака може да го тужи зачинов за копирајтс :geek: , озбилно. Е, таа привилегија да ја слушнам песната ја немав, зашто немам звук на пц-во, ама ќе почнат да ја тупат на МТV, и секое второ радио во рекордно време, па ако и не почнале.
Де дајте линк од новата песна, таа Саја што ја спомна. Да ја слушнам, не сум во тек со неговата кариера.
Во случајов да сум ти родител ни да пушиш, ни да пиеш, ни да се дрогираш, а најмалку па да крадеш не би те критикувала.
Новата ако не се лажам му е таа As long as you love me или така нешто, не знам точен наслов. Пошто и јас не го пратам Биберот и едино на МТВ ако налетам на негова песна а оваа ја вртат доста често па претпоставувам дека за таа се работи. Спотот, ефтина копија на Енрике - Hero, гледам не сум единствена која приметила. Ако мисли дека може да му парира на Енрике во срцепартелни спотови, се вара малиот. Не го бива за тоа. А искрено не знам зошто толку фалење на песната, мене ми е чист просек. Можеби за нијанса се одели од тие Бејби, Мејби тралалејките ама ни ова не ме импресионира ништо посебно. Не би го слушала Џастин, едноставно не мој тип на изведувач.
Лилаа ма, па не е лоша песната Не му е сега пискав гласот. Море пораснал овој. Не бе, не е лоша, шо знам.
http://www.youtube.com/watch?v=R4em3LKQCAQ Ова е новата песна на Биберот значи. Дека му е сменет гласот, тоа е сигурно. Ама и песните некако не се во „Бејбе“ стил.
Знаеш оти ти се свиѓа? И мелодијата е крадена од Basshunter - Now you're gone. А па песната и спотот ич заедно не ми идат. Абре овој, голем лопов да ти бил. :geek: И мелодијата, и спотот, може и текстот е краден од негде. Единствено позитивно е тоа што не му писка до толку тоа гласчето (не верував дека некогаш ова ќе го кажам ).
Зашто толку му се замараш ако го мразиш?Не,неможам да сватам.Не ти се свиѓа?-Ок,остај го нека си живее не му се замарај.И јас не гледам ни С од сличност помеѓу песните.Освен што има музика и пеат.Thanks for the time spent thinking of me.-Justin Bieber.
И да,јас неможам да живеам без него..И не сваќам ако сте толку позрели и големи,зашто навредувате "деца" (за вас)?Кога и кажувам нА мама не и се верува дека ме навредуваат само дека имам идол!И сега размислете малку за вашите постапки!
Мене ми е интересно сеир да ви фаќам за притресувањето околу овој, не за друго. А вие па, што се замарате дека ние се замараме. Дојде време да не може да хејта човек на раат.
Го има.Aјде одговорими што има тука лошо?Во песниве? http://www.youtube.com/watch?v=R4em3LKQ ... ature=plcp http://www.youtube.com/watch?v=FsNZdlV64jU http://www.youtube.com/watch?v=jLeklyUs ... ure=relmfu
E,aј иди на првата страна на темата и прочитај ако незнаеш-кажи ке ти пренесам.Пишува тие што го мразат да не кометираат.Офф -.-