Мислам, вие фанчињата малце ги изгубивте главата со детево. Си мислиш брат ви е или татко, роднина нешто, па коси кубате за него, што ли уште не (смајлиштосекрсти) Не е малце претерано? Јас разбирам да се има идол, ама до толку? Па тие грефчињата што објавуваат видеа како плачат на јутуб за Џастин. Тоа е веќе навистина за жалење. Имате сила да се скарате со се живо и диво, дури да се испотепате само за пиперов? Си мислете дека утре тој ќе ве жени... И сите знаеме дека Џастин стана ѕвезда преку ноќ, тоа е факт. Тој со неговото "пеење" можда стана славен во денешнинава, ама прашајте се дали ќе го паметат Биберов по 50, 100, 150 години? А? ЛОНГ ЛИВ ПИПЕР'С ХЕЈТЕРС
Денес е во мода или да го сакаш или да го хејташ Бибер. Неутрални нема. Јас мислам дека го преценуваат дечково. Некој низ што се не поминал, со години градел кариера.. И ете го Биберче, со нежно гласче (првпат да го слушаш ке си помислиш 5 годишно девојче пее, па и јас имам поостар глас од него мајке ми), бејби фејс и КЕШ . И оп, ете го на врвот на сите светски топ листи, пред мноооогу поталентирани и поквалитетни изведувачи од него. Тинејџерки кубат коси по него, ааааааајдее. Глупи песничиња, текстови без никаква смисла и порака.. „бејбе бејбе“, „лав ми лав ју“, „бојфренд, грлфренд“.. Ма иди бегај.
http://www.kafepauza.mk/muzika/top-10-n ... -vreminja/ детето си ги реде работите само така нека продолже....
Не разбирам што ви пречи кај Џастин? Зошто толку го хејтате? А, во врска со коси кубењето и силните расправии... Тоа е ништо за Белиберите... Сум читала на интернет дека Селена добивала смртни закани за да се откаже од Џастин! Лудост, но некои сериозно се застапени за мислата Џастин, што дури не ни обраќаат внимание на другите. Мене баш ми е симпатичен Џастин, а ова со Белиберите ми станува се по интересно и инетересно. Еве пред малку загледав една слика на ФБ, погледнете Белиберска логика!
Темава е толку проста и едноставна, како за било кој друг изведувач, а вришти од препукувања, и сето тоа ради модата да се мрази Џастин. Оставете ги тие што го сакаат да си пишуваат на темава, нивен избор е кого сакаат и кого слушаат! Разбирам квалитет и неквалитет, и јас не слушам комерцијала и не го слушам Џастин, но не можете туку-така да го потценувате. Направил толку многу пари,стекнал толкава слава, секоја чест за него. Ја работи најубавата работа на светот, а како стигнал да го работи тоа и дали има талент, зарем е битно? Па и една кралица на поп музикава - Мадона, исто и Бритни Спирс со гласовните можности се на многу ниско ниво, па? Некој е роден под таква ѕвезда, судбината му е да си биде славен, и сега што? Бре,бре, вие сте слушале квалитетна музика, тие што го сакаат Џастин немаат појма од животов, ајде бре. Каков би бил светов сите да слушаат ист вид музика, м? Го заборавате најбитното - за вкусови не се дискутира.
http://www.youtube.com/watch?v=Ys7-6_t7 ... re=g-all-u Еве го новиот спот-Beauty and a beat-perfect Многу е срцкаст
Ниту го сакам,ниту го мразам. Му имам слушнато неколку песни еднаш до двапати и немам некој добар впечаток. Можеби ниту неговите песни ниту на onedirection не ми се свиѓат бидејќи не слушам таква музика. Сваќам дека се многу популарни ама квалитетот на музиката се гледа а не друго. И повеќе обожавател/ки има од по 11-12-13 години одколку некои повозрасни,уствари не го слушат поголемите.
Да ве прашам вас што ви е инспирација, што направил, со што ве инспирирал? Сакам сериозен одговор не „срцкаааа е, преубав еееееее“ и слично.
Не сум фан на Џастин, порано можам да кажам дека го мразев оти вадеше многу лигави песни.. ама со последните неколку хитови можам да кажам дека доста напредува и созрева и почнав да го менувам мислењето. За тоа никогаш нема да ми биди омилен ама од време на време знам да си пуштам некоја песна, ова ми е единствена омилена која не можам да престанам да ја слушам http://www.youtube.com/watch?v=R4em3LKQCAQ