Не сум го слушала детево и немам намера да го слушам и да имам некакво, било какво мислење за него. Само да си се пожалам дека на 90% од било кој клип на youtube мора во топ коментс некој хејтер да го спомне името негово. Хејтери уат д фак? Ако не го сакате нема потреба да го рекламирате. Детс уат д риал хејтрс ду И заборавив да спомнам дека првите неколку пати кога во топ коментс ќе го прочитав имево секој пат ја имав истата реакција ко Ози Озборн.
Да навистина му ги собра наградите на пејачи кои имаат кариера подолго време од него ....... Мислам дека треба да има kids ema или kids brits awards вака навистина не е фер на Ријана и на др. пејачи му ги зеде наградите Жално навистина жално
Џастин Бибер новата модна икона уаауу http://www.crnobelo.com/zivot/shou-bizn ... odna-ikona Инаку немам никакво мислење за Бибер(от)
секој си има своја мислење што сака а што не сака мене џастин ми е многу симпати4ен а со кого ке биде тоа е негово не може тој за нас цел живот да остане верен сепак си има и приватен живот и треба да го сватиме а за селина ми е ептен гадна нз зашо не е тоа дека била со џастин ама и4 не ми се допаѓааа и еден поздрав до сите !!!
Овој дечко не го имама слушано до сега ама изгледа супер....не ги знам неговите песни и нема да кажан ништо во врска со него само сакам да кажам дека не е во ред да пишувате неубави коментари на теми што не ви се допаѓаат...и тоа за инает...ако не ви се допаѓа воопшто не отворај ја темата...а што ќе беше ако пишувавме сите неубаво коментари на сите теми...
^ Тоа е суштината во дискусијата. Доколку сите бевме со исти ставови и мислења немаше да можеме воопшто да дискутираме. Треба благодарни да бидете, да не пишувавме ние „хејтерите“ темава ќе си беше празна или пак исполнета со бројчиња, w и <3. И не пишувам за инает, немам друга работа па ќе си трошам нерви за нубови како биберов... И по можност пишувајте на кириличен фонт и користете Ч - иритираат бројки.
извинете "белибери" или незнам уше како се нарекувате.. критикувајте ме колку сакате ама ко го глеам Биберов ми се присе*ува :geek:
Сите имаат право да го искажат своето мислење и за тоа и е форумов.Тука е веќе прашање на вкус, а за вкус не се дискутира.Не сум видела ништо лошо во детево, а и немам некое преубаво мислење за него.Само страшно многу ме иритира кога ќе видам како некое девојче на кое не само типов туку и други естрадни ѕвезди му стануваат смисла на живот.Многу често на фејсбук се среќавам со слики токму од нив под кои пишува... цитирам: љубовта на мојот живот, најслаткото суштество без кое неможам да живеам, причината поради која јас постојам и слично.Не дека осудувам ама лично тоа не ми е во ред.Неможе некој што си го видел два три пати на телевизија да ти стане толкава опсесија.Се е во ред луѓе, имајте идоли...ама таков претеризам искрено не е ок.
Јас воопшто не го мразам а не го ни сакам. Има добри песни а и не е толку грозен. Славата порано или подоцна ке му се намали.
Имам коментар за биберот : не пее убаво,не е ни сладок ко шо зборат,нема стил,дете е ,.Една Желба: ДА НЕ ПЕЕ ПОВЕЌЕ
Сакав да ја испочитувам желбата на креаторот на темава и да не прокоментира (затоа што, нели, не сум му фан на Биберчо), ама не можев да издржам Ритам во него има само наутро кога мие заби, а блуз во него нема ич. Значи, би го класифицирала во жанр: детски песни ала златно славејче. Па уште и биографија напишал. Немам понатамошни коментари.
Коа можат сите фанови на Бибериштето да се соберат,тогаш ја ги повикувам сите хејтери ,ај баш да видиме колку го мразат у Македонија
Јас немам ништо против детево, не го слушам, но не го мразам, ништо ми нема сторено во животов.. И што им фали на песните негови? Фанови му се до 10годишници, јас сум ипак голема за да го слушам него, но сепак незнам зошто некои велат го мразат, ги нервира, ваков бил таков...мене ми е сосема ок, само за помала возраст деца нели... Само да кажам, останав ваква кога еднаш со другарка гледавме еден негов спот, и он имаше ако добро се секавам, кармин, руж... шминка!!!! и тоа женска шминка! Не беше слика па да речам фотошоп можда било, туку спот беше...зошто побогу шминка, ко педерче некое...е тоа не го разбирам...и само за тоа би го критикувала... ете така
Убаво се сеќавам на времето кога јас и врсничките мои (па и оние приближно на моја возраст) бевме луди обожавателки на Backstrite Boys особено на Nick,ги сакавме и момците од групата на Џастин Тимбрлејк па од тие сеќавања не ме чуди нити ме иритира тоа лудување на децата по Џастин Бибер! И ние собиравме постери, и ние ја слушавме само нивната музика и ние се контревме кога некој ќе дадеше лош коментар за нашите миленици! Затоа имам разбирање за девојчињата од 9 до 14 години, ги разбирам и се препознавам во нив! За талентот на Џастин Бибер не можам да коментирам бидејќи не го следам многу, но детето досега е успешно и мислам дека славата уште ќе расте но до некој одреден степен кога наеднаш ќе го снема и ќе се појават нови пејачи и миленици на публиката! Истото се случи и со групата Backstrite Boys и онаа на Џастин Тимбрлејк (заборавив како се викаше групата), па следеше обид на соло кариера,па на крај почнаа да стануват помалце забележливи и помалце успешни во работата(со исклучок на Џастин Тимбрлејк кој сеуште е доволно присутен во музиката) ! Можеби и на тринаесетгодишните девојчиња им се смешно и глупаво што воздивнуваме по Енрике Иглезиас ама не ни го уништуваат ,,моментот,, Не ги знам баш добро песните на Џастин Бибер но оваа му ја знам и ми се допаѓа,особено почетокот од песната! http://www.youtube.com/watch?v=kffacxfA7G4
Иако малиот е навикнат на секој аеродром да го дочекува толпа од обожавателки кои вриштат, пиштат и кубат коси барајќи му автограм, при слетувањето во Хонг Конг го дочека непријатно изненадување - се собраа дури 7 обожаватели. Дочекот во Хонг Конг беше непријатно искуство за тинејџерската ѕвезда, бидејќи на аеродромот го дочекаа само седум фанови. Разочаран и изненаден, младиот пејач веднаш влегол во автомобилот и налутен го покрил прозорот со завеса. http://www.youtube.com/watch?v=phtLYSUW ... r_embedded Што така? Го имам слушнато случајно еднаш и никогаш повеќе, не го мразам нити го сакам, едноставно не ми се допаѓа како пеач ниту неговата музика.
конечно го доби тоа што си го заслужува http://www.youtube.com/watch?v=AZ0UYve6 ... r_embedded http://www.youtube.com/watch?v=0e50vqY7 ... re=related
Не се фер со јајцава, јас сакав да ја имам таа чест. Да дојде во МК, со јајца од ној ќе го мавам, ќе ги прежалам парите. :evil: Толку ме нервира детичтево, што да го пресретнам по улица не знам што ќе му се случи.