порано го мразев, потоа го сакав премногу и сега сум индиферентна не дека го мразам сега, ама не го слушам повеќе и не сум луда по него, а голема заслуга за тоа имаат фановите негови.. без навреда за тие овде, ама зачленета сум во мноогу групи за Џастин, во главно српски/хрватски, и сите се катастрофа.. премногу се креваат фановите некако, и го креваат Џастин, во стил како - тој е најдобар, најубав, најталентиран, па дури некои го сметаат како Бог (не се зафркавам, имам прочитано премногу статуси каде што имаат напишано дека е Бог.. ).. и друго што ме иритира е тоа што плукаат по останатите пејачи/пејачки и нивните фанови, и во главно се многу дволични.. чист пример е кога беше со Селена сите велеа за неа - глупава, крава, го сака Џастин само за парите.. после кога се разделија Џастин и Селена, уште појќе ја мразеа Селена.. а па кога потоа се случи ова - наеднаш сите беа Селенатори и почнаа да ја вреѓаат Тејлор, како демек таа е љубоморна, не постигнала ништо во животот, песните и се катастрофа.... а пред само 1 недела сите ја сакаа.. мислам what the fuck ?? од каде ги извадивте тие "факти" кога баш на таа вечер Тејлор доби 7/8 награди?? не велам дека сите, ама повеќето фанови на Џастин немаат свое мислење и свое Јас, туку како овци - една ќе направи или каже нешто, и одма сите по неа... а и најглупаво од се ми е тоа што не сакаат никој да им го навредува идолот, а сакаат да ги навредуваат другите ... значи во главно, не ми се допаѓаат фановите, ама и некои хејтерите ме нервираат.. посебно хејтерите што велат дека е педер, пее како девојче и е грд.. добро ги имате слушнато последните песни негови?? го имате видено сега?? или се уште сте со заостаната слика од пред неколку години?? Хипстер и Старфиш, џабе се трудите, поинакво е времето сега и таква е музиката и неможете да го смените мислењето на никој а посебно не на Белиберите (ако не е по нивно, започнуваат жестоки кавги ).. Затоа најдобро е да ги оставите да прават што сакаат, да не се расправате за џабе Spoiler иако знам колку е забавно да се плука по некој пејач во присуство на неговите фанови, многу често го правам со Дајрекшонерите, само за да ги видам како се нерираат и се обидуваат да ми го сменат мислењето а и btw, вистина е тоа што викате дека плукал по фановите ?? немам слушнато за тоа..
Не дека сум некој голем фан на Џастин, но сметам дека секој има право на мислење. Некои го мразат, а некои го сакаат. Имам слушнато негови песни и не се лоши за тинејџери Spoiler Убав пар беа со Селена
^После фацава што ја направи Тејлор Свифт мислам дека почнувам да ја засакувам девојката. Белиебери (или уватева) - пораснете. Ќе ве видиме за некоја година, аман, доста се џиткате. Ако успеете да пораснете со ваквите ставови, де. Уште да земат да те затепаат.
хахах, фацата што Тејлор ја направи сите сакаа да ја направат, ама никој од Белиеберите не се осмели бидејќи другите Белиебери веднаш ќе ја "камшикуваа" со зборови, па затоа сите се одлучија да ја хејтаат Тејлор, иако длабоко во себе сите сметаа дека е во право, и иако сите ја мразат Селена
нее не си во право..јас знам многу луѓе што ги сакаат сите тројца еве и јас сум една од нив..јас ја сакав селена и пред да биде со џастин,и кога беше(уште повеќе ја сакав тогаш ) ама и сега ја сакам..а исто и тејлор
па добро, можеби не сите ама јас кажувам за тоа што го видов на фејсбук, на повеќето српски/хрватски фан страни сите ја напаѓаа Тејлор, а пред тоа сите ја мразеја Селена.
Алооо, неки нормалан, ништо, а? Јас дечково го разбирам као лице околу кое сте преоптеретени, и тоа преоптеретеност левел ден пред свадба! Олабавете малку, Селенатори, алигатори, Белибери и други чудни секти...
И јас го иам приметено тоа со односот како овца еден ќе каже нешто и сите идат по тоа мислење.Ако си во група Селенаторс-треба да го вреѓаш Џастин,Ако си во групан Белиберс-треба да ја хејташ Селена,Ако си во група дајрекшнрс(како и да се пишуе) треба да ја хејташ Тејлор... Иначе сите белибери ќе се мажат за него
Јеа,шр.Ќе се мажат.Ало женски.Арни!? Селенаторс,Белиберс,Дајрекшнрс...Све исто срање.Ако не било по нивно започнувале жестоки кавги.Голицни ме да се насмеам. Добро бе луѓе,едно не ми е јасно.Он плука по фанови,недораснато размазено детиште,а вас уште ви е sWcka. Think about it. П.С-На Тејлор капа и симнувам за фацaва...
значи џастин е одвратно разгалено детиште..го мразамм..неможам да ги сфатам луѓево што го обожаваат а оние па што се опседнати со него ме нервираат ептен..значи се извинувам ама си го кажав мислењето
ОМГ не ми се верува сепак можно е да е фотошоп, кога ќе го споредите квалитетот на сликата од Џастин и сликата со фановите, не се совпаѓа баш а и некако глупаво ми е фановите да го бранат ако ги плукал, мислам без разлика колку го сакаат, пониживуање е тоа, и не верувам дека некој ќе го трпи тоа, па дури и Белиеберите
удари го слава у глава сеа незнае дали е славен или ударен Spoiler по одвратно суштество немам видено ,кога го видам ми се гади
Mаги-тантум, они се сечea по раце и нозе кога он демек го фатиле пијан или дрогиран, постираа слики по твитер, тамблр(немам твитер, ама на тамблр имам видено слика со исекотини од жилет и крвишта за гомноно, ми се преврте желудникот) па тек он да ги плука они да ќутат. Абре кога ви викам се радувале тие не се нормални, луѓе плаќаат илјадници долари за салфетки користени од ѕвезди, па тек за плуканица, некоја гаранат со тегличка си стоеле и собирала или па ако ја ркнал у теме нема да измие коса сега никад у живот. Каков фотошоп какви бакрачи, едино нешто на што ми треба фотошоп се фановите да им се нацрта мозок зашто го немаат. http://www.tmz.com/2013/07/30/tmz-live- ... -leathers/
првпат слушам за тоа, ама и не ме чуди баш.. не ги разбирам, ама имам видено колку многу се затрескани по него и затоа не ме ни чуди до кој степен можат да одат за него, па ништо чудно и ако некој ден се предозира тој и тие да почнат да вршат самоубиства порано никогаш не би го рекла тоа, прво зато што Џастин не можев да го замислам со алкохол, а камоли со хероин, а второ затоа што никогаш не сум сретнала или видела некои толку откачени фанови (пример тинејџерката во видеото што го стави, што сакала да ја плукни), со другарка ми ја сакавме неговата музика и него, ама не до тој степен да се повредуваме за него инаку не мислев дека е фотошопирана сликата каде што плука, туку дека е споена со друга слика од фановите, некако послаб квалитет е отколку на неговата ама сепак не го поништува фактот дека плукал од балконот, без разлика дали на фанови или на обични луѓе кои си поминувале, многу детинесто ми е тоа, ни деца на 7 години не го прават тоа а и имам прочитано некаде (не се сеќавам точно каде) дека се помочал во кофата на некој чистач, и тоа фановите велеле дека не е точно, ама сепак Џастин се смени, како што велите - го удри славата по глава..