Абе веќе, едвај се дочека. Кој пат да одам во Диамонд жив човек нема, не знам зошто мислеа дека е добра идеја па уште еден да отворат. Ексик, паркови и зеленило ни треба, се угушивме од бетон.
За разлика од Дајмонд, овој нема да биде празен. Ем, пошо кулите се тука, доволно купувачи им се они, плус жители на Аеродром кои освен Капитол немаат друг мол во близина. За продавниците... јас и не очекувам којзнае што, да ги има тие во кои што најчесто пазарам, за другите не ми е важно.
Ако е како во другите градови ќе биде збирштина од ѓубре донесено којзнае од каде и се тоа поставено низ цел маркет. Ефтина облека, патики, домаќинство. Ги уништија маркетите. Ги направија Бит Пазар. Скратија на храна и хемија за да ги прошират овие работи.
Има Кит Го а има многу уште и неотворени... Едни пензионери коментираа како хотел бил влезот.. Денеска сите купуваа две кисели млека за 19 денари поефтини од Шутка
Те читам и не можам да разберам зошто... Хм. Нема да навлегувам. Но, ќе се пронајдам во ова, последново, што купувале 2 кисели млека за 19 денари. Не знам каква ти е финансиската ситуација и, ако ти е (по)висока, немаш право да ругаш и плукаш по сиромашните македонски граѓани кои едвај сврзуваат крај со крај. Ако ти купуваш само германски леб од 60 денари, тоа е во ред но, сепак, треба да ти биде јасно дека има луѓе на кои и 20 денари дневно за леб им е многу. Терај си го ти твојот живот, живеј си во твој фазон, ама вака јавно да плукаш за некои (за македонците особено) секојдневни работи-немаш право. Зашто, нели, не ти земале пари од џеб за да купат што сакаат а ниту, пак, го купуваат за да го јадеш ти. Слободно нарачувај си продукти од странски сајтови, прогуглај и ќе најдеш.
Германски леб Jaus не е 60, не е тоа Жито Лукс ... Со такво размислување како твоето и рамнодушност на такви луѓе ќе стигнете како во африка брашно и вода, само релативизирај со таква средина ќе се развиваш многу во животот се напред ќе одиш, и неколку пати кажав дека има луѓе многу, што 30 денари зема леб а 40 мастики а на мене ми вика јас сум нашол па зашол што јадам германски леб сега во последно време Српски... Каков е тој менталитет ако се покачи лебот кој не е леб од 30 на 35 масовна хистерија ги фаќа колку е скап ама за цигари не им е скапо.... Вчера со една непозната жена зборев 30 ден бел леб зема или незнам колку е сега диме мислам дека е толку уште... И со него зема 130 денари Родео.. Ама квалитетен леб не смее да се купува или нешто друго квалитетно, само неквалитетното ќе го промовираме цел живот.. И не сакаме квалитетно и кога имаме пари ќе земаме по навика неквалитетното и кога ќе пробаме нешто квалитетно нема да ни е убаво бидејќи немаме навика на тоа навикнати сме на бижутерии од Даути Комерц Свислион смоки од 3 денари Битолски канцер млека и Стокомаковски и Камовски брендови со глушец во замрзнат зеленчук.. И ефтини јогурти и кисели млека допуна за белиот сув леб од нискобуџетни фирми киперски камовски стокомаковски со вода и боја
Во Веро нема ништо посебно се истите работи се, имам пишано предходно,одам во Веро заради некои специфични приизводи како Британски Чипсови, ама ете пак излегов глупав бидејќи и во Кам има исти работи или Кипер, изгледа не ме читаш ама јас тебе те читам и точно знам дека не купуваме исти работи и сме на различни светови и знам дека пиеш само Роса ... Во оваа држава се јаде и бара ефтиното и ниските цени не квалитетното и пазарот е преплавен со ефтина бижутерија наречена храна
И што пазариш (и каде) многу ме интересира? Роса не пијам. Некои кога ќе отидете усвета, станувате поголеми Балканци од нас сиротите тука. Од високо гледате, се смеете оти сме купувале еФтино, а вие оти стасавте со шампањ да се бањате мислите Господ за муда сте го фатиле. Патетики живи. Или можда во државава си? Ако си, како дишеш ист воздух со нас Дивела што јадеме?