Јас одамна зборам дека е скроз фино, како што имаме матични општи лекари, да имаме и психолози, со тоа што прегледите (барем првиот) да бидат задолжителни! Да пробам да се однесувам со членот онака како што се однесува тој: -Зошто сѐ уште живееш тука, кога веќе вакви нешта те вадат од кожа? -Со што се храниш ти, мора да ти е екстремно тешко! Пак ќе речам: зошто не си нарачуваш храна од странство? Сигурно ќе биде поздрава од она што тука се нуди, нели? Овошје и зеленчук, млеко и месо-особено поздраво ќе биде, така? Како, на пример, „Британски Чипсови“, сѐ со големи букви пошо, нели, квалитет. -Не знаеш да се изразуваш. Дали тоа тебе средината те направила таков или, пак, живееш по странски стандарди? Интерпункција, правопис... познато? Е, сега, до некаде ти ја сфаќам поентата. Но, мораш да разбереш дека тоа не е промовирање на неквалитет или глупоќа. И јас, можеби, сакам да купам нешто „квалитетно“ но, не знам зошто не може да ти стане јасно дека јас немам пари да го купам тоа? Не пушам, рецимо, не можеш да речеш дека купувам кисело млеко 2 за 19 и родео од 130. Купувам 2 за 19 и леб од 29 и паштета од 25. Ми остануваат уште 25 денари од дневниот буџет и ќе видам што ќе си докупам. И не, нема да стигнеме до брашно и вода поради тоа што сме рамнодушни и со вакви размислувања како моево. Напротив, ќе стигнеме баш поради такви кои размислуваат како тебе. Зашто, квалитетните и скапи продукти ги купуваат само тие коишто имаат високи плати поради икс причини и мислат дека така дише секој друг што е околу нив. Срам да ти е! Срам! Дали ти си прочитал барем дека имаме деца кои НЕ ЗНААТ ШТО СЕ СМОКИ? Чоколадо, да не зборувам! Крем на рибанка им е премија! Ти ќе ми кажуваш мене за Британски Чипсови и германски продукти! Самата помисла ме потресе и ми падна жал за сите што не можат да си дозволат убав живот, а тука има такви кои се надувале до небо. Сигурен сум дека стриктно по приватни клиники се лечиш (не дај Боже, де). Знаеш дека има луѓе кои немаат ни осигурување? Знаеш дека 80 посто од луѓето немаат пари да си платат котизација за испитување основна крвна слика? Да си купат терапија од која животот им зависи? Исто како во Африка, ко што би рекол ти. Темава не е за ова, секако. Би требало мислењава да се преместат на некое друго, соодветно место. Жал ми е што излеговме надвор од темата.
Не сум излегол никаде од државата, ама едноставно неќам да ме еб.. Во главата и се едни исти фирми да купувам цел живот и од Српските брендови по различно да не видам... Дивела купува сестра ми јас купувам Миско подобри ми се и од Бариља иако се иста фирма и понекогаш од едни Италјански во Тинекс не ги памтам во моментот кои беа по име ... Ама она купува стандард се најефтиното не гледа што и се јаде туку што е нај ефтино.. Јас од тој менталитет се отарасив овие 8 години и почнав да се ценам себе си бидејќи телото ми е најскапо и не е канта за ѓубре за секакви аматерски подрум фирми да примам внатре нивниот производ правен од отпадни состојќи и хемија ... Ама јас сум општествено одговорен и на Даути Комерц не сакам да му правам милионски профити, бидејќи нема квалитет и ништо западно не носат а и не сакам да им купувам и правам залиха на чизми кој ги чува во подрум
Е кажи де што ти толку квалитетно јадеш. И од каде купуваш. Да купуваме и ние од таму. Освен миско некои си што спомна. Еве баш спореди некој производи, поскап и поевтин меѓу себе. А за општествено одговорен друг да лажеш дека си.
ќе ти одговорам се само кажи ми што конкретно те интересира ? И зошто мислиш дека не сум општествено одговорен ? Ти општествено одговорна си.? Иначе храната на пазарот тука е се една иста со години а познатите марки се со Српска франшиза на пример Маги супи Томи и други има не ги памтам во моментот.. Покрај што е иста со децении е неквалитетна... Незнам што да купите бидејќи и јас имам проблем со тоа и најчесто носам од надвор... Ама треба да има масовен бојкот и барање и приговори кон маркетите, јас кога и приговарам ми викаат абе поскапото и странско кога се донесе обично никој не го зима стои му изминува рокот и повеќе не се носи, и треба стандардот на храната да се смени на повисоко ниво да дојдат нови брендови, јас не сум видел една супа што не е Српска или кечап мајонез овие 15 години.. Со Свислион соленки од пет денари да го ранам детето ? И тоа да биде демек нешто ваууу не бе мојот стил нема да биде од Сурдулица со тие соленки од 3 денари што се продаваат во Селските продавници, јас се ценам повеќе и не сакам моето дете да биде во ист кош со децата од шутка и од Албанските села... Кои викаат што е битно што е важно е да се јаде... И Албанците го имаат истиот чип за најефтино и се една иста роба земаат цел живот.... Но стоп само голден игл само голови само беко машини за перење нон стоп само браво сок нон стоп само бел леб од 30ден и никој друг нон стоп само Дивела и Роса но стоп само Чипси чипс, ностоп само млеко битолско, не бе не сакам да бидам ист менталитет со тие луѓе, недај боже нешто различно да купат ќе штрчат Тито ќе стане ќе ги тепа зашто земаат поразлично од другите.. Јас купувам тоа што не го купуваат другите бидејќи си имам своја креативност и не сакам да бидам како под лењир ист како сите.. Иначе еве тие макароните од Тинекс преска не ми текна на името.. Ама можеш сите да ги пробаш не се само Дивела на светот... А иначе земам Грчка леќа и грчки ориз во Веро кој е од по чисто подрачје и се по убави на вкус
Тоа што ти го купуваш не значи дека е подобро од тоа што го купуваат другите, во прашање се вкусови, а често пати и рекламата си го прави своето.
Тоа да, ама зборам и ставам акцент на пример за леб и кажувам дека тој 30 денари е неквалитетен, и тие кисели млека од 20 денари
Супер братче убаво викаш, топ. Туку стандардот и куповната моќ коа ќе ни ја покачат, шо викаат? Ако имаш некое инфо сподели со сите плиз. Лелеј човече кај тебе комплекси тешки се у прашање. Посебна снегулка си и од тоа си патиш. Не читам даље пошо ептен почна да ругаш. Од Роса и Дивела ти трауми си имаш бе чоек, кошмар ти се. А ја мислев завршивме веќе, ете спомнавме сок, леб, јогурт, кисело млеко, макарони, ок е. Фала ти за предлозите што ги прати. Ама нели немаше веќе да го тупиш? Сам така рече. И офтопик си цело време. Отвори тема некоја за ова или најди ако има па ќе дебатираш таму.
Госпоѓице со стил Свислион Таково што си навредена јас не почнав дебата туку одма се навредија од млеката од Џевахир.. Значи ако не го сакам тоа одма се вреѓаш ама не си прва познато ми е, кога ме нудат негде и кога одбивам се вреѓаат и тие.. Ако
А ти сфаќаш дека тоа што народ не купува од макарониве е пошто нема толку бе дечко? Инаку во што се поарни макарониве? Од златно брашно се прават?
Абе во прашање е чип и едноумие не е заради пари не е само за Макарони општо сите земаат Дивела Чипси чипс Роса Битолско и Нектар сокови, бели лебови диме и жито лукс, Макс и Полар велосипеди, проблемот не е заради цената ама заради што не даваат шанса на некој нов производ што ќе дојде 5000 врсти на макарони да има тие пак Дивела ќе земат... Немаат мерак да пробаат нешто ново како да се роботи... И затоа се нервирам зашто тука не доаѓа ништо ново, и тие што имаат пари се исти, има ајфон 15 се прави со шминка со дигната глава како да не е од тука, пак од 30 ден денари јаде леб (кора воздух и боја состав) , и општо генерално треба со закон што за жал го нема и нема да го има оваа бижутерија од храна тука да се забрани и да се постави законски стандарди на квалитет, а не со глуфци во замрзнат зеленчук во Кам, и пикавци во сончоглед итн
Пошто цело време ги споменуваш Дивела макароните, јас не јадам макарони па не знам да проценам некоја разлика меѓу различни видови, па ме интересира што се толку лоши Дивела? Мене сите макарони горе долу исти ми се, ама ако некој купи дивела на здравје нека му е, што е еве Дивелата полоша, па да не треба да ја купуваат луѓето? Нутритивни вредности ретко кој чита, а и тие што се на диета би читале само калории, т.е. ако се на диета многу веројатно дека не ни јадат макарони.
Нека купуваат само дивела како што и прават и маркетите други макарони да не носат и сите други Макарони да се тргнат од рафтовите... Плус сега на Изборите нека гласаат за Дуи и Дуи е добра европска партија како и Дивела ака Даути комерц... Не е за дивелата работата а лицемерието и едноумието
Да не се двоиме од чипот еве сега од Џевахир купивме кафе зејтин и таково... Овие некои нови брендови со светски квалитет и убав стил ме обзема како пензионер се чувствувам
А мислиш дека сите што купуваат од Дивела знаат дека се на даути? Пола од купувачите не знаат ни што е тоа Даути. Инаку, еве и јас можеби не за макарони, ама за други работи ако ми се бендиса нешто ќе продолжам да го купувам само тоа. На пример, франк крема турско кафе, само од него купувам, а е далеку од најефтино, не ми е гајле дали е хрватско или македонско, не знам ни кој е дистрибутер, ми се допаднало мене и тоа ќе го земам, иако има други кафиња исто ко што има други макарони освен дивела. Spoiler
Не си ме читала предходните мислења ќе треба да се повторувам и да излегувам од темата ама ако има некоја тема за оваа тема посочете ми... Епа тоа е проблемот што не се интересираат... И затоа нај лоша храна има тука и цел живот една иста секако нискобуџетна и поскапа тоа е проблемот што се рамнодушни што е важно какво е важно да се јаде ако е цел живот истото и има милион производи што не ги носат а се поквалитетни ама во тој случај профитот ќе се намали за маркетите.. Кипер е институција и нивото на овој народ
Замисли да ти е толку досадно у животот да мислиш дека треба масовно да се бојкотираат маркетите за да донесат повеќе странски брендови. Ако ти е за квалитет на храна, збори за нутритивните вредности. Соленка е ѓубре како и да е чинела 10 денари или 110. Едно е да ти е здосадено од едниот те ист избор цел живот, друго е да збориш за квалитетна исхрана и здравје. До некаде и разбирам што сакаш да кажеш, секако без егоистичката перспектива кај што ги хејташ луѓето што немаат пари, како да не сакаат подобро да си купат. Мислам и еднаш пишував на оваа тема поодамна кога имаше уште помал избор, дека ми е здосадено цел живот да бираш меѓу кока кола, фанта и спрајт, или меѓу сникерс и марс. Затоа обожавам да одам по маркети кога шетам надвор од државава. Нормално дека нема да увезуваат кој знае што у државава кога стандардот е ултра низок, ете ти ги за пример такис и прајм. Кој ќе ти купува мини чипсче за 350 денари, глупоќа на квадрат.
Јас колку што разбрав во овој мол сакаат да донесат некои турски брендови, за разлика од оние турски што веќе ги имаме кај нас и од оние кои ги носи fashion group (преку Србија). Останува да видиме дали ќе е така, искрено се надевам дека ќе биде така. Сите сакаме да имаме повеќе избор. Мислам дека од долгиве пишуванки наназад и несогласувања, тоа на сите им е заедничко.