уффф, да си ми жива и здрава!!!! поради истата причина ја мразам и неа, а и сите како неа!!! и никогаш нема да го сменам мислењето за таквите луѓе!!!!Tреда да си суров, за да имаш срце да носиш крзно, а притоа да знаеш дека некое животинче било дерено на живо
Кога бев помала многу ја сакав, сега ја почитувам доволно за да изгледам некој нејзин филм Добра глумица е женава. И има прекрасно тело... И конечно си најде маж што и одговара
Сега ја заслушнав т.е. ја „видов“ нејзината последна песна со Питбул и велам ајде да шкртнам збор два за оваа жена. Ме иритира, отсекогаш ме иритирала како појава. Ајде да речеме како глумица ја „јадам“ во некои филмови, поседува талент за глума, но како музичар - јок! Има ептен малку нумери, дали вкупно две, кои ми се допаѓаат и можам да ги измрдам онака поштено во клуб. Останатото ми е повеќе од просечно, mainstream, здодевно, веќе видено. Се вози на нечија туѓа слава, глуми хип хоперка, обична девојка од Бронкс а од друга страна прави екстремно долги фотосесии заради тоа што како што читав, е опседната со перфекција и беспрекорност во изглед, пред концерти има смешно претерани побарувачки од стилот на М&Мс од сите бои но да се поделени така што во секоја чинија ќе има посебна боја, и нема проблем да носи крзна заради кои се убиле стотици чинчили и други мили животинчиња А јас крзна мразам и се ежам кога ќе ги видам. Порано си чував чинчила, и ги затварав очите пред оваа Џеј Ло, мајке ми (а чинчилите обожаваат да гледаат ТВ) Па сега, во склоп на муабетов, Џеј, или си од Порторико, или си од Бронкс? Или си обична или си creme de la creme? И последната песна повторно ми докажува дека прави сепак музика за да се допадне на најшироката јавност и да заработи по некој денар разбирај - милионче вишок. А искрено веќе ми се лоши од сите Питбуловци, правење песни по нарачка, тупцс тупцс звуци измешани со стари хитови како Ламбада, ако тргнам од последниот хит. Убава е, алал да и е за тоа како прекрасно е облечена скоро секогаш, но за музичар баш ова и не ми се некои мерила на квалитет. За уметник уште помалку. Така да ја би да сменам радио или телевизиски канал секогаш кога ја гледам. Што да правам. Можеби онака физички, како фаца, не ми пречи толку, но целиот нејзин attitude ужасно ми стапнува на живец
Браво, Пирамидче и јас полудев кога ги чув со Питбулот како направиле денс-верзија на Ламбада, а песничето баш ми буди носталгични воздишки насочени кон детството и тие лелеави сукњички. Џени фром д блок остава таков некој помешан впечаток за себе бидејќи игра многу улоги кои се контрадикторни една на друга - сака да е дама и девојка од маалото, сака да пее, денса и глуми итн. И на крајот се создава еден контра ефект трудејќи се да биде добра во се‘ потфрла и онаму каде што е донекаде добра. За мене таа поседува повеќе танчерски квалитети него гласовен потенцијал, ама па и песничките и се повеќето лесни, така да ќе и прогледам низ прсти што барем не се труди да ни сервира, барем засега некоја песна што пример само Мараја Кери, Витни Хјустон, Селин Дион или Кристина Агилера би ја отпеале квалитетно, а таа само со фејк плеј-бек би се вадела и никако на лајф-концерти не би ја извела. А за телото немам забелешки, гардеробата е воглавно океј, ама оној расцепен модел кој го имаше кога беше во врска со Пи-Диди уште ми е кошмар пред очи . И јас не сакам „крзнарки„ ме потсетуваат на начинот на кој се добива крзното и цела одвратност на постапката и нека се најскапи, мене ми се најевтини и најниски луѓето кои ги носат. Па и некаде слушнав како само за еден настап плаќала над 1.000 долари за премачкување на телото со некои посебни минерали за добивање посебен сјај и дека имала ептен претерани барања каде што престојувала. Секоја претераност не чини, а умисленоста е резултат на плиткост, која ни сјајот на сите дијаманти на светов не ја надминува и заслепува. Ши‘с стил Џени фром д блок...
Јас многу не ја следам веќе неа. Постарите песни по ми се допаѓаат од неа, а сметам дека поубаво глуми отколку што пее. Од стилот самокрзното не ми се допаѓа. Како појава жената си е супер инаку.
Леле новиов спот ептен неубав ми е, некако правен по шаблон, па и на почетокот колку нападно се потенцира БМВ и Сваровски, ужас. Барем да имало повеќе народ во клубот, вака ко приватна журка ептен е пусто, некако не ми е убав празен ми изгледа спотот и без душа, а и нема хемија меѓу неа и Пит Бул, ама кој би имал хемија со таа наказа, не знам бре, јас ја слушам песнава, ама сега го погледнав спотот и - не ми е убав! сега си го препрочитувам постот пред да го пратам и гледам од него вришти фразата не ми е убав , па вие проценете кои се моите првични мисли по гледањето на спотот
http://www.youtube.com/watch?v=HUQtfeJtTNg http://www.youtube.com/watch?v=l1CbL1Vxjzw http://www.youtube.com/watch?v=t4H_Zoh7G5A
Никогаш ја немам слушано нешто посебно. Има неколку песни од неа кои ми се допаѓаат, но на тоа останува. http://www.youtube.com/watch?v=3nfxXVT8_8A http://www.youtube.com/watch?v=NVf_cyo_5DA (Една од нејзините најубави песни кои ги имам слушнато)
Сега нешто не ја пратам а ја слушав доста во моите тинејџерски години и одсекогаш ми се допаѓале нејзините песни и тоа како изгледа! И ги сакам старите хитови од кои поомилени ми беа: http://www.youtube.com/watch?v=GSLSwwkLRW0 http://www.youtube.com/watch?v=VAfSuuPM ... ure=relmfu http://www.youtube.com/watch?v=LzX23qVqyJg http://www.youtube.com/watch?v=B_NQn-DL ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=jWumCeF2o3k
Џеј Ло повторно владее со сцената. После големиот успех на синглот On the Floor, атрактивната пејачка се појави со нов сингл од албумот Love кој ќе се... ...најде во продажба на 29 април. Слушнете го “Papi”! http://www.youtube.com/watch?v=-y4vMlrR ... r_embedded Според мене имала и подобри песнички има добар ритам песнава но ова не е најдоброто од неа.
Ова е новата песна на Јенифер Лопез со Лил Вејн - I'm into you. Мене песната многу ми се допадна http://www.youtube.com/watch?v=7d82tnCpMow
Леле значи преубава ми е И лезбејка ми станала за нејзе,мајке ми Секогаш ми е преубаво облечена,и нашминкана..И косата и е прекрасна! Повеќе ја поштувам како глумица.Мада има интересни песни ама не се мастерпис ,реално ни некогашните ни сегашните
Ја обожавам!!! Нема никаква мана на неа, никаква утка Секогаш е тип топ скоцкана, од убава поубава, прекрасна е! Една од најубавите жени во светот и дефинитивно една од ретките ѕвезди што и без шминка на нив изгледаат убаво. За стилот и модата и нема рамен, секогаш е средена, во секоја пригода изгледа прекрасно. Многу ми се допаѓа што никогаш не е нападно нашминкана, туку секогаш изгледа многу природно и свежо. Се има докажано и како пејачка и како актерка, супер е во се што прави.
Јас со америкаснкиот идол многу ја засакав. Многу е природна некако, толку се приврзува и плаче и се смее со нив. Реална, приземјена. Срцка ми е.
ја засакав од стартот ! омилени песни J.lo ft Ja rule-I'm real J.lo ft Marc Anthony-No me ames Ft. LL cool J-Control myself ft. LL cool J-All I have...
http://tocka.com.mk/index19.php?ID=39097 ВИДЕО: Џеј Ло во прегратките на 'мексиканскиот Бред Пит' Кога пред 12 години го сними спотот за песната "If You Had My Love", Џенифер Лопез стана една од најпривлечните жени во светот, а на снимањето на новиот спот докажала дека сеуште го заслужува тој статус. Жената која од магазинот People беше прогласена за најубава жена во светот, уште еднаш го истакнала својот сексапил во сензуалните сцени снимени на плажа во прегратка на "мексиканскиот Бред Пит", на снимањето на спотот за новата песна "I’m Into You". Иако има 41 година, изгледа како времето да застанало за Џеј Ло. Тоа го докажуваат и сликите од снимањето на сцените со 11 години помладиот разголен заводник од сапуниците. Станува збор за 30 годишниот Вилијам Леви кој сигурно предизвикал љубомора кај сопругот на пејачката, Марк Ентони. Глумецот со кубанско потекло, кој го нарекуваат "мексиканскиот Бред Пит", бил воодушевен од соработката со Џенифер Лопез. "Прекрасно беше, се забавував. Убаво е да се види дека некој толку славен е приземјен и притоа многу забавен" - изјавил Леви. http://www.youtube.com/watch?feature=pl ... hwiTGz5U4g
http://www.youtube.com/watch?v=ECrZFE7a ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=pHvWx5gz ... re=related песни од новиот албум на jenifer посебно првата ми се допаѓа многу
Ова е спотот на новата песна „I'm into You“ Во спотот се појавува Вилијам Леви - „Мексиканскиот Бред Пит“ кој ни е познат од теленовелите. Мене многу ми се допаѓа песната, а и спотот е одличен http://www.youtube.com/watch?v=IgLcQmlN ... ded#at=145