http://www.crnobelo.com/zivot/shou-biznis-i-trac/9103-j-lo-na-ukrainska-svadba Бетер од Цеца, певаљка. Море ајт! И требаат изгледа пари за разводов па собира кај стигне. И како после да ја почитувам?! Јок. Ме интересира за свадбата на Хатиџе и Бајрам од Шутка колку треба да и се плати за да дојде. Само за сватот, само за сваќата Џеј Ло о о - оф оф оф!
Ја сакам бе! Се разликува и има харизма. Само малце ме чачна ова за свадбава, не и е дојдено до пари до толку бре
Епа тогаш најверојатно се работи за art for art's sake или овие и се втори братучеди од Украина, па им дала попуст за пеење - или и е дојдено до пари Се шалам, ај нема више да мрчам на темава. Си ги кажав причините зошто ми е апла несимпатична женава и доста е. (леле треба да отворам тема за некој што го сакам да може да ми вратите за мрчењево)
Гледам никој не и го сака Марк Ентони.. Јас ги обожавам и двајцата! Не ја слушам ЏејЛо од причина што не слушам таква музика. Имам гледано неколку филмови со неа и многу ми се допаѓа, секогаш е прекрасна, мила, убава, згоооооооооодна, има нежен глас, не многу силен за пеење, но техниката прави чуда. Е сега сопругот- кој наскоро ќе стане и екс, го сакам многу. Ми беа многу убав пар, не дека тој е нешто посебно убав на фаца, ама има шарм. Жал ми е што се разведуваат..
Се осеќам осамено и чудно, ко некое фрикче, само јас и давам свежина на темата Ама како не ја сакате бре? Зошто? Последниот настап на AMA и беше врв, ептен восхитено го гледав, прејако- ги крена сите, па и пенисот на Питбул (кој, патем, ако не е местенка располага со дебел голем алат , па може да се вади на тоа, кога веќе стварно личи на питбул ) Јако во секој случај http://www.youtube.com/watch?v=9fGwjT7_dys
Има убави песнички,онака певливи и разиграни ама таа никогаш не ми се допаѓала.Некако отсекогаш ми била одвратна и арогантно ми делува.А за убава - па секој со три тона шминка,екстензии и фотошоп ќе биде убав.Еве,ако не сте ја гледале во "Девојката од Њу Џерзи" како изгледа таму без целата таа сценска облека и шминка. Не е грозна но е далеку од секс-симбол и совршена жена Талент за глума - просечен,глас - потпросечен.
Не ја обожавам премногу, ама симпатична ми е. Сепак на настапот на АМА ме воодушеви. Боже кое тело го вади на 42 години и со близнаци родени. И како само играше!!! Секоја и чест. Е сега точно има пари и може да си дозволи нутриционисти и треери и чуда ама убава е бе. Уште кога излезе со тоа гзето ми се допадна зашто беше природна и женствена. Глас некој нема посебен, глума , може да помине ама убавина кога и делел господ се заборавил кај неа.
каква Анџелина Џоли, костур на батерии. Како неухрената. Ужас!! Џенифер бре личи на жена со све на неа.
И јас си ја сакам,има убави песни!И алал да и е за настапите Посебно овој од Сесилија што е ставен(Сеси да,баш се познава Ехееее ) Па како нема кога е убава,г**от и е толкав,ама среден,во топ форма е! И филмовите нејзини ми се убави,има сеа неки нови клинци шо полошо глумат од неа,а ги прават светски славни,а се ТАка да супер ми е!
Многу ми е мило што се врати назад. Се гледа дека страшно многу вложува во работата и на 40 години е се уште слушана и популарна. Ретко кој после долга пауза успеал да си ја задржи популарноста од порано, па и да ја надмине Се ми се чини дека Марк Ентони и бранел да работи, откако се вклучи во Американски Идол они се разведоа и оттогаш се врати на сцената.
Мене Џеј Ло ми е секси, секогаш супер скоцкана, преубаво изгледа и се држи за нејзини 40 години, а вкусот и е flawless. Ми има многу убави облини, фацката и е мила и нежна, харизматична ми е, има преубава насмевка. Танцува одлично, пее сосем просечно, ни подобро, ни полошо од многу други ѕвездички. Пријатна ми е за око и уво и знае да направи убаво шоу. Е сега... што си има некои бубачки, како на пример да најмуваш луѓе за да ги менуваат етикетите на алиштата и наместо конфекциското бројче 6, да ти зашивуваат бројче 4, тоа си е проблем и бајаги голем... а да, се вика суета. Жената си е амбициозна и горделива и суетна и самобендисана, ама и се може бе! Напорно работи и преубаво изгледа. Старите песни ми се многу убави, омилени ми се I'm gonna be alright, Waiting for tonight, Play, I'm Real, Love don't cost a thing... а најубава во Get right. Во тој спот е бомба! Новите песни и се глупави и малоумни, спотовите уште поглупави, жената се уназадува. Треба конечно да си изгради сериозен став и да не избира досадни лимонатки за пеење. Не ја слушам како порано, но не ме иритира. Само нека прави и пее поубави песни. Papi.... On the floor ... тоа е навреда за слушатели дефинитивно. Ужасни се песниве.
Јас порано често ја слушав, заедно со Шакира.Сега не ја слушам често, не ја сакам, иако ми беше една од омилените пејачки, сега ми е многу извештачена, а далеку од природна.Таа дека успеала, тоа не го негирам, а што нормално дека ќе успее, бидејки верува во себе и во своите можности, затоа и успева, додека за тоа што совршено изгледа, има убаво тело, а секако тоа зависи од самата конструкција.Значи сакам да кажам, внимава на себе си, во тој поглед, ја разбирам потполно јасно ми е кога станува збор за вежбање, облини секој може само треба упорност.А тоа е она што дополнително ја прави да биде совршена, дека пее убаво, може да се рече, нема некои гласовни можности, за човек да биде фасциниран.Но и самата слава си го прави своето, затоа и е популарна.
Порано ич не ја сакав, вака ко појава, за музиката нема да коментирам затоа што не ја слушам баш и не е мој стил така да не е мое да коментирам. Ама сега, не знам дали е до мене или навистина е така, но како што старее се поубава и посекси ми е.. Знам дека и стилот зависно од периодот игра улога, но еве пример.. Прекрасна е сега..
Дефинитивно е и преубава, и премногу секси. Одличен стил... Прекрасно танцува. Нема сомневање дека изгледа фантастично за нејзините години. За гласот нема да коментирам многу, сосема и е просечен, но има добри песни-особено постарите. Новиве ми се некако досадни, нема ништо оригинално и впечатливо во нив. Како и да е, еве ги моите омилени http://www.youtube.com/watch?v=dly6p4Fu5TE&ob=av3e http://www.youtube.com/watch?v=lYfkl-HX ... re=related