Можел да се спреми повеќе со говорот на англиски, трагичен му е. http://www.youtube.com/watch?v=G5xPQyGvzqg
Џеј Ло не старее. Вистинска дива. Знае и да пее (реткост) г, Одлично танцува, комуницара со публиката. За изгледед ќе биде сувишно што и да кажам
Џеј Ло не старее. Вистинска дива. Знае и да пее (реткост) г, Одлично танцува, комуницара со публиката. За изгледед ќе биде сувишно што и да кажам
Прекрасни песни има Џенифер Лопез. Уживам кога ги слушам. Најомилена песна ми е оваа. http://www.youtube.com/watch?v=GSLSwwkLRW0
Новата песна воопшто не ми се допаѓа, ме заболе главата од напор да ја дослушам до крај, одвај издржав. А сега го гледав спотот, исто не ми се допаѓа. http://www.youtube.com/watch?v=BofL1Aai ... e=youtu.be Дислајк од мене.
Џени треба да ја крене рачната. Ја претера со песниве. Од што сакаат што повеќе песни да извадат, веќе не знаат ни што пласираат
За никаде и е новата! И од овој Питбул ми се скурчи веќе, во секоја можна песна. Жити раперот што не е, со два-три исти збора во секоја песна. Dale, Miss world way или што и да кажува . Напорен е, мајке ми . Имаше Џенифер порано далеко поубави песни, нема ни споредба.
Ја обожавам женава е бомба толку убава и секси на 43 години а изгледа ко 30 годишна па и помалку и ги сакам сите песни
Во последниве години не вади толку добри хитови како порано, па во име на старите добри времиња, синоќа си го изгледав концертот што го направи во Порторико пред повеќе од 10 години. Памтам дека порано многу го даваа на МТМ и секогаш си го гледав, затоа што е предобар. Се гледа дека внимавала на секој детал, од гардероба, фризура, шминка, кореографии, оркестар, придружни вокали, се си е како што треба. Па и не се познава дека пее во живо бре, алал да и е! http://www.youtube.com/watch?v=O3mDZRr_k2Q
Море арно ја нема во последно време, зашто смачено ми е од оние нејзини летни глупави хитови со два реда текст придружени од брмчењето на Питбул.