Што мислите за џентлменството денес, како е променето од порано според вас и дали се уште постои? Многу навики кои џентлмените претходно ги имале, исчезнале. Повеќето од жените изјавиле дека мажите повеќе не им ги отвораат ниту затвораат вратите од автомобилите, а повеќе од третина никогаш не доживеале мажот да ги запраша за танц. Еве некои од џентлменските навики: Отворање и затворање врата на автомобил - Ставање гориво во автомобилот на дамата Плаќање вечера - Готвење импресивно јадење Влечење на стол дамата да седне - Фрлање ѓубре Носење на нејзината чанта - Дозвола да гледа турска серија Шетање со неа - Грижење за неа кога е болна Поканување на состаонк - Носење чај во кревет наутро Купување подароци и честитки - Испраќање романтични пораки Сега се прашувам дали денес девојките гo почитуваат џентлменското однесување?
Незнам во минатото но денес џентламените се помалку постојат.Како оди уште малку и за изумрен род ќе ги прогласат.Дури е чудно некој така да се однесува ,за жал.Денешниве момци се прчат до тој степен што дури им е срам некој да ѓи нарече џентламен.Се филмат дека сите девојки ги сакат бед момците.Се разбира дека ѓи ценам џентламените.Поздрав до нив и да не се менуват да останат такви какви што се.
Какви женски, такви машки. Ниту жените не се дами, за да има џентлмени. Е сега, штета за тие девојки што се попримерни да речам, и се однесуваат како дами во вистинска смисла на зборот. Искрено, многу би сакала дечко ми да е ваков. Не во целост нели, ама да е културен да речеме. Нема потреба да ми ја плаќа вечерата, ама би било убаво да знае да готви. Купувањето подароци не е потребно, може НЕКОГАШ мал, ситен, чисто колку да ми даде до знаење дека мисли и се грижи за мене. Работата е во тоа да почувствуваме дека сме со вистински маж, а не со незрело детиште.
мислам дека ги има ама не се во голем број. исто важи и за дами кои ги има али и тие не се во голем број. се надевам ке се најдат заедно и дамите и џентламените па така ке си бидат супер заедно,бидејки е теско кога мажот е џентламен а жената не е е или обратно жената е вистинска дама а мажот е некој онака..........
Не знам зошто но си мислам дека џентлмените полека, но сигурно, „изумираат“ од ден на ден. Дури и тие што ги има во мал процент не се тоа што биле во минатото. Жално, многу жално, се мислат дека ако се мангупи што си играат со девојчињата дека ќе бидат повеќе сакани. Ми се лоши од такви. А да не ги спомнувам тие машки што се угледуваат на девојчињата и се повеќе наликуваат на нив. И после во иднина ај склопи брак со некој таков. Имам многу да зборам за оваа тема, но ќе нема крај. Со еден збор машките може да ги нарече како сакаме, но само не џентлмени.
Џентлмени нема. Како што нема ни дами. Тоа постоело во некое време пред сексуалната револуција. Денеска женските од машките бараат или очекуваат да се однесуваат како џентлмени ама ни тие самите не се однесуваат како дами, така да беспретметно е да се разговара. Ако правиме муабет за добар манир, тоа е пак, башка муабет. Добриот манир се менува со годините и со локацијата и ми се чини дека е стварно чудно во оваа средина машкото да трча и да отвара врати од кола и сл. На повеќето женски тоа би им било чудно и претерано. Кон болдираното: WTF ???!!!! No. Just no. И кој џентлмен готвел. Во тоа време тие работи биле и те како поделени и готвењето се сметало за женска работа што и до ден денес дел од нашата балканска култура. Тоа што мене ми е интересно е што има двата пола имаат тотално различни погледи на некои работи кога збориме за добриот манир. Женските очекувања се многу поразлични од она што машките мислат дека се очекува од нив. Има јаз во комуникацијата. На пример: кога сум на доручек, со колешки сум, сфатив дека од мене се очекува да ја побарам сметката, да го викнам дечкото што не` служи, да побарам вода или нешто друго што им е потребно на женските.... итн. Кога еднаш прашав, добро бе зашто секогаш ја треба да го правам ова, одговорот беше, као, па машко си, се знае тоа се очекува од тебе. Прашањето мое е кој одлучува што се очекува од тебе. На пример, за мене е тотално непотребно да и го ставам сокот во чашата на девојката (ако конобарот не го направи тоа). Ја такво нешто не сум правел до пред некоја година. Мораше да научам од искуство дека тоа е всушност лош манир. А од друга страна никоја не прашува како треба да се однесуваат женските. Зашто никој не отвара тема за тоа?
Значи со повеќето се согласувам со вас,за да има џетлмени треба да има дами во вистинска смислам на зборот,убаво беше кажано погоре какви женски такви машки,што значи дека и самите девојки не сакаат џетлмени,би им било чудно некој така да се понаша,според мене не сме на тоа ниво за да бидеме џетлмени и дами,уште многу треба да учиме како треба да се однесуваме и машките и девојките,но мислам дека треба да работиме на тоа,да имаме манири и културни,можеби треба повеќе време,зашто се менуваат генерациите,но за жал све иде на полошо,значи сега за сега ова е научна фантастика.
Зависи како ќе се поставиш. Најмногу зависи од девојчињата.Ако машкото види дека девојката сама себе се почитува и нема да трпи непочитување и глупости од него,ако увиди дека има свои ставови и не е зависна од него,одеднаш овие работи не само што нема да ги гледа како потешкотија или обврска туку со радост ќе ги извршува. И ќе и отвара врата и ќе биде мил и фин. И кај нас девојките е така,ако ни значи некој - се трудиме околу него.
Интересна тема. Но мора да земеме во предвид дека повеќето порано сме биле мали или неродени, па малку е дискутабилно колку може да кажеме за темава. Освен од слушањето на постарите. Какви џентлмени бараме при овие жени? Постојат денес дами? Пристојни, културни, добри жени? Речиси се ретки, преретки. Дури и некое машко да ни направи џентлменски потег, го гледаме накриво. На нас жените денес не ни треба џентлмен. Се можеме и умееме сами. Така барем изгледа. Јас лично многу, ама баш многу го ценам машкото добро, воспитано, културно однесување и сите негови манири. Ама за жал денес во мода се хулигани, разбеснети мажи, со кои ќе си трпите цел живот, ама битно во град е *фаца*. Со денешниот живот, машките не ни знаат дека постои и што е џентлменство, а жените не знаат што значи да се биде дама и жена.
Добро се почесто се спомнуваат лоши дечки,хулиганите биле тие што владеат со девојките,па добро бе,јас каде живеам,зашто јас така не гледам на работиве,и за други работи читам како не е добро да си фин момак као таквите не ги сакаат девојките,изгледа сум паднат од плутон,стварно јас живеам во илузија,во секој случај фала ви што ме освестувате,а јас па зборам за дами и џетлмени,а бе и јас сум за никаде.
Еве мојот овака и се однесува сега можеби не баш често. Макар што понекогаш се лути што сакам префинетост,но тоа го прави да е посладок... Искрено се зависи од двајцата ако таа е префинета и тој ке се прилагоди,доколку таа не го обожава таквото однесување сигурно тој не би се однесувал така.Сепак се зависи од личноста
Vitoмир ич не му се замарај ти живееш во реалноста ,и не се освестувај и не се менувај,ќе најдеш некого кој ќе те цени таков каков што си .Многу им влијаат филмовите ,на денешниве,си мислат дека живеаат во таков свет.Манирите и убавото однесување се учат додека сме малечки,а сите други обиди за истите кога ке се порасне е залудно
Секогаш имало секакви. Порано можеби имало повеќе затоа што потешко било да дојдеш до вниманието на една жена, сеа модерни времиња, други вредности, да не се објаснуеме, живееме во тоа време, јасно ни` е. Мене лично многу ми е поважно да ме почитува и убаво да се однесува со мене, а дали некои ситни гестови како влечење на столче, држење на врата, или предност прва да влезам некаде ќе ги направи, мање-више. Имам праено муабет на форумов дека за такви ствари не ситничарам. Како дел од бонтон надвор од дома изгледа убаво, за почитување и те како почитувам бидејќи е покажување на внимание, но не ми е пресудно.
Убаво кажа Маца, какви жени такви мажи. Но, се сложувам и со тоа дека секаде, секогаш има секакви, не може да се генерализира. Кај нас на Балканов не дека вриело од кавалери, или еве џентлмени како што ги нарекувате, се знае какви се балканските манири, без навреда. Жалосно е што ако некој има добри манири, за повеќето девојки е глупав. А не е глупав оној кој со нив се однесува како најдолно ѓубре, и трчаат по него ко да е последен на светов. Понекогаш си мислам дека женската рамноправност донесе повеќе штета отколку корист. Од друга страна, џабе се добрите манири во јавност, ако дома меѓу четири ѕида се пее друга песна. Мене ми беше неочекувано, да не речам чудно кога мојот сопруг на првата средба ми отвори врата од автомобилот, ми даде предност да влезам во кафулето каде што отидовме на кафе. Мислев дека е тоа само уште еден трик да ме „излаже“, но не, нему му е тоа секојдневие. Ама тој не го прави тоа само со мене, тоа го прави со сите жени во друштвото, според него тие мали гестови и добри манири означуваат почит спрема жените. За него нема разлика дали сме дома или на улица, однесувањето му е исто. (сеа да не испадне дека се фалам, само се надевам дека нема да се промени)
Фактот шо девојчиња паѓаат на текстови од песни во кои буквално ги праат од г***о побезвредни, како пример оние на Слаткар, доволно зборува.
Жалосно е што ако некој има добри манири, за повеќето девојки е глупав. А не е глупав оној кој со нив се однесува како најдолно ѓубре, и трчаат по него ко да е последен на светов. Понекогаш си мислам дека женската рамноправност донесе повеќе штета отколку корист. Многу убаво кажано,крај на муабетот,секоја чест Annath.
Можеби ќе изгледа како да се фалам, ама јас ќе си ја кажам вистината. Мојот маж е прав џентлмен, бидејќи ги исполнува сите наведени манири па и повеќе, освен тоа за турските серии, бидејќи јас никако не гледам такви глупости. На почетокот на врската ми изгледаше чудно, не бев навикната да ми отвара врата од кола, да ме пушта да влезам пред него а пред тоа да ми ја отвори вратата, многу често знае да зготви нешто убаво, особено јас кога немам време,знае да ме изненади со поклон кога најмалку очекувам, знае и да ми свари кафе после ручек , шета со мене, си шопингуваме заедно , никогаш не се однесувал непристојно кон мене, кога сум болна е повеќе од грижлив, и ред други работи. Само тоа со носење на чантата не ми влегува во џентлменски манири, глупаво е на маж ми да му ја дадам мојата кожна елегантна чантичка само поради тоа што мене ми е тешка. И не гледам ништо лошо во тоа ниту засрамувачко, напротив, мислам дека и жената треба да заслужи мажот да се однесува така кон неа. Како жената ќе се постави кон мажот, така ќе и биде вратено. Џентлменството не е некоја појава која треба да се издвои од мажот, бидејќи истата е начин на однесување, кој се стекнува во животот и многу зависи од домашното воспитување, тука родителите ја играат главната улога. Јас на текстовите од Слаткар не гледам така, бидејќи како што реков, каква е девојката, таков и е третманот, а Слаткар во неговите песни ги навредува баш тие девојки што самите се оцрнуваат себеси и паѓаат толку ниско, па од самото станување си повлекуваат низа негативни реакции и третмани од мажите. Тоа се обично спонзоруши кои и те како си го заслужуваат третманот кој е се спротивно на поимот-џентлменство. И мислам дека овде не може да стане збор за пристапот на Слаткар, неговиот пристап и мислење јасно си кажува кон кои е наменет.
Обожавам момци кои се однесуваат културно, кои не се влезени во некој тежок филм глумејќи хулигани, фраеришта, бед-бојс и сл. но се ова мене ова ми е претерано. Убаво е понекогаш машкото да ти даде предност или да ти отвори врата, да те изненади со некој мал подарок, со некоја романтична честитка или да покаже дека се грижи за тебе но носење ташни, плаќање вечери и сл. ми е крајно непотребно. За тоа дека девојките паѓале на лоши момци и дека овие другите ги сметале за глупави е крајно неточно. Напротив, секоја девојка сака да почувствува дека му значи на некогу и да биде третирана како дама. Според мене секогаш момчето кое се однесува културно ја има предноста освен ако станува збор некоја незрела девојка... Што се однесува до дамите и до тоа дали ги има или не - ги има но во мал број исто како овие другиве. За мене е најдобро независно од полот личноста да се однесува културно и да има добри манири а одењето во крајности со овие џентлменски и дамски потези не ми се допаѓа.
Кога девојките ќе почнат да се однесуваат како дами, е можеби тогаш машките ќе бидат џентлмени. Џентлмените не се изумрен вид, едноставно - се се менува. Бараме еднаквост - еве ни. Дечко ми е најголемот џентлмен што го познавам. Ми отвара врати, ми повлекува столови, (макар да јас знам да го зезнам тука некогаш, да си седнам на друг стол ). Па така секогаш кога ме излезени во парови некаде знаат да проговорат девојките на другите, демек ти на мене никогаш така не ми правиш...Е сега, може е до карактер, ама никогаш не би прифатила машко да ми го плаќа превозот. Сепак... пред да почнам да се оддалечувам од темата. Џентлменството е малку преценета работа. Тоа не докажува дека некој те почитува. Почитувањето е далеку поважно. А за тоа дали изумреле џентлмените.... Секојдневно исчезнуваат животински видови, а ние баш за џентлменте се фативме
Морам само да допишам, еднаш на форумов прочитав во една тема - Каква мамка ќе фрлиш, таква риба ќе си извлечеш. Се' е кажано со ова.