Напротив, мислам дека џентлмените не се сè уште стигнати до фазата „изумрен тип“, ами со текот на времето станало доблест за еден маж да се однесува на таков начин, пред сè поради причините наведени во постовите наназад. И освен онаа како се поставуваме спрема некого, така и тој ќе се постави спрема нас (или обратно), мислам дека и домашното воспитување има голем удел во ова, иако можеби минимално, сепак влијае врз оформувањето на тоа некое си размислување во врска со џентлменското однесување. И не можам да ги разберам оние девојки кои се однесуваат да речам арогантно, препотентно и под џентлмен подразбираат само маж кој е подготвен *успешно* да им ги задоволи потребите или да им ја плати пијачката и да ги однесе дома со (фенси) возило и притоа да им ја отвори вратата од автомобилот. Не мили мои, тоа пре би го нарекла „дркање појмова“, него ли да добијам впечаток дека типот е џентлмен или поточно, дека жената сфатила што всушност претставува еден џентлмен. Се менуваат времињата, се менуваат вредностите и како по обичај, сè се извитоперува. ... а јас сум среќна што мојот (и покрај тоа што научи какво криво дрвце можам да бидам понекогаш) сè уште ми отвара врати и ме пушта прва да влезам во ресторан или кафиќ и што се нуди да ми помогне при соблекување/облекување на капутот.
Заклучок не сте многу заинтересирани за џентлмени,туку некој нормален дечко со не баш ептен фини манири,па и кога ке размислам во право сте,да не претеруваме сега никоја не сака толку некој да ги тинтра зашто повеќето од девојките се навикнати со грубо и дрско однесување и тоа останало уште од турско време и ние во крв,башка ние сме балканци,не сме Швеѓани,па ке изиграваме господа,тука тоа не пали,и јас мислам дека бадијала се замарам со ваква тема,кога гледам дека сме далеку од тоа ниво и свесност,нам многу работи ни треба да учиме и да се освестиме во многу работи а не пак за џентлмени и дами да збориме,кога се нема основна култура,тоа е вистината сакал јас да ја прифатам или не.
Манирите се убав украс на тортата, ама што ќе ми е некој што ги применува сите ситници кога дома ме понижува, не ме ни погледнува и после работа не ни прави 2-3 реда муабет со мене. Не ми треба хармонија и слога за пред комшиите и народот, туку дома. Еве лично мм некогаш му текнуваат такви работи и искрено пријатно се изненадувам, си признавам. Но, не е нешто најважно за мене.
Можам да кажам дека кајнас нема џентлмени. Еве од лично искуство. Надвор врне како од кофа, јас натоварена со милион кеси, ташна , лаптоп се враќам од работа, се паркирам на паркинг пред зграда, до мене се паркира млад дечко, мислам колку мене беше. Ме погледна дека се мачам да се справам со чадор, со товар со све и само ми се насмеа и сеирски си отиде во истата зграда каде што влегов јас со рацете во џеб. Што ќе го кошташе да ми помогнеше! Ако ништо друго можеше чадорот да ми го подржи да се средам и да си одам до зграда. Слична случка во Истанбул, само овде не врнеше, ама јас натоварена излегувам од аеродромот да фатам такси да си одам. Само што излегов од врата со количката за багаж, одма двајца млади Турци кои исто доаѓаа од некаде, се стрчаа да ми помогнат да ги ставам торбите во багажникот. Само толку од мене на оваа тема.
Јас па не ни знам дека некој оттука ќе се понуди да ти помогне. Не сме навикнати. Еднаш брат ми виде една натоварена бабичка и и` вика „Да ви помогнам со торбите дури преминете улица“ и пружа рака да ги земе. Оваа коа почна да му се дере „Од вас крадците аир нема, млад си поработи малце, виде во таа торба кесето со пари го ставив, затоа.“ Од толку што нема џентлмени, не сме ни навикнати на такво однесување. Ова не се однесува само за кавалерство и само за мажи на овие простори. Било какво пристојно однесување со кое покажуваш дека си внимателен, во 99% од случаите завршува со осуда и неправедно обвинување и попрво некој ќе те етикетира како лицемери и подлизурко отколку да ти го цени гестот. A искрено јас кога сум натоварена, знаејќи што ме чека, пре се молам на Бога, некој од “кавалерите“ да не ми додаде нешто негово да го поносам. Уште ќе ми рече „Еее мене само рацеве ми се, ти имаш и торба, шо се жалиш“
Сега ако одиме вака со примери има еден куп што не се каваљери,а и неможете и да очекувате дека секој ке ви помогне,тоа е за мене домашно воспитување,ако не е воспитан како што се 99посто од младина,што друго може и да се очекува,затоа реков јас треба да работиме на себе,а не сиери да си фаќаме еден на друг,но ова веќе е друга тема.
Под овој поим јас не го подразбирам само тоа основното, дечкото да ми отвара врата и да ме остава прва да влезам некаде. Јас си го прошируваме малку повеќе. На пример благодарна сум што мојот знае како треба да се однесува со мене/со женско кога сме во друштво или сами. Не само тоа, тој знае како да се однесува џенталменски и со моите што посебно ме радува. Исто така секогаш додека сме на вечера доколку неговото јадење го донесат прво, чека и моето да дојде. Јас најчесто му викам да започне со јадењето, дека тоа не ми е проблем, ама тој си чека. Или приметувам како многу мажи им даваат на своите девојки пари да одат на каса и да платат паркинг. А тие господски си седат во своите количиња. Мојот ова не ми го прави. Тука не зборувам за тоа кој ќе извади пари од џеб да плати, него за моментот што се праќа исклучиво женското до каса! Исто го почитувам и тоа што кога имаме нешто малку за јадење секогаш го остава за мене. И и знае да ми ги бацува дланките . Е на овој гест паѓам целосно.
Не дека џентлмени воопшто нема ама во денешно време се многу поретки. Исто така се сложувам дека големо влијание има домашното воспитување и дека вакви навики се ствараат уште од помала возраст и траат цело време, а не само моментално колку да се импресионира девојката во почеток на врската. Еве го мојот и после години сеуште е кавалер спрема мене ( а би рекла и спрема жените воопшто) и многу си го сакам поради тоа
Е вакви постови како Мила89 ме радуваат,и така треба,џентлмени и дами одат во пакет според мене. Еве го мојот и после години сеуште е кавалер спрема мене ( а би рекла и спрема жените воопшто) и многу си го сакам поради тоа
Пред сите : "Маж/Дечко ми е прав џентлемен , ми отвара врати и све ...." Гледаш вистинската слика дома : "ЖЕНО ! , Садовите нема сами да се измијат " -Ќе ми ја отвориш ли вратата од колата срце ?? "-Господ за што ти дал раце ?" Шала на страна , гледајќи го моето друштво , повеќето имаат добри манири , е сега во зависност од нивната девојќа тие се однесуваат како сељаци или како прави џентлмени ..... Мене мажи и жени и стари лица ме гледаат чудно ако им отворам врата од влезна (во зграда живеам) а не па од кола , кафич или нешто слично ..... Јас отварам врата на велико , еднаш се зезнав да не отворам врата и изгубив 39 секунди кој прв да искочи , а да не губам секунди на тоа и стана навика ... како ли ќе биде за 10-20 год
Ај што со ова? Дечкото мене ми покажува 2-3 убави манири, онака баш џентлменски, и по некое време другар му пред мене му вика: - Прав папучар си станал ! И мојов се изналути, па целата вина ја стави врз мене. А, дечкото немаше врска дека е папучар, туку си беше најкултурен и фин.
А кој рече дека џентлмен е само онај кој е фин и културен спрема својата жена/девојка. Под џентлмен се подразбира маж/дечко кој е обзирен и има манири према сите жени, без разлика дали му е мајка, жена, девојка, сестра, пријателка, познаничка, странец.. Темава не е за да си ги фалиме дечковците/мажите туку општо дали е изумрено џентлмнството како такво во македонијава.
Kaко што се ретки џенталмените, така се поретки се и дамите. Но, не значи дека не постојат. Има жени кои сеуште ги негуваат тие вредности. Се поретко гледам жени кои се културни, со манири. Еве од другарките мои, да земам за пример. Личности кои се токму спротивното од зборот дама. Ај да не речам проста и некултурна...да ти биде срам во чаршија да ја однесеш на кафе, а не пак за рака да ја шеташ?! А мене џенталмен и една девојка како горенаведената не ми се никаква спојка. Често наидуваме на 'фејк' џенталмени. На почеток ти изигрува некој џенталмен, момче со манири, само колку да импресионира девојка. А, после веќе си ја симнува маската. Почит за џенталмените, за оние вистинските. Кои се така воспитани од дома, од мали нозе. Секоја чест и за нивните родители. Има џенталменчиња наоколу, ама не сум сретнала некој кој ќе ме воодушеви. А, баш сакам...
Џентлмен ти е кодекс на однесување кон жените, често подразбира давање предност на жената, бон тон и ситни финтички.И да не ме разберете погрешно, не зборам дека треба да се однесуваме сите како клошари и хардкор фаци, туку едноставно да се однесуваме понормално и поприродно, секој да си биде она што е и да не се замара со одредени правила на однесување. Ме нервира тоа што светов има имплицирано вештачки однос меѓу мажот и жената, нивните меѓусебни позиции и значење начин на живеење и мислам дека сето тоа е заблуда и треба да се ослободиме од тоа. За да се биде џентлмен мора од спротивната страна да има една дама.Се разбира дека подзабораваме како е да се биде вистински џентлмен и немојте да сметате дека не знам што е џентлмен, знам многу да импресионирам со моите џентлменски потези многумина мислат дека се фолирам, дека глумам нешто или од кај знам, ама вистината е сосема поинаку.
Јас сепак би се надоврзал и би рекол дека не е джабе, биди си ти тоа што си биди си џентлмен а таа како сака нека се однесува, сепак на крајот таа губи ти не губиш ништо.
Ретки се. Многу ретки. Се се прават некои мажишта, одма се папучари ако направат некој таков гест. Ама најискрено, и ние не сме многу поарни. Се туку гледам некои девојчишта што се курчат само, фак филингс би а бич, никакво понашање немаат, само се клештат како прв пат да излегле од дома брееј! И се палат на некои кретени што се понашаат најсељачки. За татко ми, можам да речам дека е џентлмен. Секогаш ме пушта да одам пред него, ми отвара врата и слично. Дечко досега таков имав. На почетокот мислев дека само глуми така, ама после увидов дека така си е воспитан и сам ги разбира работите. Но, некој ако сака да се прави многу јак, воспитувај го колку сакаш. Ретко гледам такви луѓе, ама важно е дека ги има. Има луѓе што кога излезат сакаат на луѓе да личат. Можно е да се однесуваат така само кога се во јавност. Мене не ми е толку важно да ми придржува врата, да ми отвара врата од кола, побитно би ми било како ќе се понаша кога сме сами. Ама ова не значи дека треба да ми се глупира кога сме во друштво ида се прави многу јак, а насамо да ми изигрува маченце.
Баш заради тоа не се прават така, демек папучари се одма и сл. СПоред мене можеби има ама тешко, а и погоре спомнале.. за да има џентлменти треба да има и дами.. Ама ретко во ова време ..
Мене секој пат ќеф ми се направи кога ќе видам таков гест од дечко. Ретко се случува денес џентлменски некој да постапи. Такви луѓе посебно ценам, а тоа ако некој каже дека било папучарско тогаш таа личност е со заостанати сфаќања (читај самата е заостаната).