1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Џентлмените некогаш и сега

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од vitomir, 5 март 2013.

  1. Skromna

    Skromna Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2012
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    118
    ,, :^) ,,, мислам дека квалитетот на живеење и вредностите во општеството се многу изменети од минатото па до денес,и нормално е и луѓето,како дамите така и џентлмените да ги снемува полека.. :^) ...
     
  2. mimiiiii

    mimiiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јули 2012
    Пораки:
    2.892
    Допаѓања:
    11.288
    Пол:
    Женски
    Џенталмен се подразбира не само убави манири за девојката , туку и спрема целиот женски род.
    И како тоа ќе процени некој дали е дама или не , ја гледа на улица натоварена и кавалерски е да и помогне .
    Татко ми е таков , со сите жени се однесува со почит и им дава предност . Уште да го видите каков е кога кога ќе рече- повелете мадам :rofl:
    На мајка ми и на мене ни отвара врати , ни трга столчиња , на мајка ми уште и носи цвеќиња.
    Како студенти мајка ми била во многу подобра финасиска состојба од него , ама тој вели дека раката ќе си ја пресечел отколку да дозволел да плати мајка ми . Штедел од стипендија да ја носи на кино. :lol:
    Се сеќавам еднаш брат ми зборуваше на телефон со девојка му дека немал бензин , да се сретнат пешки кај кафичот . А татко ми случајно наслушна и го искара едно убаво , дека ако немал пари ќе оди пешки дома ќе ја пречека па заедно ќе одат во кафич . Дама не се оставало сама да оди :D
    Сепак мислам дека тоа зависи од домашното воспитување.
    И дечко ми е таков , само што тој ми дозволува да плаќам за нас оти ќе има :muscle:
    Во главно мене ми се допаѓаат момците со манири и со почит спрема жените .
    И јас не мислам дека се во изумирање , сеуште има воспитани момци . Скоро секогаш кога сум била натоварена со куфери се наоѓал некој културен младич да помогне ,или да ми отстапи место во редица , да ми отвори врата пред влез . И многу ми е драго што сеуште има вакви момци .
     
    На Tanjamm, Tori1, cresa-jagoda и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. hermosa

    hermosa Популарен член

    Се зачлени на:
    7 декември 2011
    Пораки:
    3.622
    Допаѓања:
    9.024
    Пол:
    Женски
    Aко се гледа реално многу малку џентлемени има по светот,порано имало повеќе кавалери а денес и кон сопствената девојка ако се однесува фино ќе го наречат папучар или недај боже има и девојки кои исмејуваат такви момци.A денеска во денешно време не се знае кој пие кој плаќа,мажите станаа феминизирани :D
     
    На Papillon.Papi му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Natali.3

    Natali.3 Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 септември 2013
    Пораки:
    5.739
    Допаѓања:
    54.596
    Пол:
    Женски
    Како иди времево се помалку и помалку ги има. Исто така ако има девојка го оговараат за тоа дека цело време е со неа (неподносливи се таките пријатели |( ).... па чекајте бре луѓе има време и за вас, ќе го видите, ќе гледате фудбал или било шо и да е, па нормално дека ќе е со нејзе, нормално е дека нејзе ќе и обрни повеќе :* внимание, сепак и вас нема да ве изостави.... Господе каво мислење имаат... |( :)
     
  5. awayfromyou

    awayfromyou Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2012
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    299
    Пол:
    Женски
    МИ ТРЕБА ПОМОШ ! Вака,после толку време,после двегодишна врска,после толку плачење и нервози,ставив крај.Еднаш засекогаш.Запознав друг,после 3 месеци,пишувавме една недела,завчера искочивме,на кафе праeвме муабет.Дечкото е постар од мене три години, толку е културен,се воодушевив од неговиот карактер.Го знам одамна, од пред едно 3-4 год,со братот од мојата другарка се дружи.Вчера пак искочивме,не знам ме фасцинира со карактер,толку зрел,толку културен,толку фин.Не знам... Дали дека од бившиот тоа го немав, беше дете во памет,многу ме повредуваше,а сега сум среќна и тоа многу.И вчера се смувавме,све супер беше,денеска пак искочивме,многу ми е убаво во негово друштво.Ама има еден проблем.Пред 3-4 месеци,раскинал со девојка му со која идел 3 ипол години.Тоа не е мал период и јас не го гушам на таа тема,ама таа дознала за мене и му вртеше прееска,делува дека е сигурен дека нема да се смири со неа,зборевме прееска,смирено ми објасни све.Рече 4-5 месеци поминаа,од како раскинав, не заслужува и упорно ми укажува на тоа дека понатаму ќе биде со мене ако се е во ред. Но има уште еден проблем.На прво видување коа искочивме многу зборувавме,за све и некако немаме сега тема на муабет.Не знам што да напрвам,за да не му биде досадно со мене.Не сакам да го изгубам,почнува да ми значи :) Мил ми е, драг и не сакам да го нема од мојот живот.
     
  6. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ретки се тоа е факт, а тоа не е само затоа што девојките не се дами, туку очигледни ни мајките не се :) Секако дека родителите се тие што треба да го научат синот на убаво однесување и почитување девојки, манири и слично.
    Предност при влегување, помош во незгодна ситуација, убав збор и речник и сл, се ситници што ништо не ги коштаат, а на девојките многу им значат. Не можам да замислам дечко да ме пцуе на шала или во муабет како што има многу примери :tmi:
    На крајот на краиштата, понекогаш и девојката сама може да каже што сака и очекува, ако ја сака и те како ќе послуша :)
     
  7. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.936
    Допаѓања:
    12.591
    Ретки се, некако мажите многу станаа материјалисти, користољубиви итн.
     
  8. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    Џентламените некогаш..што знам најверојатно постоеле.
    Ама денеска момци со културни манири,се' поретко има.
    Искривените општестевени вредности придонесоа манирите да се потценуваат,и момците со вакво однесување да се нарекуваат папучари :^) ,а таканаречените bad boys да бидат повеќе посакувани.
    Искрено,до сега сум немала дечко шо е некултурен,а другари од втората група да,кои се обидувам да ги одбегнувам,од причина што не ми одговара дружбата со нив :D
    Моменталниот партнер ми е делумно џентламен :) Со повод или без причина,знае да му подари цвеќе,да ми каже топол збор,врата секогаш ми отвара :) ,предноста при влегување ми ја препушта :D и такви некои раб.Ама столче никогаш не ми потргнал.
    Понекогаш ми кажува дека бил критикуван од другарите,дека многу папучарски се однесувал.
    Значи денеска џентламентското однесување е маана,а не доблест.
     
  9. Kikka.C19.20

    Kikka.C19.20 Нов член

    Се зачлени на:
    20 ноември 2013
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    22
    Ретко има џентлмен во светов.Ретко се среќаваат :^)
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    13.590
    Допаѓања:
    79.148
    Пол:
    Женски
    За танц ме имаат прашано, врата од автомобил ми имаат отворено, врата од просторија ми имаат отворено, отстапено место за да седнам, во чекање ред ме имаат пуштено пред нив, имаат подигнато нешто што ми паднало итн. Јас не можам да се пожалам дека ги нема џентлмените. За мене тоа е една врста на машки што сеуште постои.
     
  11. MamacitaBuena

    MamacitaBuena Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 април 2017
    Пораки:
    1.449
    Допаѓања:
    25.399
    Пол:
    Женски
    Кои џентлмени сега?Пфф :^)
     
    На Tajnaotrovna и Petar80 им се допаѓа ова.
  12. ilyan

    ilyan Популарен член

    Се зачлени на:
    6 април 2015
    Пораки:
    1.865
    Допаѓања:
    19.428
    Пол:
    Женски
    Има да,ама повеќе од повозрасниве,денешнава младина да речеме матуранти,апсолвенти се страшно невоспитани и некултурни,не сите,лошо е да генерализирам,но поголемиот дел да.
    Е сега сум имала прилика да наидам на џентлмен,како на пример да отвори врата,да ми придржи јакна,да ми отстапи место во бус,да ми подаде ако нешто ми падне и сл.
    Кога бевме дечко и девојка со мм ми отвараше врата од кола,сега се случува само ако е расипана вратата:rofl::lol:или ако ми се зафатени рацете па не можам сама:lol: .
     
    На Petar80 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. elimkd

    elimkd Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 октомври 2012
    Пораки:
    7.935
    Допаѓања:
    48.109
    Пол:
    Женски
    Побрзо ќе најдам детелина со 4 лисја, одколку машко џентлмен
     
    На Tajnaotrovna, Petar80, wanderlust и 2 други им се допаѓа ова.
  14. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Ах, па, во мкд машките деца не се воспитуваат на џентлменство, нема таква традиција. Не дека не се среќаваат мажи кои покажуваат манири кон жените, ги има, ама ретки се. Па ако си барате дечко џентлмен, co среќа во потрагата, тешко да ви се погоди и таков, и да ги исполнува другите критериуми кои сте ги поставиле.
     
  15. Matotheja

    Matotheja Популарен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2017
    Пораки:
    1.208
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    Имаше еден џентлмен во мојот живот, во вистинска смисла на зборот. И мислам дека никој не може да го надмине...
     
    На aleksandra4444 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. aleksandra4444

    aleksandra4444 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 јули 2016
    Пораки:
    188
    Допаѓања:
    292
    Пол:
    Женски
    Има но ретки се.Повеќето се повозрасни а помалите после 18 тешко да знаат како да се однесуват со женските|(
    Имам еден бивш џентлемен во секој можен начин значи беше....Единствено во тоа ми фали,много добро се понашаше:(:!:
     
    На Matotheja му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Queen8

    Queen8 Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2018
    Пораки:
    4.279
    Допаѓања:
    20.712
    Пол:
    Женски
    Факт е дека се’ поретко мажите манифестираат џентлменско однесување и културни манири, за тоа придонесува домашното воспитување, средината во која се оформиле како личност, карактерот и средината во која живеат. Ова последново е баш она исмејувањето од другарите и критикување на културните манири, но добро воспитана личнсот, со цврст карактер и не потпаѓа баш под влијание на некој што е помалку еманципиран и со искривени сфаќања и изгубени вредности.
    Треба вистински да се цени џентлмен во денешно време.
     
    На Lovelybaby<3, Недопирлива5, Aleksandra9999 и 2 други им се допаѓа ова.
  18. Dream-Girl

    Dream-Girl ☀️

    Се зачлени на:
    24 јуни 2013
    Пораки:
    20.123
    Допаѓања:
    195.314
    Пол:
    Женски
    Има, ретки се, но сум запознала неколкумина. :) Може само сум имала среќа да запознаам такви. :D
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  19. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    За џентлмен треба дама,и едно и другото е ретко