Џентлмени

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од Unfaithful18, 22 април 2010.

  1. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    1.067
    Пол:
    Женски
    Дали вашите партнери се џентлмени т.е кавалери ? Ви даваат предност во некои работи, ви отвараат врата, ви местат стол, ви запалуваат цигара? Тука ќе го вметнам и прашањето како ги плаќате сметките на пр. во кафич, на вечери , дали секогаш ги плаќа тој, ја делите сметката или еднаш тој, еднаш вие ?
    Какви се вашите очекувања од партнерите и како сакате да бидете третирани ?
     
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    pa sakam da si e dzentlmen,so maniri i se,no bez preteruvanje.
    decko mi mi otvara vrata, vo restoran mi stava vino vo casa, ne pusam pa nema potreba da mi pali cigara :D , koga sakam nesto plus toj mi naracuva,i sekogas toj plakja, ne mi dozvoluva jas.se na se dzentlmen e.
    sekoja devojka saka da se osekja ubavo,sigurno,zastiteno i pocituvano od partnerot,pa moraat da se trudat da se po malku dzentlmeni.samo moze da dobijat :)
     
  3. violetblue

    violetblue Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2010
    Пораки:
    570
    Допаѓања:
    1.255
    За кавалер тој е кавалер за врати предности , учтивост такви работи и за сметки исто така ама јас најчесто инсистирам да си платам за мене. Е сега не баш претерано до ситници како местење столица, ставање пијалок а и не ми се допаѓа тоа и јас си имам раце :D
     
  4. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    Никогаш не сум плаќал на женска ама баш никогаш и нити сакам да плаќам само поради тоа што е женско ;) не зашо сум скржав или слично туку поради тоа што јас тоа плаќање го сфаќам ко понижување,а секоја нормална и свесна девојка ќе сфати дека со тоа што дечкото плаќа пиење ја понижува самата себе.Како прво со тоа плаќање мажите секогаш сакаат да покажат дека се над жената ,дека мажот е многу побогат од жената материјално ,како што мажите плаќаат за секс така го сфаќам ова и за пиењето.Второ денеска и е пружена шанса да се образува,да работи,да заработува и слично така да може да си го плати пиењето.Кога веќе сакате рамноправност реализирајте си ја во реалноста.Како второ како изгледа тоа од страна човек да гледа ќе помисли оваа девојка е со него само заради пари,а после раскинување кога тогаш дечкото тоа ќе ви го шлапне у фаца дека нонстоп ви плаќал и слично и дека само сте се гребеле од него ;) .Порано жените биле далеку далеку посиромашни материјално не работеле,помалку пари им се давало за трошење за разлика од нивните браќа и дечковци и слично така да мажите секаде ги изведувале и им плаќале но денеска тие работи се сменети така да пробајте да си ги смените и навиките и свеста и да си прилагодите на новите правила ;) .Незнам како да го обајснам но јас кога девојка си плаќа го сфаќам ко принцип на независност и моќност дека таа самата е способна да заработи,а не да се потпира на посилната половина.Можеби звучи глупо но јас така ги гледам работите.
     
  5. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    Boyfromtown нема да коментирам ништо за твојот пост, секој си има право на свое мислење :) само ќе ти кажам дека не треба да патиш од таков комплекс дека ако ја почастиш девојката една пијачка со која делиш се, дека те сака поради парите т.е твојот џеб ;)
    инаку мојот дечко е баш онака културен, на ниво. значи знае кога и каде како да се однесува кон мене, едноставно знае да ме третира како дама :) и баш онака убаво си се чувствувам :$ убаво ми е кога ќе ми отвори врата, ми ја полни чашата со пијачка, прво мене ме прашува што за пиење јадење...ми ја пали цигарата редовно :smoke: едноставно ме прави да се чувствувам во центарот на вниманието :) а што се однесува до плаќањето на сметката, тој плаќа... е сега понекогаш и јас покренувам иницијатви да го почастам, зашто онака ќеиф ми е и заслужува :wasntme: се се прави со компромис нели? ;)
     
    На Vladus му/ѝ се допаѓа ова.
  6. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    А ти фатена си во раце да си платиш или?Тогаш зашто учиш,работиш кога и така може да си седиш дома и дечко ти се да ти подмирува и вечно да плаќа тој и да работи место тебе и да бидеш во центарот на вниманието ;) .Да и да таа девојка ако има осет и чувства самата ќе си се фати за паричникот и ќе си плати.Јас да земам да и плаќам на девојка којашто на приемер зема 40000 денари плата ,а јас 18000 денари.Кај е логиката тука.Што таа девојка е сиромашна,слепа,скитник па неможе тогаш да си го плати пиењето.
     
  7. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    значи мило едноставно со тоа покажуваш дека си џентлмен, како што гласи и темава...а и ако си олицетворение на поимот џентлмен ;) а инаку не работам, сеуште студирам ;) кога ќе почнам да работа цело богатство ќе го трошам на него не се секирај :) а што ако дечкото работи а девојката не :?: како ќе го објасниш тоа? дека дечкото е скржав и дека не сака ни 10 ден да потроши на својата девојка, а зима 40000 плата? како и ти што спомна :)
     
  8. Boyfromtown

    Boyfromtown Нов член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2010
    Пораки:
    411
    Допаѓања:
    90
    А како изгледа тоа да си една џентлменка?И јас би сакал да имам девојка џентлменка ууффф знаеш како и таа да ми плаќа се али денес искрено ретко се наоѓа џентлменка најчесто се џентлмени со дебел џеб ;)
     
  9. 2468

    2468 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 декември 2009
    Пораки:
    4.497
    Допаѓања:
    2.807
    Пол:
    Женски
    џентлмен е вистински маж ;) кој знае да почитува, цени, да вреднува, да сака... :) ти се препозна некаде? :?: а не можеш да бараш џентлменка, ако не си ТИ џентлмен :) едноставно не оди, разбираш? :)
    а тие што патат од таков комплекс дека вистинските девојки, дами... по твое ,,џентлменки,, се само со оние со длабок џеб, се вараш сам себе... :)
     
    На tessie и Vladus им се допаѓа ова.
  10. SpoiledBaby

    SpoiledBaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2010
    Пораки:
    871
    Допаѓања:
    195
    Јас ја имам среќата па имам џентлмен покрај мене а некогаш така ми е криво зошто јас не работам уште одам на школо а он оди и секогаш коаг излегуваме се он плаќа ако земам јас да платам може и да се скараме :D ама џентлмен не значи дека е само ако плаќа нели? има и ред други работи
     
  11. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.284
    boyfromtown ama mene stvarno nekogas voopsto ne mi se jasni tvoite razmisluvanje.iskreno,odnesuvaj se vaka kako sto napisa pogore so nekoja devojka i ne znam sto taa ke misli za tebe i kako ke se oseka.
    nema toa vrska nitu so ramnopravnost niti so nisto,zenite sakaat da imaat maz vo prava smisla na zbor i dzentlmen pokraj sebe,da se osekaat sakano,zastiteno,vozviseno,a toa nema nikakva vrska so ramnopravnosta sto ti ja zboris!
     
  12. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Јас почитувам џентлмени, значи луѓе кои се однесуваат со почит спрема жената...
    мојот свршеник е вистински кавалер, не само спрема мене, туку и спрема другите жени во друштвото, како што впрочем и треба секој вистински маж да се однесува - ми отвора врата од ресторан, од кола, или било каде, ми го придржува палтото кога го облекувам, секогаш имам предност при нарачувањето пиење или јадење, е сега, некогаш тој плаќа кога ќе излеземе,некогаш јас, зависи од пригодата, ама во принцип тој плаќа, бидејќи јас сега засега немам постојана работа, ама не ми пречи да платам кога ќе добијам нешто парички, или пак му купувам некој подарок, нешто што знам дека сака да го има.

    А за бојфромтаун, веќе и не коментирам |(
     
  13. julie77

    julie77 Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 февруари 2010
    Пораки:
    5.548
    Допаѓања:
    19.937
    Џентлменството..не се гледа по тоа кој плаќа а кој не..Џентлменството се гледа во манирите на еден маж и однесувањето на маж кон жена и друштвото кое го опкружува..Толку :!:
     
    На Elena69221 и tessie им се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    11.730
    Допаѓања:
    74.031
    Пол:
    Женски
    Ете така. Кратко и јасно. Толку.
     
  15. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Значи одредени машки не можат ниту да го разберат поимот џентлмен |(
    Според мене тоа е како тој се однесува кога е со тебе, дали пцуе по маса, дали се дере како невоспитан, дали те прашува што воопшто сакаш да пиеш и јадеш, а не само себе да се глееда. Џули и Анатх добро си кажаа.
    Што се однесува до мојот, да, е џентлмен ама во одредени граници, не сакам ни јас толку, не сакам да излезе од кола специјално да ми отвори врата, ама палтото ми го придржува ако има потреба, пијачката ја ставаме и двајцата, некогаш јас, некогаш тој, ама секогаш ме прашува мене прво што сакам, што имам желба да јадам, пијам, каде сакам да одиме и слични ситници од кои секоја жена може да увиди со каков си има фатено работа. И да, скоро секогаш тој плаќа, ама не затоа што сака да се прави важен или незнам ти што, туку затоа што сме долго време во врска и ми вели дека исто тоа како да се заеднички пари, моите да си ги чувам за на факс или да си купам нешто. Никогаш не се ценкаме кој потрошил повеќе или кој на кого му купил подарок.
    Е па Бој, ако веќе така сакаш тогаш најди си некоја богаташка па нека ти плаќа. Тогаш таа ќе биде кавалер во врската.
     
  16. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    17.263
    Допаѓања:
    36.367
    Се согласувам со претходните девојки дека поимот џентлмен е поврзан најмногу со манирите. А да ви кажам право не сум ни приметила дали ми отвора врата или такви некои работи. Ако немам пијачка ќе си ставам нема да чекам он да примети па да стави. А за плаќањето сигурно нема да ја чекаме сметката па да делиме кој што испил. И воопшто не го дискутираме тоа. Ако се фатам јас за новчаникот ќе си платам, ако не он и сл. Или ако он ја плати сметката јас плаќам такси и обратно. Се си е со компромис.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.899
    Допаѓања:
    9.136
    Пол:
    Женски
    Сметам дека џентлмен, како што претходно кажа Кате,дека е поврзано со манирите,да,значи да се однесува како што треба,да знае што зборува,да не пцуе или да се глупира правејки се демек колку е паметен,важен или незнам уште што.Јас лично не сакам некој да ми плаќа сметка,сакам сама да си платам,не сакам да зависам од никого,а па најмалку од дечко,разбирам дека некогаш плаќањето на сметки во одредени случаи треба да биде взаемно,меѓутоа повеќе преферирам сама да си плаќам,затоа што на некој начин се чуствувам како да зависам од него.Според мене девојката треба да си е самостојна,да не зависи од никого,а истото и за дечкото би требало да е,а не да се живее на туѓа сметка цел живот,иако денес повеќето така прават, не сакаат да признаат,но се разбира дека и кога се стапува во брак дури тогаш се случува и се гледа тоа взаемно помагање,а не во врска,иако и во врската го има тоа,ама се ретки случаеви,односно тоа е како игла во сено.Меѓутоа денес на машките и на девојките им е полесно да живеат на туѓа сметка,особено кога се работи за пари,но ништо не е лесно,да би било лесно никој нема да се мачи да заработи за да преживее,па затоа многумина сакаат на лесен начин,па си дозволуваат да зависат од другиот.
     
  18. emce-kremce

    emce-kremce Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    1.161
    Допаѓања:
    91
    ПОТПОЛНО СЕ СОГЛАСУВАМ јас лично никогаш не сум прифатила да ми плаќа некој дечко пијачка или да ми поклонува скапи подароци. Сум имала 2годишна врска во која дечко ми 3 пати ме частел, но со повод, ништо друго не сум прифаќала. Можеби за другите тоа е нелогично, но за мене е сосема во ред и додека имам достоинство и самопочит нема да дозволувам машки да ми плаќаат. Џентламенството не се гледа како матријално средство, туку се гледа од духовен аспект, од тоа како машкото се однесува со девојка во било која ситуација.
     
  19. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.807
    Пол:
    Женски
    Хм...пак сите се фативме за парите и плаќањето. Во ред, еве јас да ви кажам подробно на тоа. За мене ако дечко ми ми плаќа не значи дека е тој кавалер. Ама во мојов случај, тој не студира, работи, има, јас студирам, моите примаат ама не за расфрлање. Е сега јас на почетокот на нашата врска си плаќав се сама. Ама како идеше врската нагоре, мене ми беа се поголеми трошоците, и тој ми велеше дека кога може да се расфрла со пари за глупости, може да оддели и за мене. И се почна со тоа дека кога веќе планира да живее со мене, во ред е да ги нарекува парите заеднички. Така и остана. Ама не тоа што плаќа кавалерство, туку за мене кавалерството од негова страна се гледа во тоа што тој размислува така. Што не е воопшто себичен, ниту пак досега ме навредил демек еве јас ти плаќам. Се извинувам за приказнава која и не е воопшто интеерсна, ама сите се фативме за парите па да објаснам како е кај мене.
    И пак ќе кажам, и да плаќаш и да ти плаќа, не е битно дали кај машкото или пак женското, начинот е битен и дали знае да се цени тоа. Инаку од каде кавалер, ако веднаш зад грб ти рече дека еве ти платив ама сега да те ****.
    Добро, има разлика во врски како мојата, на Анатх(морав да ја посочам, нека ми извини) И врски од два три месеци, кои допрва се развиваат.
    А бе кавалер е ако знае да те цени!
     
  20. bona

    bona Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.592
    Допаѓања:
    255
    :clap: :clap: :clap: bravo kate, maskoto e kavaler ako znae da te ceni, a ne ako ti placa pijalok ... :)

    a decko mi e dzentlmen, mi otvara vrata, mi go pridrzuva paltoto, mene me prasuva prvo sto ke pijam (jadam), ili pak kade da odime, a za smetkite nema da komentiram :lol: