Ај важи и коа ќе ја венчаш,делете си ги работите...ок?!Пошо е независна и заработува сама за себе...свашта... И дај малце разглабај ги од машки аспект,доста си серГеј по темиве,дерман да се немало од душегрижници ко тебе...ич да не секираш,ние умни сме,не сме ретардирани за да не ги разбираме нештата,а ти што имаш чуден концепт за нештата твој проблем,а е проблем.Веројатно јас знам да проценам од кого сакам да примам пијачка,а од кого не.Е џентлменски гест кој не го прифаќам секогаш,но во долга врска тоа станува работа на договор,сега јас,утре ти,но имам другари кои инсистраат да платат затоа што одамна не сме се виделе или за финиот муабет или што знам...иако ретко ми се случува да прифатам частење,сепак го почитувам како гест.Еднаш,на времето,излегов со еден дечко кој ме бркаше долго време и си викам ајде,може добар човек е...да,добар е...јас ја платив целата сметка без пардон.Пошо сум нели,силна,финансиски независна девојка (дали?!). И дај прекини со феминистичко-шовинистички гледања на нештата,апсолутно по сите теми,одамна излезе тоа од мода.Фактите говорат поинаку,биди прагматичен и реален.И веќе кога се фати за заработувањето,плаќале вие или не,сепак сте повеќе платени од жените,така си стојат работите и нема ние што да се удараме у гради.Него реков,тие муабети на друга тема,ќе си отвориме фино лепо и ќе дискутираме пошо гледам омилена ти е. Џентлмени инаку се помалце...ценам маж што отвара врата,што придржува палто,маж кој инсистра да оди на страната од каде што е улицата итн итн...не патам од женски комплекси и сакам да ми се придаде значење,а моето јас суптилно ќе си го истерам,она тврдокорното женско,тоа е тајнта ,а не оние гласните феминистки кои за иронијата да биде поголема,сакаат да ми се дава предност од страна на мажите.Нe се разбираат и самите... Бој чувствувам дека сака садо мазо во кој тој е мазо...
Дечко ми е џентлмен. Кога влегуваме некаде ме пушта да влезам пред него, кога ќе седнеме во кафич ме прашува што ќе пијам, сметките тој ги плаќа почесто (инсистира на тоа). Ретко се случува јас да ги платам сметките, а понекогаш се случува и двајцата да си го платиме тоа што сме го нарачале.
дечко ми е исто џентлмен ми отвара врата,ми пали цигара ми дава предност за повеке работи.Nе се слагам со тоа дека секој треба да си го плати своето,тоа е ствар на договор.Пример јас и дечко ми живееме заедно година дена пред да идеме некаде си се договараме кој ке извади пари или му ги давам моите да стојат кај него тој плака или обратно јас плакам со неговите.Никогаш ама баш никогаш од кога почнавме да живееме заедно не сме гледале на мое твое,кога сум јас искочена пазарам за двајцата за дома што ни треба и обратно.Mожеби и заради тоа функционираме одлично.Aко овој месец мене ми касни плата и немем во моментот плака тој после тоа јас надокнадувам.Забегав малку ама сакав да ви ја објаснам ситуацијата во која се наогам и да покоментирам во врска со плакањето за кое мислам дека нема многу голема улога со џентлменството.Oва е само мое мислење што немора да значи дека сите го подржуваат.
И јас почитувам џентлмени, за жал се сè поретки и поретки. Не знам зошто си мислат ако се прават јаки мажи и ако глумат незаинтересираност дека некоја нормална женска ќе им обрне внимание. Имаше една статија овде на овој сајт токму за ова. Се согласувам дека дел од вината имаат и жените. Но, дел од жените. Јас пример сакам кога некој ќе направи некој гест за мене, не само мојот најмил, туку и непознат кога ќе ја задржи вратата за да излезам. За жал кај нас тоа ретко ќе можеш да го доживееш. Побрзо ќе ти ја пушти пред нос. Во други земји каде што сум имала можност да видам не е така. Дури и во една блиска земја како Бугарија, за која сите имаме ниско мислење, скоро сите мажи имаат џентлменско однесување и повисоко ниво на култура. Плаќањето е само знак на внимание и не очекувам дека секогаш тој треба да плаќа за мене. Но, првиот пат кога ќе излеземе ако ме покани тој, нормално дека очекувам и да плати.
Се согласувам со БлуРоуз, кога веќе се работи за прв состанок, ептен ми е кавалерски да ја плати сметката, иако тоа не значи дека нема јас да понудам пари. Кога се работи за долгогодишна врска, треба да се поделат трошковите.Тоа си е најнормално и најчесно, сега ако е машко, нему не му врнат парите. Денес ќе плати тој, утре јас. Така правиме со дечко ми. За БојФромДТаун нека ми извини, ама мислам дека има излажано дека никогаш нема почастено девојка Не знам зошто тој што плаќа би се правел повеќе над другиот, тоа е гест, и убаво чувство да почастиш некој. И не му требаше тоа што го спореди плаќањето пијачка со плаќањето секс !? Мислам немаат врска овие две работи, а според тебе сега сите ние што кажавме дека прифаќаме частење сме на исто со проститутки !? Полека со навредите „Момче од градот“
Епа дечко ми е џентлмен ДА! Но во работите кои можам да ги смислам. Но тој да ми плаќа ? Аман бе, па може него парите од небо му паѓаат. Многу навалувал да плати некогаш но никогаш не сум си дозволила. Едноставно мразам.
повеќе не можам да се сложам. Џентлмен нема да е џентлмен само пред девојката, и ако и плаќа пијачки. Тој ќе биде џентлемен кон секоја дама, во друштво и во околината.
тие се загрозен вид во изумирање шала на страна , навистина реткост е да сретнеш вистински кавалер , еве јас се гордеам дека "поседувам" уникатен примерок мој си е ,, пред се ме освои со тоа ...што е џентлмен на место
Денес останав изненадена, излегов со еден момак и ми отвори врата од кола, па јас бирав место, па он плати и на крај добив комплименти хаха ко да не беше реално. Ценам некои ситници кои мажите ги прават со што даваат слика дека се џентлемени, меѓутоа не значи дека постојано треба да плаќа. Како и да е се поретки се џентлемените
логично, како и сите припаднички на понежниот пол сакам да сум третирана од страна на џентлмен секако ретки се таквите, еднакво на изумрен вид
Ќе се сложам со мислењето на Boyfromtown, затоа што токму тоа и ќе го пишев. Не се согласувам во целост, но во глобала тоа е тоа. Јас имам џентлмен покрај себе, но не дозволувам да ја плати сметката. Доколку веќе дозволам, тогаш наредниот пат честењето мора да оди на моја сметка, во спротивност јас се наоѓам во непријатна ситуација. Сакам да бидам третирана со нежност, пазливост, но во ниту еден случај нема да дозволам парите да ме стават на понизок ранг од неговиот. Плаќањето на пијачка, такси, вечера и така натаму прави да се чувствувам како да сум безпомошна.
дечкоми е нај големиот џентлмен кој што го знам ми пали цигара, ме донаса дома , не ми дозволува да платам никогаш . ме искличува ми звони тој и многу работи го сакам премногу
Ги има се` помалку и помалку за жал, да ти е страв да посакаш да не излезеш неблагодарна кон она што ти го дава животот. Ги има, ги има, тук там некако преживуваат. Нешто што многу го убива кавалерството на нашиве простори е по мое, свесноста за економската ситуација и стравот дека жената на еден маж би можела да биде голем трошок. Не дека на девојките секогаш им е до частењето туку најчесто е до опседнатоста на мажите со нивните финансии во врска. Дали од дома ги учат така, дали поинтересно им било и повеќе лиги им течеле по некое спонзорувче па кога се изгореле сите жени им станале криви, не знам, но се` повеќе мажи се опседнуваат со нивниот џеб кога се во врска. Имало моменти мислиш на распит си кај Хорејшо не на состанок. Па од околу, па завиено да види колку ти се битни финансии. И на такви им викаш „Извини, баш убаво си помуабетивме но мора да идам. Се слушаме.“ И нормално нити имаш работа, нити убав ти бил муабетот, нити пак ќе иницираш да се слушнете некад во животот. Од таа опседнатост со материјалното, многу мажи заборавија како со манири и однесување на жена да и` покажеш дека е значајна во твојот живот. Почастеното кафе тука е задња рупа на свирали.
Ендемски вид ~ се' поретки се. Среќни се оние девојки кои имаат такви партнери покрај себе, треба да си ги чуваат како очињата.