Џентлмен иде во комбинација со дама... сосема природен состав. Во Македонија секој маж има право да биде Џентлмен.
Има, неможам да кажам дека нема зошто познавам некои кои секогаш кон мене икон било која девојка се однесуваат џентлменски, но ретки се. Поточно, се што е убаво и скапоцено е ретко, како сафирот и дијамантите, бидејки момците џентлмени... се дијаманти
Денес ги има во се помала бројка за жал.Прво џентламенот треба да има однесување,манири,култура и да знае да испочитува една жена,да се однесува со неа како што би се однесувал со неговата мајка или сестра и како што сака некој да се однесува со нив,да не бидат навредени,понижени ,повредени и сл.Па како што знае да отвора врати,да става вино во чаша и слично,така да знае и некогаш да те изненади со утринско кафенце кое тој го подготвил,да ти подари цвет,да ти помогне во кујна.Ама денеска сите си се џентламени,или повеќето го подразбират зборот џентламен како да ти подари нешто скапо или да те чести пијалок.
Убаво си кажа @Prijatelot - Џентлмен иде во комбинација со дама. Запрашајте се малку вие дали сте дами пред да се пожалите дека немало џентлмени Баш обратно е, најчесто тие се жалат дека немало дами туку се само неблагодарни кучки. Мене многу често ми ја задржуваат вратата кога треба да се влезе некаде. Тоа додуша е култура. Партнерите досега и тешки торби ако имам тие ги носеле, сметки тие плаќале (не секогаш бидејќи се лутев на тоа, дечко ми е а не маж па тој да плаќа), еден од нив дури и го земаше сокот и го тураше во чашата наместо мене Ми се има случено да ми отвораат врата од автомобил пред да влезам или излезам. Си има, не се жалам јас.
Ако видите дечко кој отвара врата од кола на девојка.... или му е нова колата илу му е нова девојката Мала шала нели Респект за gentlemen - ите gentle men
Здраво феминки, јас имам проблем или мислам дека имам и преувеличувам.Значи со дечко ми сме 6 месеци на почетокот тој секогаш плаќаше, ретко се случуваше јас да платам а сега последните 2 месеца секогаш плаќаме 50/50 и не знам зошто тоа го сфаќам како навреда.Проблемо е у тоа што тој воопшто нема трошоци и зима плата за разлика од мене што сум невработена, искрено лошо се чувствувам кога не плате за мене со оглед на тоа што се гледаме еден пат у неделата затоа шо од различни градови сме и он секогаш доаѓа да се видеме, ваљда тоа мисли дека му е оправдување.Не сакам да се споредувам со другарките шо се фалат како секад се дечковците им плаќат, не сум материјалист воопшто, туку тука е прашање на гордост зашо глупо е на состанок отидеме и ја целата дотерана нафрцкана цело време смееме се гушкаме и ја си платам.Се мислев дали да го пишам оваа ама многу ме мачеше во последно време зашо он многу е добар, срце и се тоа, е сега џенталменството му е слаба страна очигледно.Треба ми ваш совет да ми бидете гласот на совеста и да ми кажете дали вреди за овоа толку да размислувам и да се нервирам или едноставно да го игнорирам.
Џентлменството не го прави само плаќањето на сметка. Демек тој треба цело време да плаќа и за тебе? Глупости. Кажа и сама, на почетокот плаќал, што е океј. Сега многу нормално дека секој ќе си плаќа за себе. Не ти е спонзор, туку ти е дечко. Убаво би било некогаш и ти да ја платиш сметката. Безврска е и да размислуваш за ова, а не и да кинеш нерви.
Убаво си кажа - мислиш дека имаш проблем а уствари преувеличуваш. Врската не се гради врз основа на материјални нешта, макар тоа да е пијачка/ручек/вечера. Само зошто ти е дечко не значи дека треба да „те издржава“ и да ти плаќа се. Не си ја замарај главата со непотребни глупости, и не ризикувај да си расипеш ако убаво ви оди.
Ти годело на почетокот он да ти плаќа и сега се прашуваш зошто го прави тоа што секој си плаќа засебно. Плати еднаш ти целосно преку сила. Нормално е да си плаќате меѓусебе,нема што да се нервираш.
Фала за советот, искрено и ми олесна затоа шо се надевав дека не е биг дил туку небитна ситница.Само ми требаше мало охрабрување дека во ред е и да ја делеме сметката така да ќе се научам да живеам со тоа.
@pinkberry Во ред е понекогаш едниот да плати, но истотака во ред е да си ги делите сметките. Глупаво е да очекуваш дека само тој да плаќа секогаш, без разлика тоа што е вработен, парите не му растат на дрво. Спомна дека сте од различни градови и тој секогаш е што оди да те посетува, па така тој има патни трошоци, што понекогаш убаво е ако дојде во твојот роден град, почести го ти Тие другарки што ги слушаш, не ти се за пример. Замисли се на местото на твојот дечко, да има до него принцеза што ќе очекува тој секогаш да ја плаќа сметката. Делењето на сметката е и еден вид култура И нема потреба да ја преувеличуваш работата, штом сето друго е во ред, не треба врската да ја расипуваш заради оваа работа
повеќе сакам да се докажам а не само да се фалам, затоа нема да зборам што сум и каков сум, ќе ми извиниш за ова