Џеф Бакли (Jeff Buckley)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од honorthyself, 14 јули 2013.

  1. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    Пред се, сакам да го изразам моето чудење околу тоа како од постоењето на форумов до ден денес не се најде никој, ама баш никој што ќе отвори тема за овој извонреден човек кој често посегнувал по ноти што не постојат или не знаел дека постојат, толку страствен и нежен, со најзаводлив поглед и ангелски глас.

    За жал, починал на 30 години, вечерта кога неговиот бенд пристигнал од Њујорк во Мемфис каде што тој престојувал за да го започнат снимањето на вториот албум "My sweetheart the drunk" кој бил очекуван со нетрпение после огромниот успех на "Grace".

    Кобното пливање кое му го одзело животот се случило во реката "Wolf", а последните зборови кои биле слушнати од него бил текстот на "Whole lotta love" од легендарните Led Zeppelin.
    Неговото безживотно тело било пронајдено неколку дена по исчезнувањето на 29 мај, 1997, а во неговиот организам немало траги од користење било какви наркотични супстанци или алкохол.

    Она што е навистина чудно е тоа што неговиот татко, познатиот музичар Тим Бакли исто така загинал млад, на 28 години, но причината за неговата смрт била дрогата.

    Многу фанови на Џеф веруваат дека тој преку неговите песни си ја предвидел смртта или бил речиси сигурен дека ќе дојде побрзо отколку што нормално се очекува, но исто така снимките од неговите интервјуа, како и дел од текстовите кои не се со романтична содржина упатуваат на тоа дека Џеф бил исклучително мудар човек кој знаел да погледне преку маската на светот, право во очите на вистината.

    Јас со задоволство би продискутирала и би споделила повеќе информации доколку има заинтересирани соговорници, а во меѓувреме препорачувам:

    http://www.youtube.com/watch?v=A3adFWKE9JE
    http://www.youtube.com/watch?v=hXe1jpHPnUs
    http://www.youtube.com/watch?v=EcaxrqhUJ4c
    http://www.youtube.com/watch?v=nrMwgTc69y4
    http://www.youtube.com/watch?v=V1ygFXUe6k4
     
    На Freckles му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Freckles

    Freckles Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    Дефинитивно еден од потценетите музичари, музиката многу изгуби со смртта на Џеф. Со неговиот стил на пеење има изврешно големо влијание и на други пејачи. Таков талент, таков англески глас кој ти пренесува емоции и те тера неговата болка да ја чувствуваш ко своја. Не претерувам кога ќе речам дека имам плачено на песнава без број пати...
    http://www.youtube.com/watch?v=HO0svGjVEP8

    Еве нешто друго од него:
    http://www.youtube.com/watch?v=5PC68rEfF-o

    http://www.youtube.com/watch?v=BtS0rwQK_pI

    Кој е заинтересиран нека ги погледне документарците за него, да го запознае што чудо од човек бил.
     
  3. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    http://vimeo.com/channels/559456/videos

    Ретки видеа од Џеф кои не можат да се најдат по други сајтови (беа постирани на неговата официјална фан страна на фејсбук), а првиот линк е филмот "Greetings from Tim Buckley". Јас го изгледав, нормално актерот нема ниту ронка од шармот на Џеф, а многу фанови коментираат дека приказната е малку филувана, но сепак вреди да се погледне.

    Исто така има и две-три книги напишани за неговиот живот кои за жал не можев да ги најдам онлајн. Ако некој може, нека постира. :)
     
  4. Freckles

    Freckles Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2012
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    9
    O, God, I love you
    And all the past we once knew
    Some other love becomes you
    Whatever else we come to
    I know we could be so happy, baby
    If we wanted to be...

    http://www.youtube.com/watch?v=VGGMYCw2EsM
    Песнава е просто магична!

    Еве што имаат да кажат и другите за Џеф
    http://www.youtube.com/watch?v=uckKE0l0_w8

    Ме обзема тага и мака ми паѓа секогаш кога го слушам.

    Еве и еден цитат од него за музиката:
    Music is endless and even though I've heard a whole bunch of music from so many different places and fallen in love countless times,With all kinds of different music.There's still something about it,I guess it's called Freedom!
     
  5. honorthyself

    honorthyself Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    654
    Допаѓања:
    1.269
    “I was captured by music at a really early age. I was really captured by it. Everything about it. It was my mother… It was my father… It was my play thing. It was my toy. It was the best thing in my life.”

    http://www.youtube.com/watch?v=HZRK9qrF49

    Ах, гласот. Не сум слушнала никогаш во животот ваков глас....

    fall in light,
    fall in light,
    fall in light....
    feel no shame for what you are
    feel no shame for what you are

    http://www.youtube.com/watch?v=e4ohxpv5CQs