Shawn Corey Carter a.k.a. Jay Z, е еден од најуспешните и најпродаваните хип хоп артисти на сите времиња. Не верувам дека постои некој кој не го познава, колку и да не е љубител на мрдање на глави горе – доле, или на хип хоп ритам. Барем како маж на славната Бијонсе. А рака на срце тоа не е најбитното што треба да се знае за него. Линкот за повеќе информации, овде, да не го тупам со предавања извадени од Википедија. http://en.wikipedia.org/wiki/Jay-Z Албуми: • 1996: Reasonable Doubt • 1997: In My Lifetime, Vol. 1 • 1998: Vol. 2... Hard Knock Life • 1999: Vol. 3... Life and Times of S. Carter • 2000: The Dynasty: Roc La Familia • 2001: The Blueprint • 2002: The Blueprint2: The Gift & The Curse • 2003: The Black Album • 2006: Kingdom Come • 2007: American Gangster • 2009: The Blueprint 3 Го слушам и премногу го почитувам. Дека има талент за правење музика, има. Дека има одличен flow и знае да рапува, знае. Дека се што ќе фати претвора во пари, претвора. Дека е интелигентен и дека не му се песните набилдани со излишни и празни вулгаризми, не му се. Омилени песни? Премногу. До ден денес знам да „избаунсувам“ на Can I Get A… , Big Pimpin’, Dirt Off Your Shoulder, Izzo (H.O.V.A.)… The Black Album – ремек дело! А песна која најмногу ме ежи и ми докажува дека човеков вреди е Venus vs. Mars. Еден од најдобрите и најдлабоките рап текстови според мене. Метафора да пукнеш! Игра на зборови каква што долго не сум видела, односно чула. Соработките со другите музичари – беспрекорни. Смисол за хумор – одличен. Впрочем видовме како ги исмеа момците од Oasis (нека пукнат браќава Галагеровци, ама антипатични ми се до му*а). А како настапува во живо? Фантазија. Да не ми речеа дека сум на концерт, и да не ги слушнев сите луѓе кои врескаа, ќе мислев дека се е на плејбек евентуално дека сум во мојата дневна и го слушам некаде на радио. Моќен е во живо, многу моќен. Нискичко, мало човечуле, кое сепак прави големи работи. The C.E.O. of hip hop, сосема заслужено! Според мене. Повелете, ваши коментари за него, па и песни. Јас ќе ве почестам само со по некоја фотка од концертот на кој имав чест да одам пред неколку години за време на неговата последна европска турнеја.
Mногу ми е секси Jay Z еве некои песни од мене омилените http://www.youtube.com/watch?v=LUg7G3CPos0&feature=fvst http://www.youtube.com/watch?v=tnDh0Jhm ... re=related http://www.youtube.com/watch?v=fnke9qWKalY
Пирамида ти љубоморам што си била на концерт. Не го сакам многу, односно не го слушам 24/7, но премногу го почитувам, и кога слушам од него си се вртам во круг почесто. Меѓу омилените песни ми се: American Dreamin’ 99 Problems Show Me What You Got 30 Something December 4th Dead Presidents II Guns & Roses Brooklyn's Finest со B.I.G. Hovi Baby; Во септември здравје, планирам да ја земам Decoded. Ја прелистав, и иако не сум му верен фан сакам и мислам дека вреди да се прочита книгата.
Jay не го слушам баш многу. Единствено ќе постирам песни кои ми се допаѓаат: http://www.youtube.com/watch?v=nnedARQGOPM Спојлер I'm from the murder capital, where we murder for capital Kanyeeze you did it again, you a genius nigga! Kanyee, ma maaan! http://www.youtube.com/watch?v=-pJFdngG1DE Спојлер D'beat sure makes me feel like a nigga xD Savin the best for last! http://www.youtube.com/watch?v=yVA-xTBeHyM http://www.youtube.com/watch?v=0UjsXo9l6I8 Спојлер "I'm in mason..." (DON'T LIKE THAT) !
Ајде малку да истражувам од кај, што, како http://www.youtube.com/watch?v=Xb8T4xIa3o4 http://www.youtube.com/watch?v=tNZ7RZd0nD0
Не го слушам, ни една песна не му знам, освен Empire State of Mind. Сестра ми ја мразе, ама јас за да ја нервирам нон-стоп и’ ја пуштам. Песната ми е преубава, порано многу повеќе ја слушав, по 20 пати во денот, сега не баш толку.