Џеј Зи (Jay Z)

Дискусија во 'Групи и изведувачи' започната од Phyramide, 9 мај 2011.

  1. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
    Shawn Corey Carter a.k.a. Jay Z, е еден од најуспешните и најпродаваните хип хоп артисти на сите времиња.

    Не верувам дека постои некој кој не го познава, колку и да не е љубител на мрдање на глави горе – доле, или на хип хоп ритам. Барем како маж на славната Бијонсе. А рака на срце тоа не е најбитното што треба да се знае за него.

    Линкот за повеќе информации, овде, да не го тупам со предавања извадени од Википедија.
    http://en.wikipedia.org/wiki/Jay-Z

    Албуми:

    1996: Reasonable Doubt
    • 1997: In My Lifetime, Vol. 1
    • 1998: Vol. 2... Hard Knock Life
    • 1999: Vol. 3... Life and Times of S. Carter
    • 2000: The Dynasty: Roc La Familia
    • 2001: The Blueprint
    • 2002: The Blueprint2: The Gift & The Curse
    • 2003: The Black Album
    • 2006: Kingdom Come
    • 2007: American Gangster
    • 2009: The Blueprint 3


    Го слушам и премногу го почитувам. Дека има талент за правење музика, има. Дека има одличен flow и знае да рапува, знае. Дека се што ќе фати претвора во пари, претвора. Дека е интелигентен и дека не му се песните набилдани со излишни и празни вулгаризми, не му се.

    Омилени песни? Премногу. До ден денес знам да „избаунсувам“ на Can I Get A… , Big Pimpin’, Dirt Off Your Shoulder, Izzo (H.O.V.A.)
    The Black Album – ремек дело! А песна која најмногу ме ежи и ми докажува дека човеков вреди е Venus vs. Mars. Еден од најдобрите и најдлабоките рап текстови според мене. Метафора да пукнеш! Игра на зборови каква што долго не сум видела, односно чула.
    Соработките со другите музичари – беспрекорни. Смисол за хумор – одличен. Впрочем видовме како ги исмеа момците од Oasis (нека пукнат браќава Галагеровци, ама антипатични ми се до му*а).

    А како настапува во живо? Фантазија. Да не ми речеа дека сум на концерт, и да не ги слушнев сите луѓе кои врескаа, ќе мислев дека се е на плејбек евентуално дека сум во мојата дневна и го слушам некаде на радио. Моќен е во живо, многу моќен. Нискичко, мало човечуле, кое сепак прави големи работи.
    The C.E.O. of hip hop, сосема заслужено! Според мене.

    Повелете, ваши коментари за него, па и песни. Јас ќе ве почестам само со по некоја фотка од концертот на кој имав чест да одам пред неколку години за време на неговата последна европска турнеја.
     

    Прикачени фајлови:

    • JayZ1.jpg
      JayZ1.jpg
      Големина на фајлот:
      41,9 KB
      Прегледи:
      208
    • JayZ2.jpg
      JayZ2.jpg
      Големина на фајлот:
      34,9 KB
      Прегледи:
      208
    • JayZ3.jpg
      JayZ3.jpg
      Големина на фајлот:
      48,3 KB
      Прегледи:
      208
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
  3. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.468
    Пирамида ти љубоморам што си била на концерт. :wasntme:
    Не го сакам многу, односно не го слушам 24/7, но премногу го почитувам, и кога слушам од него си се вртам во круг почесто.
    Меѓу омилените песни ми се:
    American Dreamin’
    99 Problems
    Show Me What You Got
    30 Something
    December 4th
    Dead Presidents II
    Guns & Roses
    Brooklyn's Finest со B.I.G.
    Hovi Baby;

    Во септември здравје, планирам да ја земам Decoded.
    Ја прелистав, и иако не сум му верен фан сакам и мислам дека вреди да се прочита книгата.
     
  4. Rock-a-Fella

    Rock-a-Fella Популарен член

    Се зачлени на:
    12 февруари 2011
    Пораки:
    1.392
    Допаѓања:
    1.380
    Jay не го слушам баш многу. Единствено ќе постирам песни кои ми се допаѓаат:
    http://www.youtube.com/watch?v=nnedARQGOPM
    I'm from the murder capital, where we murder for capital
    Kanyeeze you did it again, you a genius nigga!
    Kanyee, ma maaan! 8)

    http://www.youtube.com/watch?v=-pJFdngG1DE
    D'beat sure makes me feel like a nigga xD


    Savin the best for last!

    http://www.youtube.com/watch?v=yVA-xTBeHyM
    http://www.youtube.com/watch?v=0UjsXo9l6I8

    "I'm in mason..." (DON'T LIKE THAT) ! :x :worried:
     
  5. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.772
  6. cool-girl

    cool-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    160
  7. starbucks

    starbucks Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    3.064
    Допаѓања:
    6.657
    Не го слушам, ни една песна не му знам, освен Empire State of Mind. Сестра ми ја мразе, ама јас за да ја нервирам нон-стоп и’ ја пуштам. Песната ми е преубава, порано многу повеќе ја слушав, по 20 пати во денот, сега не баш толку.
     
  8. Primadonna

    Primadonna Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2012
    Пораки:
    1.341
    Допаѓања:
    2.162
    Пол:
    Женски
    На Sanjichka007 му/ѝ се допаѓа ова.