Џигери

Дискусија во 'Рецепти' започната од A.d.e.l.a, 16 ноември 2011.

  1. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    здраво
    на многумина џигерите им се омилено месо па гледав да не случајно има тема но не најдов . јас го обожувам белиот свински џигер правен на велешки начин ( на секоја свадба е како топло предјадење) па би сакала овие дена да си направам дома. дали некоја од вас го знае рецептот? пишувајте и за други рецепти со џигери . поздрав и се надевам дека има некоја велешанка меѓу феминките и ке го сподели со нас рецептот
     
  2. wolf4e

    wolf4e Популарен член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2010
    Пораки:
    2.285
    Допаѓања:
    1.882
    Aко се секавам добро дома ги правевме некако со пржен кромид,заедно промешани :?:
     
  3. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.277
    Допаѓања:
    5.150
    Пилешки џигер

    Изрендам 3-4 главици кромид, 3-4 моркови, малку масло, сол и вегета и пропржам додека да омекнат. Налевам вода и ги ставам џигерите и оставам да крчка така. Пред да испари водата целосно, ставам пола чаша бело вино. На крај ги пропржувам џигерите и ако имам ставал 2-3 лаж павлака и ситно сецкан магданос, иако и без павлака се многу вкусни.

    Свински џигер

    Рендам 2-3 главици кромид кои ги пропржувам додека да омекнат, налевам вода, го ставам исецканиот џигер, сол, вегета, 1 лаж сенф. Кога ќе испари водата ги пропржувам.
    Вака ми се највкусни, без никакви сосови и додатоци.
     
  4. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    15.997
    Допаѓања:
    134.919
    Пол:
    Женски
    Многу сакам да јадам џигер, секаков. Без разлика што е лабораторија на организмот, вкусен ми е. А испечен во фолија во рерна... мх, мх, мх - прсти да си излижеш. Откако се омажив и не го јадам толку често - само кога сум дома кај моите. Овде никој не јаде џигер, а да готвам само за мене - не ми е слатко.

    Совет: секогаш пред да почнеш да го готвиш џигерот, остави го некое време да отстои во пресно млеко. Така ќе биде посочен и нема да се суши, посебно ако го пржиш. И најбитно, не го соли пред да го готвиш, туку солта или мешаните зачини додавај ги на крајот на готвењето.

    Јас обично го готвам со многу кромид. Неколку главици кромид крупно исечкани му се додаваат на пропржениот џигер, додавам суви лути пиперки (супер одат со џигерот), малку салца (домашен доматен сос), откако убаво ќе се испржат додавам зачини, вода и оставам да искрчка убаво, т.е да испари водата.

    Добар апетит!

    Се надевам дека нема врска што го бараш велешкиот специјалитет, и ова е супер ;)
     
    На Dust и joy1 им се допаѓа ова.
  5. AIT

    AIT Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    979
    Допаѓања:
    1.731
    Пол:
    Женски
    Пилеѓкиот џигер јас го динстам со морков и кромид и така ми е највкусен ,а свински или телешки го пржам и после му ставам оцет ,лук и магдонос одозгора.
     
  6. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    се може девојчиња да има само кромид никако :puke: :puke: :puke: . овој велешкиот како што порано ми кажуваа ( ама заборавив) беше исецкан па варен и на крај со врело масло потурен само што незнам точно како треба . инаку да ви кажам повкусно нешто немам пробано :nod: . можеби некоја велешанка ке не прочита па ке каже.

    пилешкиот џигер го правам најчесто вака

    ги варам џигерите во подлабок сад со вода сол и малце масло . откако ке се подварат убаво додавам печурки (ако се живи претходно ги подварувам) доддавам и масло и така се заедно се пржи потоа додавам црн пипер и на крај пред да се извадат ги промешувам со кечап . многу се ровки и убави .
     
  7. lepa.milena

    lepa.milena Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2011
    Пораки:
    346
    Допаѓања:
    157
    Јас пилешкиот го правам со пропржување на кромид, печурки, домат, а многу често наместо домат ставам кечап (така е попикантно), ги додавам зачините, па џигерот и сето тоа го динстам.
    Претходно го мијам џигерот, и во посебно тавче ќе го пропржам без масло, за да излезе течноста одвнатре (крвта), потоа го процедуам. И после се како што напишав претходно :D
     
  8. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    4.774
    Допаѓања:
    64.243
    Пол:
    Женски
    Пилешкиот не ми е убав , па не го ни готвиме. Свинскиот го пржиме со свинска маст и со зејтин. Додаваме и вода, па си крчка, при крај на пржењето ставаме сол. На страна пржиме праз и на крај кога двете се готови ги мешаме.
     
  9. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    17.821
    И јас сакам да знам како го прават тој велешкиот ..... ај нека пиши некоја :) да касниме малце
     
  10. Mayyya

    Mayyya Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    1.252
    Допаѓања:
    6.013
    Пол:
    Женски
    Највкусен џигер, ама наајвкусен има во Љуц. Па со кригла пивце - мераци.
    И јас го подготвувам на сличен начин кога спремаме скара. Телешки џигер се сече на многу тенки листови и се пече на скара. Во маслинов зејтин се става многу магданос, лукче, сол и многу малку оцет и џигерот се потопува во смесата. И можам да кажам дека може да му парира на џигерот во Љуц. :D
     
    На TrinityNeo, ines.h и marama им се допаѓа ова.
  11. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    девојчињаааа утре ке се јаде џигер :rofl:
    конечно ми кажа еден пријател за велешкиот односно за џигерот што го прават во велес. тоа било толку едноставно и толку просто што и дете би го направило . а колку е само вкусноооооооооооооооо :P мх мх мх мх
    еве вака било :)
    земаме бел џигер и го вариме се додека не омекне многу ( ке си пробаме со вилушка) . потоа го сецкаме на ситни парчиња ( се чудам зошто не се сецка пред да се вари така многу полесно и за варење и за сецкање ми се гледа ама ај) и му додаваме вегета и црн пипер. откако сето ке се измеша убаво се потура со врело масло .
    ете тоа бил цел муабет
    ајде да си го направиме сега
    :clap: :clap: :clap: :clap:
     
  12. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    17.821
    А тоа (сосот да го речам одгоре ?)нели има едно како лукче со магдонос :?:
     
  13. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    немам јадено такви со лукче напиши ни инес ако знаеш или си слушнала за таков сос кој се става врз нив. јас денеска имав за ручек и беа мх м мх мх мх мх шо да ви расправам . малце сол повеке им фалеше но супер беа . мислам дека клку повеке се сецкани толку се повкусни така да следниот пат повеке ке се сецкаат . бај бај девојчиња домакинчиња ;)
     
  14. ines.h

    ines.h Популарен член

    Се зачлени на:
    23 август 2011
    Пораки:
    1.600
    Допаѓања:
    17.821
    Па не ја знам постапката јас ,имам јадено такви ама се добри ,прсти да излижеш по се изгледа се динстовани па потоа се става тоа врз нив како МАКаЛО
     
  15. Serafima

    Serafima Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 октомври 2010
    Пораки:
    1.229
    Допаѓања:
    21.217
    Порано многу ги јадев, но во еден момент некако ми станаа неубави. Ама сега откако пронајдовме овој рецепт,повторно започнав да го јадам :) .

    Рецепт: Во тенџере се става вода и целото парче свински/телешки џигер. Се става да се вари, зачинето со неколку листови ловор, вегета или сол. Откако ќе се подвари малку, се вади и се сечат тенки шницли. Потоа се похова. Прво во брашно или презла, па јајце и се пржи во зејтин. Откако се испржи се става во поголем сад, се реди еден ред и се става ситно сецкан кромид, па се посолува. Потоа повторно ред шницли од џигер, ред кромид, посолување.

    Верувајте нема ни мирис, ни неубав вкус. Има вкус како да е правен на скара. Како поховани шницли од чисто месо, а не од џигер.
    Преубаво :inlove: .
     
    На slada му/ѝ се допаѓа ова.
  16. J.Ivanoska

    J.Ivanoska Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2011
    Пораки:
    475
    Допаѓања:
    1.679
    Пол:
    Женски
    Дроб каварма по нашенски :D
    [​IMG]
    500 гр свински џигер
    2 глави кромид
    1 морков
    200 гр. печурки
    3 броја патлижани, белени и насечени
    2 скилидки лук

    појаснение за скилидка лук, не ми теквит како беше на македонски :$ сори
    [​IMG]
    1 врзка магданоз
    сол, чублика, црн бибер

    Црниот џигер се чисти убаво, сече се на парчета и се става во млеко за неколку сати. Кромидот се сече на крупно и се пржи во масло со морковот. Се стават и печурките (по желба претходно да се испечат на грил за да им се испари водата). Задушават се до омекнуване. Се вадат од садот и на нивно место се става исечениот лук. Става се и исцедениот и измит џигер и леко се пржи до побелување. Добавјат се и исечените држки на магданозот и зачините. Се враќат и зеленчуците и се стават и патлижаните. Накрај се дабавја и ситно исечениот магданоз.
    Певкусно е :!: :inlove:
     
    На irenna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. A.d.e.l.a

    A.d.e.l.a Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јуни 2011
    Пораки:
    377
    Допаѓања:
    95
    јухуууу девојкиии
    неможам ни да ви објаснам како би каснала сега пилешки џигери со печуркии уффффффффффффффффф
    :lol:
     
  18. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Џигери од јагне
    I начин
    Се варат џигери од јагне и се сецкаат.

    Се додава бела запршка од 1 лажица брашно
    и малку загреан зејтин и проврива.

    Се меша 1 чаша јогурт со 2 жолчки и се додава постепено .

    II начин
    Се запржува млад кромид,се додава брашно 1 лажица,
    се попржува и се меша со варен џигер.
    ( Може да се додаде и ориз и да се вари).

    Потоа се додава постепино 1 матено јајце.


    ЏИГЕРИ ВО ПИКАНТЕН СОС

    Потребни состојки:

    · 500 г пилешки џигери
    · 40 г путер
    · 150 г кромид
    · 1 лажица Зачинал
    · 1 лажица брашно
    · 1 дл бело вино
    · 2 лажици кисело млеко со Знак за квалитет
    · сол, мајчина душичка, сенф

    Начин на приготвување:

    На врел путер се пржат ситно исечканиот кромид и исечканите џигери. Потоа се додаваат брашно, мајчина душичка, Зачинал и малку сенф. Се меша смесата, се додаваат малку вода, вино и кратко се вари. Пред самиот крај се додава киселото млеко. Се сервира со разни додатоци: варен компир, пире од компири, ориз и сл
    Совет: Џигерите се пржат кратко и не се солат пред пржење


    :)
     
  19. ana-banana

    ana-banana Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јануари 2011
    Пораки:
    1.277
    Допаѓања:
    744
    Пол:
    Женски
    Пилешки џигери пржени со праз е премногу ми е вкусно. Можам пола леб да изедам со тоа дефинитвно.
     
  20. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Има ли некој рецепт за Телешки џигер? ама да не биде многу скапо , и треба на мајками плиз итно ми е :sweat: