Не најдов ваква тема, ако постои нека се избрише. Губење на тежина е главна причина поради која повеќето дами почнуваат да трчаат. Имено трчањето е една од повеќето активности во кои најмногу се трошат калориите и се губат килограми. На еден ипол километар се согоруваат околу 100 калории. Трчањето исто така го подобрува процентот на ензим кој ја разградува маснотијата во телото. Трчањето има позитивни ефекти врз здравјето и го смалува ризикот од болести (од настинка па се до рак). Трчањето е една од најдобрите аеробик активности за здобивање кондиција, а посебно за здравје и белите дробови. Трчањето ја подобрува циркулацијата, а сите знаеме дека циркулацијата го намалува ризикот од срцев удар. Исто така трчањето може да помогне да се ослободиме од стрес, напнаност и блага депресија. Луѓето кои секојдевно трчаат се поздрави, весели, имаат повеќе енергија за разлика од оние кои не трчаат. Оптимално е да се трча од три до пет пати неделно по 30мин. Имајте на ум дека 15 минутното трчање е доволно за да ви се подобри здравјето, додека 30 минутното чини чуда. Но ако сте почетници испобајте со методата еден минута трчање, една минута одење. Ме интересира: Дали и колку пати неделно џогирате? Ако го правите тоа, дали сте задоволни од резултатите? Јас бев песимист за трчање. Десет години активно спортував и последните неколку години се опуштив максимално, до почетоков на летово. Од први јуни до први август, за овој период симнав 12 кг со нормално јадење, без вечера. Трчав секое утро во 5 сабајле. Можеби некои ќе помислат дека е ненормално да се станува во 5, но на нет прочитав дека меѓу утринското џогирање и џогирањето во текот на денот постои огромна разлика. Кога трчате рано наутро гладни, ги топите веќе наталожените масти, додека кога трчате во текот на денот ги согорувате прво калориите кои сте ги внеле во текот на денот, па потоа она од кое сакате да се ослободите. Дали има расположени феминки за трчање?
Почнав минатата недела активно, секој ден од сабајле во 8 часот. Сега на почеток е малку потешко, но се надевам дека ќе продолжам со ова темпо.
И јас се спремам да џогирам, еве почнувам деновиве, на кеј сигурно. Бидејќи не се занимавам со спорт веќе 3 години и ја имам изгубено кондицијата, ќе започнам со одење, мислам на побрзо тепмо 3 пати неделно. И потоа постепено планирам да зголемам со трчање паузи. Сакам само да напоменам нешто што и мене ми го кажаа, за сите девојки кои сакаат да џогираат обавено да си купат спортски градник. Ги заштитува и ги подига градите. Среќно на сите. Во здраво трело здрав дух
Јас планирав цело лето да се изнаџогирам ,ама ништо од тоа. Почнав во јуни така скоро секој ден со другарки и се откажавме за жал. Планирам сега за некоја недела да почнам пак ама одсабајле попладне ми е многу топло.
Jaс ќе продолжам да трчам до крај на летово, ми требаат уште 5 кг за тежината што сакам да ја стигнам. Ако сте расположени да се договориме, па ќе биде уште поинтересно трчањето
Eден совет. Внимавај на триење кај бутовите, мене тоа ми се случуваше првата недела, па рани бев. Затоа најубаво под тренерки облечи хеланки. Не само за триење и за потење е супер. После туш и немаш гајле.
Јас сум активна на тоа поле, трчам коа сакам и не ми е проблем Таман кејот ми е многу блиску па можам и двапати дневно. Но велат дека не се слабеело толку со трчање, повеќе се слабеело со пешачење. Сеа колку е точно незнам
Негде прочитав дека со брзото одење и џогирањето се трошат исто калории. Може и двете. 5 минути џогирање, 5 минути одење.
Ќе ти кажам од мое искуство но верувам понатаму ќе ти додадат и други што редовно џогираат . Се џогира на празен стомак, може едно залче да земеш и малку вода (ако ти е тешко со празен стомак) ама никако најадена. Пред трчањето се загреваш околу 5 мин и ги растегнуваш сите екстремитети, знаеш кругови околу половина, ги вртиш рацете и ги растегнуваш мускулите на нозете да се загреат малку тетививте и да се опуштат мускулните влакна. Сум видел на тренинг за борбени спортови 3-4 мин ги удираат бутовите со рака (со мекиот дел). Ако си почетник ќе почнеш со 10 или 15 мин со паузи, или минута трчај па минута брзо одење и се наизменично. Ако можеш наголемуваш на 3 мин трчање 3 мин одење и се така наголемуваш. Зависи која е твојата појдовна точка на тренинг . Многу голема грешка која ја прават повеќето почетници темпото на трчање им е пребрзо! Се џогира бавно, може едвај да се мрдаш ама да не биде одење. Битно е телото да го научи ритамот на трчањето и не заборавај никој не те брка, ако го забрзаш темпото само побргу ќе се измориш. Кога веќе си уходана и имаш малку повеќе кондиција само од себе ќе ти дојде да забрзаш темпо. Погоре имаш супер совети па комбинирај и почни, ќе имаш голем ефект за цело тело .
почнав да џогирам минатата недела и бидејки немам кондиција тешко ми беше со болки во мускулите а за пешачење пешачам и повеке од доволно
Читајќи ја темава ме поттикнавте и мене.Од утре почнувам дефинитивно од осум часот сабајле мислам дека е океј.Да ве прашам само за почетници колку време џогирање дневно е најдобро ?
Ако си ептен неактивна може да треба прво да почнеш со брзо одење па постепено да потрчнуваш . Почни со 10 до 15 минутки мешано одење и малку џогирање па постепено наголемувај ама зависи моментално во каква кондиција си. И нормално ако ти е тешко прави паузи со одење горе како е напишано . Сепак види до вечер може ќе добиеш уште некој корисен совет .
Не гледај на времето. На пример постави си цел за денес. Тоа не мора да е 2кмм трчање, ама на пример нека биде како за почеток пола кмм од кој половина ти е џогирање, половина ти е пешачење. Јас така почнав. Бидејќи џогирам на кејот во Аеродром, почнав од пензиско до три бисери и назад. После неколку денови истата релација ама гледав да е истрчана. Па зголемував до првата канта, па до втората, па до третата клупа итн. Така си имав скроено план во глава. Кажав и погоре. Ако имаш поголема тежина обавезно носи под тренерките хеланки, бидејќи ќе се растриеш. Ако случајно дојде до тоа онаа бебешка пудра во прав и ќе издржиш првите денови. Имај на ум дека резултатите со нормално јадење ќе ти бидат одлични. Ако почнеш од сега до крај на летово ќе бидеш минус 5 кг. Се препорачува 2-3 пати џогирање за почетници по 30 минути. Јас џогирав секој ден.
Супер е темата Имам проблеми со тежината па сум принудена да бидам активна физички , е сега може ефектот кај мене е помал дека се активирам навечер , но би сакала да пробам и јас наутро - се согласувам дека поголеми резултати има со утринските вежби . Поздрав до сите џогери/ки
SexiLy ми делува дека имаш познавања , па ме интересира твое мислење (споредба) на вежбањето орбитрек и џогирањето - позз
Јас немам дома орбитрек. Ама каде што одев на солариум, во спа центарот имаше и фитнес. Топ беше пошо си закажуеш термин и сама или со другарка си вежбате сами. Девојката која е и воедно газдарица праеше програма од 20 и нешто денови за симнување 10 кг. Програмата и се состоеше од фитнес - точак, орбитрек, степер и лента за трчање ама подигната. Јас умирав на неа после 5 минути одење. После имаше режим на исхрана и стимулации на критични места. Е сега споредба. Орбитрекот е добра справа, ќе имаш разултати особено предолот - нозете и задникот, ама ако запнеш. Проблемот е сафрата после 10-15 минути вежбање. Бидејќи си во затворена просторија, сеедно дали дома или на фитнес и буљаш у ѕид, минутите ти изгледаат како саати. Кога си надвор и кога трчаш, не само што побрзо поминува време, туку и при пешачењето и џогирањето се активираат сите мускули. Што значи слабееш во раце, перничиња, поткреваш задник и оформуваш и зацврстуваш бутче. Да не ги набројувам останатите позитивни работи како свежиот воздух, самото мрднување од дома и се тоа во комбинација ја убива благата депресија. Ниедна справа не го заменува моментот кога ќе се вратиш од трчање и ќе седнеш дома. Осеќаш дека телото ти реагира, дека секое мускулче е активирано и чувствуваш низ целото тело пријатно трнење. Буквално чувствуваш дека салото почнува да се топи. Јас би ти ги препорачала и двеве во комбинација ако имаш желба и можност.
ПОчнав и јас Идам секој втор ден да трчам на кеј и освен за затегање на мускулите, позитивно ми делува и во лечење на фрустрациите!! А тоа е многу добро, со оглед на ненормалниот период што го имав. Инаку по само два поминати дена, си ги почуствував мускулите на нозетe видно позатегнати (најверојатно се зема и предвид фактот што сум слабичка) така да, задоволна сум. И несомнено ќе продолжам