Ја прочитав целава тема искрено браво за оние кои успеваат да истрчаат по 3 километри.. Јас тренирав одбојка 2 години и ептен добра кондиција имав и сега имав некои здравствени проблеми и прекинав веќе 6 месеци.. покрај тренингот 3 дена во неделата одев на тренинг а 4 на кеј трчав многу бев добра имав некои 52 килограми е сега откако прекинав секако и се здебелив па од утре понеделнички планирам да одам брзо од еден до друг мост (на кеј) а потоа за назад со 3 минути трчање 3 минути одење секако планирам да го променам начинот на исхрана значи целосно откажување од благо и газирани пијалоци а нормални оброци.. од 59 килограми се надевам дека ке симнам некои 4-5 кг Вие што мислите?
Почни полека и додавај вежби со сопствена тежина. Почни да пешачиш брзо,џогирање не е ефикасно за топење за почеток. Потоа полека зголемувај интензитет. И не заборавај дека аеробниот тренинг топи маснотии а вежбите со сопствена тежина ја одржуваат мускулатурата. Затоа ти советувам да вежбаш и склекови,вратило,разбој,стомачен потисок штица итн. Претежно фокусот да ти биде на тренингот за тежини затоа што тој во долг рок дава подобри резултати од аеробниот тренинг. Поздрав и успех почни сега за подобро утре
Не знам бидејќи кејот ми е блиску мислев пред да одам, дома да се истегнам загреам и по 20-30 стомачни со тоа секој ден повеќе да ги зголемувам.. вака на изглед не сум и толку дебела бидејки сум висока 174цм сум а 59 килограми ...
Па што ќе ти е повеќе слабеење,стави малку мускулче. Ако ти треба некаква помош или сакаш да се зачлениш во нешто предизвикувачки и супер за сите ти предлагам да дојдеш во кампов. Почнуваме од 6 мај . Специјална понуда за сите девојки тука http://www.facebook.com/groups/bootcampkej/
Е добро де ќе има специјална програма за убаво стомаче не грижи се ти само дојди и донеси повеќе луѓе
Јас денеска „почнав“ ама дека немам многу кондиција , трчев еден круг еден одев и вкупно ми испаднаа три во трчање и три во одење. Околу 3,2км ми покажа на апликацијата што ми мери чекори на телефонот.
Девојки како да трчам а да не ослабам , сакам да го обезбедам потребното кардио , посебно зошто ми треба за потоа да вежбам стомачни . но не сакам воопшто да ослабам . Некои ми имаат кажано за затегнување да трчам многу брзо на пример 100 метри па минута пауза и повторно 100 метри и така (ова 100 метри беше само пример ) значи некој да знае за сигурно?
Како прво за да вежбаш стомачни не ти треба кардио а најдобро е да комбинираш кардио и вежби за затегнување.А ако сакаш да трчаш се зависи од твојата физичка подготвеност.Ако си почетник неможеш да трчаш по 2 саати.Е сега можеш да џогираш по 2-3 минути и после 1-2 пауза но сепак се зависи од тоа колку си физички подготвена.
Не , не сум почетник , но до сега вежбав за маса,затегнување , а сега сакав да почнам и да трчам бидејки до сега немав многу време
Епа тогаш можеш да трчаш по 3-4 минути со паузи а можеш да комбинираш со спринт значи џогирање,пауза па спринт па пак пауза па џогирање и така колку што можеш
Имам едно прашање:Колку треба да трчам неделно за слабеење? Не ми е за затегнување,мислам пред тоа сакам малку да ослабам..И да,почетник сум,немам нешто многу кондиција И сакам да го комбинирам и со други вежби,сакам и во стомакот да ослабам и малку во нозете ама не сакам да набијам муслули..Помош!
па зависи колку кондиционо си спремна, на премер доволно е на стадион да трчаш еден ден 20 кругови од 400м , следниот ден 25 кругови, и периодично така, 1 ден 20, другиот 25 , комбинирано со стомачни и склекови, телото ке ти биде топ за некој месец, но ако не си спремна за 20 кругови, почни со 4 или 6 па ке наголемуваш неделно по 3-4 кругови колку да флезеш во форма
Јас веќе втора недела џогирам секој ден односно секое сабајле од 15 до 6 до 15 до 7 односно еден час каде покрај џогирањето повежбувам малку и на справи кои се поставени во близина на патеката каде што трчам... Ми доаѓа некаде околу 4 км џогирање некои 15 мин. вежби и после сум како препородена враќање дома туш средување и на работа... Откако почнав да џогирам а не е некој период долг иако немам проблем со тежината морам да ви кажам дека сум презадоволна од ефектите кои стомакот, бутовите и рацете ми ги доведоа до совршенство... ке продолжам да трчам дефинитивно... Плус ефект е ослободувањето на негативната енергија, поголем елан за работа и уште поголема кондиција за завршување на домашни обврски и трчкање околу моето мало синче...
Дали го почитувате она 1 час пред и е час после џогирање да не јадете? Ајде пред можам и гладна да трчам, ама после трчање сум мртва гладна, се бањам и одма ми се пријадува. Веќе недела дена трчам а кеј, додуша не трчам секој ден, понеделник, среда, петок и недела и за мене е доволно тоа. Во просек се 5.4 километри, од Пензиско до мостот близнак и назад. Според апликацијата околку 300 калории се согорува за тој пат, а ги минувам за 40 минути, ама со пауза.
Јас го почитувам тоа првото, обавезно еден саат пред трчање јас јадам најчесто една банана или пак јадам мусли бар од виталија. Инаку после џогирање јадам по еден саат и тоа во мали количини најчесто салата. Инаку и јас деновиве џогирам на кеј меѓутоа од другата страна т.е од Карпош 4 до кај Карпата и назад, а некогаш и од кај мостот во Нерези почнувам
Епа драги гледачи, редно е и јас да го искористам кејов, цело лето Господово ми помина во константа битка помеѓу алчноста за храна и потребата да останам витка, згодна и неопходна, а овој мини пивски стомак на повидок - нема да се тргне сам. Aвгустов решив да сменам активности и се пренасочувам кон некој фитнес центар и сабајлечко трчкање низ кеј со слушалици. Планирам од Влае, па до каде ме држат нозе, оваа снага тешко е некој да ја крепи. Подготвувам денеска плеј листа со опасни песни, и утре го зграпчувам денот посабајлечки.
кога и да џогирам почнувам да се гушам и не можам да дишам. морам да застанам и да се одморам али да застанувам на секои две три минути не можам, затоа предложете ми нешто
Тоа е така затоа што немаш кондиција. За почеток пробај со брзо одење, потоа комбинирај брзо одење и трчање. Со тек на време ќе успееш