Мораш и да научиш правилно да дишеш. Ако дишењето го средиш, нема да се гушиш за воздух, ниту ќе те стега од страната под градите и ќе можеш повеќе да истрчаш.
Некогаш така ќе ми дојде некоја инспирација, ќе си ги обчлечам патичињата, слушалки во уши и шпринт на едно 40мин
Дали болките од предната страна на потколениците додека џогираш значат дека не си се истегнал доволно предходно или ? Пошто ги чувствувам при првите 30 минути а потоа се се средува и дишење и ритам и болки...
Сменив малку во однос на терминот а трчање, додека беше топличко трчав сабајле околу 5 и 30 ама сега е бајаги ладно од сабајле и трчам навечер, е сега незнам дали има разлика во ефектот и дали е ок 5,02 км да се трчаат за 31 минута..... или треба малку побрзо темпо....
Летоска џогирав скоро секој втор ден, од сабајле, ама сега не. Почнавме во школо и имам обврски, затоа не можам да џогирам. Евентуално сабота или недела џогирам, ама поретко.
Девојки искрено никогаш немам трчано и не сум ич спремна кондиционо но сакам да конкурирам на ова за полиција конкурсот и бараат за жени 60 стомачни, 27 склекови и 3200м за 16,30 минути, и други физички проверки .. Дали мислите дека е можно во краток можен рок да се спремам да истрчам 3 километри за тоа време и плус стомачни и све тоа ?? и како најубаво да почнам да трчам по колку дневно? хелп стварно сакам да поминам на овој физички тест...(Инаку имам 62 килограми а сум висока 169 цм)
StefChef, мислам дека околу 1 месец или 3 недели додека нели не известат кога ќе одиме на таа физичка процена ..
Можеш да истрчаш толку но мора само да се посветиш на тоа. Имам искуство мојот прв полумаратон го истрчав само со 3 недели спремање. Тоа што ќе направиш првата недела е : Понеделник: 2 км Вторник :Пешачење и трчање 45 секунди пешачење х 15 секунди максимално х 5-10 серии Среда одмор Четврток :Трчање 3 км Петок:повторување од вторник Сабота:Одмор Недела одмор: Полека додавај километража и ќе стигнеш до твојата цел. Исто јади повеќе јаглехидрати(житарици,овошје,тестенини) за да имаш повеќе сила. А за склековите исто треба да почнеш со женски и да додаваш отпор. Мора да се предизвикуваш и ќе успееш. Нормално можеби ќе намалиш на килажа и ќе добиеш повеќе сила.
Одлично е, нема поубава работа. Уживам во лето, со добра музика. Така се здобивам со кондициона подготвеност, а тоа ме прави горда на себе.
Летоска трчав секој ден и имав одлични резултати Сега сакам повторно да почнам ама ме плашат нискиве температури.Што велите за трчање зимно време или сепак подобра опција е да си одам во теретана дур се стопли ?
Дали може со трчање да се намалат градите или пак не и дали може да се заштитат со носење на спортски градник ?
Едвај чекам да се стопли времето и да си продолжам со трчање. Преубаво чувство Релаксира, се ослободуваш од сите глупости што ти го уништиле денот...Can't wait
Јас и на ладново си трчам, не знам зашто би чекала да се стопли, кога после само 15 минути трчање, се осеќам како лето да е
Последното трчање ми беше по кеј кога беше најладно негде декември, имаше слана и се беше замрзнато. Јас немам проблем додека трчам, се загревам бргу, ама имам проблеми со синусите и после трчање си имам мака. Затоа чекам да се затопли барем малку.
Не сум трчала (џогирала) скоро никогаш..ептен ретко.. Пред некоја недела почнав, 3 пати сум била до сега, некако го засакав, баш како што пиша Бенет погоре, те опушта и релаксира некако, не мислиш на ништо и едноставно леташ..преубаво чувство, како и секоја физичка активност Е сега сакам да прашам, сакам да трчам но не сакам да изгубам во килограми, доволно сум слаба, така да не би го правела тоа со намера да ослабам туку едноставно како рекреација, и набивање на кондиција...и се јачаат нозете така башка.. али другарката со која трчавме не ми е рамна ќе си барам нов партнер, испадна дека имам далеку подобра кондиција од неа Некој совет/мислење околу ова? Пошто сум нова... Ако се губи и практикува трчањето најмногу за слабеење тогаш не би го практикувала..