^Да може, не дека другиве се нешто страшни ама по калорични се од обичните. И секогаш јади ги со јогурт, избегнувај млеко. Јас си трчам низ маало, е така убаво ми е погодно за трчање, а и многу луѓе има што трчаат, кога ќе се сретнеме некогаш ко на маратон да сме изгледа Без смисла ми е да одам до стаза кога ми е на 2км од дома, + 2 км за накај дома, а низ центар треба да поминувам не се трча така низ луѓе низ семафори, затоа си трчам во маало.
Па можеш на кеј,сала,некое игралиште и тн..Иначе чим мислиш дека имаш кондиција веројатно е од неправилно дишење
^Не пијам вода, а телефонот го носам во џеб. Бидејќи трчам навечер секогаш носам тренерка - шушкавец и си имам џебои со патент.
Ова што ќе го кажам ( пишам де ) може нема на сите да им држи вода ама ако , ќе пишам . Кога трчате , или вежбате , што и да е , тогаш вие трошите калории и се потите . Со тоа што се потите вие ги исфрлате непотребните материи преку течност , вода, пот , како сакате наречете го тоа , и не треба после тоа да пиете многу вода . Зашто со тоа вие веднаш го надополнувате тоа што сте го исфлиле од телото со потење . Но тоа не значи и дека не треба да пите вода . Може , но по малку .
Сакам да знам Дали и колку пати неделно џогирате? Ако го правите тоа, дали сте задоволни од резултатите? По колку часа/време трчате? За колку време има резултати? Какви се вашите резултати од трчањето? Сакам од утре да почнам со трчање па ме интересира и во што да трчам и дали да земам вода со мене?
Јас џогирам 4-5 пати неделно, зависи како сум со обврски, некогаш трчам рано наутро накај 6, а некогаш навечер накај 10 саат, зависи исто како сум со обрски. Џогирањето најбрзо дава резултати барем кај мене така се покажало, мислам побрзо од сите тие вежби што се изводливи да си ги правиш по дома и бидејќи е кардио тренинг најбрзо можеш да ги стопиш масните наслаги но и мускулите. Сепак ќе добиеш цврсто тело и со намален обем. За месец дена одма можеш да видиш резултат. Мене ми е идеално решение за ослободување од целулитот, штом почнам да трчам, одма го снемува. на страна другите работи мене ме релаксира и ме ослободува од негативната енергија и мислам дека сум зависна од џогирањето. Ако не го практикувам ќе полудам! Почнав да трчам по половина час комбинирано со брзо одење кога ептен ќе се изморев ама никако нема застанување. Потоа можеш да си зголемуваш по 10 минути постепено, ќе осетиш сама колку можеш. Јас моментално сум на некои 45 минути џогирање и ќе продолжам да зголемувам од наредната недела. Немој да јадеш ни да пиеш вода саат два пред да трчаш и не ти препорачувам да носиш вода со тебе затоа што ќе ја осеќаш како ти се клунка во желудникот додека трчаш, кога ќе си дојдеш дома тогаш ќе се напиеш, сигурно можеш да издржиш пола саат без вода. Ако трчаш наутро трчај гладна, а ако неможеш да издржиш гладна една банана ќе ти биде доволна за да ти даде енергија, а да не се чувствуаш прејадена. Облека што ја носам кога трчам се антицелулитни хеланки, врз нив кратки панталончиња (бидејќи се малку прозирни кај задникот хеланките), а нагоре рамбовка и шушкава тренерка која е многу тенка ама ми требаат џебовите за телефонот и патики за трчање. Многу е битно патиките да ти се убави за трчање, а друго дали хеланки, тернерки или кратки панталони вооптшо не е битно. Со среќа па пиши ни резултати
Еве јас да се пофалам конечно. После години и години вежбање по фитнеси, разно разни аеробици и пилатес, од пред месец и нешто почнав да џогирам. Е да ви кажам ПРОКЛЕТО МИ Е ТЕШКО, се ова претходно полесно сум го издржувала. Се трудам преку еден ден да трчам, трчам на кеј по 4 километри. Значи еве месец дена сум веке дисциплинирана. Абе нема шанси делницата во еден здив да ја истрчам, морам еден дел брзо да одам. Ама како што сум инает родена ќе биде па незнам што да биде. Еве денес прв пат почувствував маааалку полесно ми е. Ама па затоа после трчање ми е многу убаво чувството, сто посто нема видливи резултати, ама јас си знам, си викам бреее што сум згодна станата
Знам случаи кога со џогирање успеале да се здебелат. Во смисла ти се стабилизира метаболизмот, ти се отвара апетитот и сл.
6,5 km.... za 50 min uspeshno zavrshena rabota od 5 i 15 sabajle...malku opadnata motivacija ama ok e ke se vratam vo forma...
5,4 km утринско трчање... перфекција...единственото место каде мислите и самиот ти се спојуваат...единствено нешто кое овозможува максимално опуштање и припрема за долг и напорен работен ден....
иии моето прво трчање у животов,мислам како за ослабување.До сега ич не преферивав трчање што зошто ми е напорно,што затоа што ми е досадно.Но ете бидна и бидејќи усм на режим ослабување,планирам да трчам до септември па потоа да се затегнувам.Ако ослабам до тогаш 8 кила на коњ сум За почеток трчам 5 мин,па 1 одам денеска прв ден 18 мин,2 км,120 калории па мислам дека е екстра планирам уште два дена вака па да додам уште еден циклус од 5 мин со одење и натака се да покачувам.Здравје боже само да не се откажам али ова некако ми е предизвикувачки и јас како што усм инат мислам дека ќе издржам..
хехе... Јас мислам дека важна е ЖЕЛБАТА. Ако сакам нешто,ке направам се што е во моја моќ да успеам. Така да не се предавај,бидејќи стварно ,,гледам" дека си згодна
И јас за прв пат во животов излегов да џогирам не дека до сега не сум се бавела со спорт ама никогаш не сум џогирала...и како што сум улежана едвај успеав да истрчам 5 мин без престан мислев ќе се онесвестам...ама очигледно е дека незнам да џогирам ниту правилно да дишам....ама како за прв ден и како за проба жива вода сум....ајде од поискусните нека дадат некој совет....незнам до кога ќе успеам да џогирам ама несакам да се откажам...