Џогирање

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 2 август 2011.

  1. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87
    Баш прочитав некаде доколку сакаш да ослабнеш не е битна брзината со која што трчаш, битно е да не запираш. Значи трчи си колку што можеш, кондицијата после сама си се зголемува а ти нема да ја осетиш. Ќе почнеш да трчаш многу побрзо а нема да го осетиш тоа. Јас приметив после пошто гледам на апликацијата (Runtastic). Прво почнав со 20 минути и 3 паузи во текот на тие 20минути и сега стигнав да трчам еден саат без никаква пауза. И јас сум пушач и никогаш немав трчано ама ете ... можело! Иначе оптимално време на 1км ми е 6мин. И коа почнуваш трчи си со исто темпо цело време, не мораш да брзаш само не застанувај. :)
     
    На Elena69221 и cocopuff им се допаѓа ова.
  2. cocopuff

    cocopuff Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2013
    Пораки:
    331
    Допаѓања:
    203
    Еве ме после 1 месец од кога последно сум напишала и можам да кажам дека целосно се согласувам со твоето мислење. Незнам зошто го гледав времето и ми беше тоа толку важно, кога напротив не е. Не тренирам за маратон или да се натпреварувам во нешто туку само џогирам. Голема грешка правев што не се загревав доволно и брзината ја местев на повеќе од што треба. Сега прво си вежбам тоа што имам замислено за тој ден (30 мин), па одам на лента. Прво пешачам 6-7 мин па трчам додека можам, некои 20 мин. Вака видов дека ми е многу подобро и полесно. Успевам да трчам повеќе, со помали и покраки паузи.
    Се надевам дека за 1 месец од сега ќе имам уште подобри резултати и од ова.
     
    На Jova4e и peperutka20 им се допаѓа ова.
  3. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87

    ДЕФИНИТИВНО! Многу е битно загревањето пред трчење. Затоа што ако не си се загреал доволно пред да почнеш да трчаш се појавуваат болки во нозете (барем мене) таму кај глуждот и не се чувствувам изморено ама ме боли ногата и не можам да продолжам. Такада обавезно загревање пред трчање. Може и тоа да е 10мин ама е многу значајно. Исто така и после трчање за да се опуштат мускулите. А за темпото да, нема потреба од брзање, кондицијата си доаѓа сама што после нема ни да ја осетиш a ќе видиш дека си почнал побрзо да трчаш неосетно.
    БРАВО за тебе! Не се секирај, резултати секако дека ќе има, само не се откажувај. :*
     
    На cocopuff му/ѝ се допаѓа ова.
  4. srhsejbsk

    srhsejbsk Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    1.186
    Допаѓања:
    9.084
    Пол:
    Женски
    Јас почнав со трчање пред околу 3 недели.Добро ми оди само што мене кеј ми е далеку па трчам во школскиот двор каде што има патека за трчање.Гледам многу луѓе трчаат и постари и помлади.Тоа ме мотивира, кога може 50 годишен маж да трча зошто јас да не можам.Само последниве дена нешто ме болат зглобовите на нозете и не можам да трчам.
     
    На sofijanoka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    Сите 15стр ги прочитав и бреј, како сте ме мотивирале само да престане да врне и да оздравам убаво... Иначе јас сум дебел пушач што ништо никогаш не вежбал, освен рандом одење на водно со тешки маки да напоменам. До душа да бидам искрена лани трчав два месеца од влае и едвај стигав до скејт парк и се откажав, али кога ќе се видам во огледало ми се згадува сама од себе и од тоа што си го направив на телово и мора да се сменам. Али пред се кога ќе ми текне дека цела негативна енергија ја исфрлав ми иде да се треснам по глава зашто престанав. Е сега тоа со дишењето што го зборите, луѓенца, лани се гушев додека трчав, не знам дали е од цигарите или од тоа што не знам да дишам :) како се дише правилно? низ нос вдишуваш низ уста издишуваш? Во понеделник планирам да почнам 1мин трчање, 1 одење и да си зголемувам кога ќе се осетам океј, тоа добро ли е? Така правев и минатиот пат, едвај стигнав до 5мин трчање без престан. Знам дека физички не сум способна одеднаш да истрчам 15мин, ќе умрам негде покрај вардарон :)... Така да ако сакате да се смеете на почетник по кеј, јас ќе сум таа со цигарата во уста :) :P Ај пишете некој совет, нешто зза мотивација... ПС- знам дека треба да сменам начин на исхрана, покрај физичка активност, за да ослабнам и знам дека треба да се откажам од цигари. :) Фала
     
    На peperutka20 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    and the sezon is open..... од денес пак на стара патека малку послаба кондиција ама ок е... стандардно во 6 пред зграда околу 5 КМ до 15 до 7 малку пешачење до 7 и дома брз туш и спремање дете у градинка па на работа... ми се допаѓа енергијата што самото трчање ми ја дава сега до ноември нема запирање.... поздрав тркачи и узивајте....
    Секоја активност е подобра од ниедна, или подобро да се истрча 10 минути отколку да не се трча....
    Имајте убав ден....
     
  7. peperutka20

    peperutka20 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2011
    Пораки:
    220
    Допаѓања:
    87

    Хахахах баш ме насмеа со ''јас ќе сум таа со цигарата во уста''!!! :D Штета што не сум во МК да те видам :D Јас и претходно имам пишувано на темава и чим си ги исчитала сите 15 страни значи и мене си ме прочитала.
    Ај јас да те мотивирам пошто и јас бев пушач (онака со една кутија на ден :$) и мислев дека никогаш нема да можам да трчам. Првиот пат коа пробав пред две години, истрчав 1минута и коа се задишав и си викам this shit isn't for me и си запалив цигара додека си се вратам дома (таа 1 минута шо ја истрчав :D:D )
    И се се смени оваа година коа почнав да трчам и вежбам. Почнав прво со вежби секој ден и некако изгледа набив кондиција тој месец ипол и си викам абе чекај јас да пробам да трчам Бев во ПМС и тапа ми беше и морав нешто да напраам а да не седам дома. Истрчав 20минути со три паузи. И ми се засвиѓа да ти кажам. И така почнав да трчам, па стигнав до 1 саат трчање без пауза. Аааа заборавив да кажам дека ослабнав 12 кила за три месеци. После си дојдов во Македонија за празниците и не вежбав, не трчав, ТАПА ЕЈ. Се убив од јадење :$ ама не можев да оддолеам на кујната на мајка и баба. И после си се вратив у туѓина и пак почнав да вежбам и трчам мада не толку интензивно како претходниот пат јер кондиција слабо. И таман почнав да си се враќам у форма ми се деси нешто неубаво и си ја изгубив цела мотивација и желба ЗА СЕ и престанав. Многу ми беше мака што престанав ама не можев, ниту имав сила ниту желба ниту ништо. Пауза пак, еден месец. Успеав пак да застанам на нозе и пак да почнам да трчам и вежбам. Сега веќе две недели како пак си вежбам и трчам. Со трчање немав многу кондиција на почеток ама еве за две недели, трчам 40минути без пауза и после 10минути праам ABS. Ааааа и да... ги откажав цигарите (пред две недели :$ ама ќе издржам). Накратко така мојата приказна. Туку зборот ми беше за тебе. СЕКОЈ МОЖЕ! Пушач, непушач МОЖЕШ. На почеток не мораш да се напнеш спринт, трчај си онака бавно колку можеш, па направи си пауза. Не заборавај да си зголемуваш барем по една минута на секој тренинг. Значи многу. И уште една многу битна ствар! Секоаш коа трчаш, ако си истрчала претходниот ден 10 минути а наредниот ден не можеш (пошто се дешава) викај си у себе НЕМА ШАНСИ ДА СЕ ОТКАЖАМ, ВЧЕРА ЧИМ МОЖЕВ, МОЖАМ И СЕА. И повторувај си го у себе! И да видиш дека ќе истрчаш. Исто така, сеа зависи до човек но јас си забележав првите 10 минути трчање немам проблем, после тоа почнува да ми е тешко,нозете ми трпнат,стомак знае да ме заболи и мислам се распаѓам и само си го повторувам ова што ти го кажав у себе и трчам, трчам ... тоа ми трае некаде 10 минути (тие тешкотии) после тоа мислам дека сум способна да истрчам уште многу ама трчам уште 20минути, па на секое си зголемувам по 2 минути за да не се напнам ептен. Исто така ќе забележиш дека и брзната на трчање ќе ти се зголеми со текот на времето а ти нема да ја осетиш. Ама не се фокусирај најмногу на тоа, битно е да трчаш и да ги намалуваш паузите.
    И да знаеш дека МОЖЕШ!!! И ако ти треба некаква мотивација, слободно пиши ми :) ЈУ КЕН ДУ ИТ!
    Иииии колкав реферат, те испозамарав малце :lol:
     

    Прикачени фајлови:

    На ebola му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Ginger^

    Ginger^ Популарен член

    Се зачлени на:
    16 март 2015
    Пораки:
    2.350
    Допаѓања:
    38.123
    Пол:
    Женски
    Уффф и мене ми е далеку кејот . А и низ центар треба да минувам, некако не ми е згодно. Последните 2 недели пешачев, ама сакам да трчам. Не бива вака. Школо има во близина кај мене , Кочо Рацин мислам дека е... само треба да му го најдам влезот..... Не сум скопјанка, па малку ми е шубе на "неиспитан терен" :D
     
  9. ebola

    ebola Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2014
    Пораки:
    139
    Допаѓања:
    249
    Пол:
    Женски
    @peperutka20 браво за посветеност и упорност! али чиста мука е ова бе! :) до степен сум да го земам кучето со мене и да ме тегне бар така ќе истрчам повеќе! хахаха
     
  10. untitled12

    untitled12 Активен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2015
    Пораки:
    102
    Допаѓања:
    31
    па вака.. од трчањето почна и да станувам нервозна само слабеев многу и изгубив и задник и све,така да сеа почнав само аеробик вежби некои од интернет плс за задник и стомак вежби комбинации...но нозете ми се природно подебелки сеа ми се оформени но она салото ме нервира на горниот внартешен дел во меѓуножјет...кажете дали со џогирање може да се стопи тоа или со каква вежби да правам? многу се нервирам бидејчи ако почнам да трчам може ќе ги ослабам нозете но задникот многу брзо ми слабее и опаѓа ... совет ?
     
  11. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    Трчањето дава брзи резултати и гарантира зацврстување на сите мускули на телото. Знам дека звучи како тешко, но со музика и одлучност ќе стане ваша омилена фиичка активност. Ви споделувам текст кој мене многу ми помогна, како и 10 неделна програма за трчање.

    10 неделен план за трчање - Програма за почетници
    По долгата зима сигурно се чуствувате многу "улежани" па затоа еве една предлог програма, како да започнете од нула, па се до добра кондициона подготвеност. Во прилог оди стратегија за трчање која се состои од 10 нива во период од 10 недели, наменета е за почетници без здравствени проблеми. Треба да одвоите 3 - 4 дена неделно , а секој нареден ден нека Ви служи како одмор.
    Загрејте се пред 5 -10 мин пред да почнете да трчањето со брзо одење, а истото направете го и кога ќе завршите. Трчајте со константна брзина од 60 - 70% од Вашиот максимум, а кога е време за одење измеѓу интервалите, правете го тоа со брзо одење.
    Фазите не одење се многу важни! Ви овозможуваат да истрчате повеќе и запомнете: трчајте со константна брзина, а не со спринтови.
     

    Прикачени фајлови:

    • trcanje.png
      trcanje.png
      Големина на фајлот:
      19 KB
      Прегледи:
      89
    На Neodlucna и sofijanoka им се допаѓа ова.
  12. jacqueline.s

    jacqueline.s Популарен член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    2.314
    Допаѓања:
    9.354
    Пол:
    Женски
    И јас џогирам, еднаш неделно... ама како оваа на слика :rofl:

    [​IMG]

    Што да правиш... домашни обврски :) Ова беше да се нашалиме... инаку секоја чест за тие што трчаат, најубавото нешто
     
    На pupi.girl, anembu, Loretta и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  13. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    Ajde pak opening sezon..... sega porano okolu 5-30 do 6-30 sabajle....kondicija nula posle zimska pauza ama ke si se vratam na normala..... bitno 5,5 km padnaa denes... bombona e trcanjevo....
     
  14. Neodlucna

    Neodlucna Истакнат член

    Се зачлени на:
    30 септември 2010
    Пораки:
    806
    Допаѓања:
    905
    На Loretta му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Loretta

    Loretta Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 декември 2013
    Пораки:
    136
    Допаѓања:
    599
    И јас поради студеното време не сум трчала неколку месеци,но обично трчам секаде освен во теретана, затоа што чувствувам голем удар врз зглобовите кога трчам на лента. Пробајте да трчате низ маало, во парк, по ридчина, зависно од условите и слободното време. Пробајте некогаш кога ептен не ви е денот да истрчате барем еден круг, па да видите што добра анти-стрес терапија е ова
     
  16. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    jas si trcam u maalo radiusot e golem pa moze i poveke od 10 km naprted nazad taka da ako se ima zelba i krugovi okolu zgrada moze da se pravat..... kako i da e se nadevam deka ke prodolzi trendot na potoplo vreme nema da zaladuva ..... jas moram rano da trcam zaradi deteto, go nosam na uciliste, pa posle sum na rabota i najadekvatno mi e 5-30da sum veke pocnata so trcanje stanuvam vo 5.....
     
  17. sofijanoka

    sofijanoka Популарен член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2013
    Пораки:
    2.198
    Допаѓања:
    15.502
    Пол:
    Женски
    Дечки многу имам мерак и стално си викам, да ми се трефне викендот сончев посабајлечки ќе идам на кеј, или да се наспијам само уште овој викенд, или решавам да идам на кафе/парк... И никако да се убедам сама себе да почнам.

    Впрочем немам никаква кондиција трчачка и сакам да ја прашам @Loretta од каде ти е планот на трчање, дали го применуваш и како ти оди?

    Пилатесот ми е јака страна, ама мора да почне да се здобива кондиција... :D:angel:
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  18. MishellBN

    MishellBN Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2013
    Пораки:
    58
    Допаѓања:
    19
    Дали некој се спрема за Скопски: Еве кој сака Програм за полумаратон... Многу е добар и е за истрчување под 2 часа.... Ако некој се спрема нека сподели некоја програма, јас почнав од почеток на фебруари и мислам дека ќе успеам да се подготвам за Скопски.....
     

    Прикачени фајлови:

    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  19. mula

    mula Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2016
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    1.735
    Пол:
    Женски

    Ехеееј се спремав од летото уште, ама убаво се скршив дури се спремав:). Сега штом заздравив пак ќе почнам да трчам по колоквиумска и да видам како ќе биде- дали сум за пријавување или не.
     
    На Priroden му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Priroden

    Priroden Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2015
    Пораки:
    653
    Допаѓања:
    2.620
    Пол:
    Машки
    Баш денес се пријавив.
    Инаку трчам без програма како сум расположен, кога трчам повеќе од саат време после наредниот ден одмарам.
    Најмногу 14 км за некои 75 минути, а од 1 февруари почнав.

    На 9 април има настан ќе гледам прво тука да се пробам :D
    https://www.facebook.com/events/613294668821509/



    12324953_10205851687398269_1694732143_n.jpg
     
    На MishellBN му/ѝ се допаѓа ова.