Сум читал статии од физиотерапевти каде што велат дека асфалтот е лош за колена и зглобови. А кај нас мислев тоа меката стаза што е поред Вардар, не самата стаза за точаци.
Не, во право си, и јас имам читано дека не се трча по асфалт. Само ме интересираше ова за камчињава. Сакам убаво да се информирам пред да почнам.
Камчињата се опасни па од друга страна, пошто се нестабилни може да дојде до дисторзија. Има еден дел така што е ко патека од земја, јас таму трчам увек.
Секое трошење и форсирање на зглобовите може да доведе до појава на остеоартритис во подоцнежните години во животот. Мора да имате во предвид дека колената се медицински најтешки за третирање и со најслаби постоперативни ефекти. Не џогирам, но правам еднаш неделно кардио тренинг. Според мене еднаш до два пати е доволно неделно.
Да ја активираме малце темава. Почнав со кардио на кеј сабајле во 5.30. Нема никој буквално. За почеток почнав со споро трчање па брзо одење. Планирам додека трае карантинот да правам вака исклучиво насабајле. 1/1
Јас од денес почнувам на кеј. Трчам комбинирано, некогаш на асфалт, некогаш по крајот до реката. Зависи од расположење Камчињата конкретно не ми се проблем, но сум внимателна зошто може да има дупки и нерамнини од самата земја, па може малку тоа ме смара и одбирам асфалт. Проблеми со колената не сум имала до сега, фала Богу. Кардио ми е задолжително, освен што постигнувам брзи резултати ми се свиѓа што не сум затворена во просторија и не ми мириса, никој не ми се обраќа за справи и сум порелаксирана. За мене ова е дефинитивно прав избор за вид на тренинг.
@FreeMind како напредуваш во нашата бранша Денес мм и ќерка сакаа да возат точоци , ама јас знам дека малата на моменти е напорна па решив да си седам дома.Ама мм ме фати на финта:-Ајде дојди нели сакаш да почнеш пак да трчаш? Одма рипнав облеков опремата ама не си го најдов спортскиот BH и со обично тргнав.Заборавив да се загреам Така почнав 8×3мин од кои 2мин одење.Си броев до 60.Па наместо 24 мин ние се задржавме 2часаАма јас си броев цело времеМама дојди ,мама чекај беше напорно ама истерав прв ден Утре ми е ден за пауза Одам по оваа табела слична е како твојата.
@Ava.84 супер ти е планов. Јас почнав и прекинав и од петокот за озбилно си ја сфатив работата. Денес ми е одмор ден и ме болат сите мускули на нозете. Јас идам вака: понеделник, петок и сабота. За жал тогаш само имам и ќе имам време, а недела да не се форсирам. Ајде ќе се бодриме!
@Ava.84 денес идеше многу полесно. Имам повеќе кондиција и полесно се разлабавија мускулите. Се мислам во денови што не трчам да вметнам 20 мин вежби дома ама ме мрзи навечер..
Сакав и тоа да те прашам дали вежбаш покрај трчањето?Јас ако вежбам би сакала некоја полесна јога, за кардио сум претромава Мене вчера исто нозите на горните мускули ги осеќав како згрчени .Ама немам болки денес . Пиев вчера два пати Мg од 250г
Убаво што си се напила магнезиум. Јас за кардио не сум мрзлива али за оние стомачни оф леле па и дома да вежбам никако не ми иде. Го пратив да ми го среди точакот решив да возам наместо да вежбам. Каква нога сум направила пред некои си 4 години само од возење точак лудница. Секој мускул се отцрта. Али влегов у тежок маратонски филм секој ден по 30 км. Сега и 10 да ги вртам си велам доста е. Додека преспива малата втора дремка имам време 1/1,5 да свртам некој круг наместо да главам у кујна.
@FreeMind денес ми беше ден за трчање.Се загреав прво 7мин. 6 ×5 . Три мин трчање , 2 одење.Си броев ама место на дишењето се концентрирав на броењето.Среќа дојдоа овие моите па мм ми беше штоперка.Ама потешко оди 3 мин од 2 Сега гледам да си порачам некој саат за пулс и да гледам време Точок беше првото нешто што си купивме кога дојдовме.Возевме за викенди две години, а јас летото одев на работа со точок, ама раб ми беше блиску.После останав трудна и од тогаш само 2-3 пати сум возела Точокот и трчањето ми го даваат истото убаво чуство на среќа
@Ava.84 најубаво саат да си купиш зошто со телефон е многу комплицирано. Плус сега со коронава и рацете со остатоци од кваки јас не ни го носам никаде. Јас само првиот пат мерев и сега според таа рута од прилика знам каде да одам, а од каде до каде да трчам. У глобала суштината е да трчаш со паузи одење и потоа само да наголемуваш. Јас возев денес и преоптимистички извозив до соседниот град (убаво ми беше). И сега не ми е убаво чувствувам жежење на нозе, задник и меѓунозе од седиштето. Не се најде решение за глупото седиште плус со два пара облека за точак со сунѓер меѓу нозе бев. Сакам да кажам се заебав поштено
@Ava.84 пијам кафе и тргам, вчера многу убаво истрчав зголемив малку повеќе. И денес идам иста должина и исти паузи. Вечер плус точак ако не сум уморна. Вага не мрда
@FreeMind само напред.Јас требаше да трчам ама ми дојде и огромни болки не можам да мрднам.Ќе видам денес како ќе сум се надевем ќе завртам некој круг.Уште ми го нема часовникотМојата вага исто не мрда
@FreeMind трчав денес 30мин по 3 мин одење и трчање.Ми стигна денес часовникот и многу подобро за време што ми мери, си се концентрирав на дишењето.Денес малку нози ме печат ама мислам дека е нормално.Саатот ми викаше дека трчам здраво Трчав и во недела ама без да мерам со малата околу езеро во шума ама не одев по програмата затоа не бројам.
Јас у петок треба али малата ми е на вакцина може и да го прескокнам, али сабота, недела и понеделник ќе врзам. Со саат е поубаво каде каде.