1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Џогирање

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 2 август 2011.

  1. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.818
    На џогирање сум била се‘ на се‘ три пати. Во Скопје, на кеј.
    Два пати бев со другарка во доцните попладневни часови, еднаш бев сама рано наутро.
    И преубаво е. Кога ќе се вратиш дома удираш еден туш и како препороден си. Штета што немам навика овде да го правам тоа.
    На почеток е важно да не се напрегате многу (доколку, нели, не сте физички
    леле, ќе напишев сексуално за малце :D :D :D
    активни) затоа што може по неколку часа да ве болат мускулите.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Иако сум голем фан на возење точак ме мотивиравте да почнам и јас да џогирам :D.

    Само што се вратив и сакам да споделам уште неколку деталчиња кои повеќето ги знаат но на почетник се надевам ќе му користат :) .

    Секогаш кога имате избор џогирајте на мека наместо на тврда подлога, многу е полесно за стапалата и тетивите, значи трева или тартан е подобро од бетон или плочки.

    Џогирајте во удобни патики а не во тврди, нормално не важи ако џогирате боси на трева но со оглед на нашата хигиена има големи шанси да згазнете на стакло.

    На средина од џогирањето и по завршувањето на џогирањето растегнете ги мускулите на нозете и телото неколку минути, направете варијанта на машка и женска шпага, наведнете се нанапред и наназад, да искористите што се и мускулите и тетивите загреани.

    Многу е битно посебно за сите со површински вени веднаш после џогирањето (пред туширање) легнете на кревет и потпрете ги нозете под прав агол во висина, за крвта која е во вените да спадне и да го намали притисокот во листовите со што ефикасно ќе спречите да добиете проширени вени. Личи на небитен детал но е многу важен. доволно се околу 5 минутки па можете да идете на туширање.

    Почнете да џогирате многу ќе се исплати :).
     
    На dianna95, glosipgirl, pamelche и 4 други им се допаѓа ова.
  3. DeadMary

    DeadMary Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2011
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    53
    Јас со другарка ми на џогирање ќе одам или во понеделник или во вротник! :)
     
  4. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    781
    Џогирам редовно но обично попладне едноставно неможам да се разбудам сабајле рано. Еден период одев секој ден а сега 2-3 пати неделно (мрза сум станала) :rofl: На некој начин ме исполнува и се чувствувам многу поубаво после џогирање а и колку-толку помага во одржување на нормална телесна тежина. :)
     
  5. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Колку - толку , не би рекла , мислам дека нема нешто што повеќе придонесува за одржување и за слабеење, нормално со упорност, константност и внимавање на исхраната !
    Позз
     
  6. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    И јас сум фан на точак но мислам дека поголем ефект има џогирањето (конкретно поголем ефект за слабеење) Како и останатите градови во Мкд и во градот каде што живеам нема велосипедска патека , што е на некој начин хендикеп за послободно возење, но сепак не ме спречува да се дружам со пријателчето на две тркалца 8)
    позз
     
  7. TeddyS

    TeddyS Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 мај 2011
    Пораки:
    235
    Допаѓања:
    121
    Повеќе преферирам возење на точак , али како што кажа феминката над мене, од велосипедска патека ни трага !

    Така еве денес , со другарка ми ќе пробуваме како ќе тргне работата со џогирањево на стадион 8)

    Не сум баш сигурна , сум прочитала дека е подобро да се пешачи , и мислам дека тоа е точно, али ај , кога си очаен се да пробаш треба ! :lol:
     
  8. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Точно , корисно е и пешачењето ,
    во секој случај секоја физичка активност делува позитивно на организмот
    Во претходните постови имаш џогирање за почетници , ќе ти бидат од корист 8) ајде со среќа прв ден на стадион , па пиши ни изморена :lol: поздравче
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.370
    Се слагам, точак е полесно да се вози и може и со него да се слабее ама главно ги оптеретува нозете додека горниот дел е практично неподвижен.

    Како тренинг за цело тело џогингот е дефинитивно најефикасен :).

    После него идат ролерки,

    а на трето место е возење точак :) .

    Ама сите се поќеифски во друштво :D.
     
    На PetraPanka3 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски
    Зошто досега ваква тема немаше? Браво за феминката што ја отвори.

    Јас почнувам за некој ден ама планирам овој пат да трчам на нерамна патека со мала угорница. Мислам дека е подобро за мускулите на нозете и задникот. Башка на планинско место сенка има од дрвата, чист воздух, нема раздвиженост многу , уште да ги убедам другарките и одам.
     
    На SexiLy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    495
    Допаѓања:
    2.092
    Пол:
    Женски
    Aко најдеш такво место за секој ден обавезно кажувај. :D
     
  12. kikikikirika

    kikikikirika Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2011
    Пораки:
    2.013
    Допаѓања:
    4.485
    Пол:
    Женски

    Уф не сум од Скопје а таму не знам такво место, таму на кеј си џогирам.
     
  13. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    285
    Еве јас џогирам веке една година интензивно,наутро во седум но преферирам на мека подлога-трева,си имам некои ритуали пред и потоа оптеганје на мусклите опустање и верувајте откако почнав со џогирањето мене ми се подобри и метаболизмот и самиот биоритам.Ви препорачувам на сите и малку охрабрување само првите два-три пати се напорни после веке се навикнува организмот,чудно како со едно трчање или брзо одење се чувствува човек поздраво.Мојата мотивација не е слабеење,јас на овој начин психички се одмарам еден вид активна медитација.поздрав
     
    На rajna-vojvoda му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.670
    Многу сакам да џогирам но местото каде што живеам некако е непогодно за таа активност и воопшто за било каква надворешна активност, а секој пат да одам до кеј само за таа намена некако не ми е по ќеф. Затоа сега сум на домашно џогирање на Орбитрек и ОК ми е.
     
  15. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Џогирање за добро расположение

    ДОЛУ КАЛОРИИ И КИЛОГРАМИ
    Губење на тежина е главна причина поради која повеќето дами почнуваат да трчаат. Имено трчањето е една повеќето активности во кои најмногу се трошат калориите и се губат килограми. На еден ипол километар се согоруваат околу 100 калории. Трчањето исто така го подобрува процентот на ензим кој ја разградува маснотијата во телото.

    ГО ПОДОБРУВА ЗДРАВЈЕТО
    Трчањето има позитивни ефекти врз здравјето и го смалува ризикот од болести ( од настинка па се до рак). Трчањето е една од најдобрите аеробик активности за здобивање кондиција, а посебно за здравје и белите дробови.
    Трчањето ја подобрува циркулацијата, а сите знаеме дека циркулацијата го намалува ризикот од срцев удар. Исто така трчањето може да помогне да се ослободиме од стрес, напнаност и блага депресија. Луѓето кои секојдевно трчаат се поздрави, весели, имаат повеќе енергија за разлика од оние кои не трчаат.


    ЗАБРЗУВАЈТЕ ПОСТЕПЕНО
    Оптимално е да се трча од три до пет пати неделно по 30мин. Имајте на ум дека 15 минутното трчање е доволно за да ви се подобри здравјето, додека 30 минутното чини чуда. Но ако се почетници испобајте со методата еден минут трчање-еден минут одење. Пред тренингот обавезно за грејте ги мускулите со вежби за загревање и истегање.

    МЕНИ
    Како за другите физички активности, така и за трчањето важи дека не треба да се трча со полн , ниту со празен стомак. Најубаво е да јадете 2 часа пред да трчате. За време на трчањето огранизмот губи течности кои треба да се надокнатат со вода. Водата е важна и мора да испиете барем една чаша иако не чувстувате жед.

    извор http://glamstik.mk/diaries/zogirane-za- ... polozenie/
     
    На baguf4e и MarchelineAmaru им се допаѓа ова.
  16. WiseGuy

    WiseGuy Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    60
    Допаѓања:
    99
    За сите што сакаат да џогираат би им го препорачал планов:
    http://www.coolrunning.com/engine/2/2_3/181.shtml

    Дизајниран е така да можат и апсолутни почетници да го применат. Напредните можат да си почнат од 4та или 5та недела. Јас веќе 3 пати го имам поминато и е стварно феноменален.

    Само морам да напомнам дека си бара промена во исхрана инаку ќе пукнете уште во 5та недела!!
     
    На MarchelineAmaru и SexiLy им се допаѓа ова.
  17. rajna-vojvoda

    rajna-vojvoda Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    625
    Допаѓања:
    286
    Пол:
    Женски
    браво за сите што се блиску до кеј или на оние од други градови штоимаат каде да џогираат ;) јас првенствено немам некоја зелба којзнае каква ама за одење имам , али живеам во кисела вода и населбава е луге тапа.....нит е за точак нит е за одење тротоарите се крш до кеј не ми се иде далеку ми е се нервирам со години од ситацијата ама тоа е ..(забегав )
    муабетов е ...сите феминки од кисела вода ...каде возите точак, пешашачите и слично..дајте ми предлог ;(
     
  18. MissSpark

    MissSpark Популарен член

    Се зачлени на:
    13 јуни 2011
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    1.287
    Пол:
    Женски
    Трчам кога можам, т.е кога имам желба. Скејт парк ми е на 10 мин од дома, ако не и помалку и не ми е воопшто проблем одењето таму.
    Убаво ми е, кога трчам и со музика, и без музика. Во тие 40тина минути се опуштам, не мислам на ништо, и кога ќе дојдам дома отккако ќе се истуширам, како нова сум, се чувствувам препородено.
    Е сега проблем е што сум мрза и брзо се заморувам, немам кондиција.
    А толку сакам секое утро/квечерина да си трчам, да ми влезе под кожа да ми стане навика.
    Еве ова на вајсгај е интересен план, малце е исцмиздрен ама ако гарантира кондиција, би го пробала, малку би забрзала и не ветувам дека ќе стигнам до крај.
     
  19. funkygirl

    funkygirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    238
    Допаѓања:
    408
    Почнав да џогирам некаде во јуни,со цел да ја зголемам кондицијата за сезоната што ми следува.Сега трчам со поголемо темпо и трчам секое утро во 6h. Мене искрено чуството ми е фантастично.Како нова сум после секое трчање,чуствувам дека денот ми е почнат одлично,со повеке енергија. Прво трчав по 2 км,сега и по 6-7. За оние почетниците препорачувам да почнат со џогирање на пократки стази
    да не се воспалите,па да неможете да мрднете :$
    И пред се да не се откажете.Бидете упорни. :) :) Резултатите доаѓаат.
    Инаку пред се.. Здраво е,го подобрува метаболизмот,согорува калории. Поздрав за сите упорни :* :* :*
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  20. PetraPanka3

    PetraPanka3 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 јули 2011
    Пораки:
    310
    Допаѓања:
    432
    Џогери/ки кај сте ве нема 8) до каде сте со активноста , поз