Веќе пет години се мавтам со хашимото така да или сум на 8 недели, па на три месеци,6 или на година дена стасав рекорд. Па останав бремена и пак одново Сега пак на 8 недели проверка. Не ми е од неа страв научив да живеам со неа само ете ме нервира што ме носи кон плус кг.
Можно е, убаво ќе си провериш за да исклучуваш една по една работа. Пробај со вежбиве што ќе ти ги постирам, ако немаш болка при истегнувањето, или е минимална, тогаш не е ишијалгија. Ако е ишијалгија, боли прилично и едвај се издржуваат 30сек.
Зраво женски, трчате ли? Јас викендов ме, се преоптеретив и зглобовитр почнаа да ме болат ама од утре сум back on track Планирани ми се 5км ке видиме што ке направам
Мене ми е денес ден пауза. Од петокот додадов еден километар плус. Здравје следниот викенд плус еден ќе додадам.
@Ava.84 ја истрошив цена негативна енергија собрана во мене. 5+ денес. Си го најдов мп3 и буквално не ми се идеше дома.
@FreeMind браво.Изгледа ми треба нова тема флегми јогери Срам ми е овда да пишувам вие со километри трчате јас едвај 2км со паузи
Јок. Така се почнува. Кога ќе се осетиш спремна додавај плус. Штом ти е доволно два сега толку и трчај. Поисполнета си како чувство. Дури и се препорачува два мали км и еден поголем неделно.
Секоја чест на сите што џогираат. Лично немам кондиција, брзо се откажувам, а и станува монотоно после некое време. Повеќе сум за кардио вежби вметнати во рутината или програмата за вежбање. Ем не се изморувам брзо, ем позабавно ми е.
Колку пати во неделата трчате? Јас трчав еднаш се опоравував мин.3 дена... не дека бев воспалена туку ме болеа колковите и коленото.
Чекај како трчаше?Имаш ли трчано до сега?Колку време трчаше ?Се загреваше ли пред да трчаш?Не можеш ако си почетбик одма да трчаш 5 минути.Си има план за трчање.Птво повеќе одиш од што трчаш и така зголемуваш.Нормални се болките, ама треба да ти престанат од магнезиум.
Пред неполн месец почнав со трчање, само пешачев. Бидејќи работам, трчам за жал само 2 до 3 пати неделно максимум. Ова е од денес, со мали паузи секако
Трчав пак, по 7 дена од првиот пат . Приметувам дека ме боли кај што почнува колкот/ногата. Како притисок кога газам баш на ударот. Можда активирам нова група на мускули? Инаку, активна сум доста, фит сум, вежбам преку цела година кружни тренинзи и пилатес, го качувам Водно еднаш неделно мин. преку цела година, така да се осеќав спремна да трачам сега ко што имаме и вишок време у ситуацијава. Истрчав за 40 мин 2,7 км. Без одење, и така 2 пати. Првиот пат ме болеа колковите, но продужив со другиве активности и пополека попусти. Вчера трчав пак, (иста дистанца и темпо) денес пак ме болат но помалку... Да не газам лошо? Трчам покрај Вардар по земјен пат. Можда е подобро на асфалтот? Супер ме релаксира...баш сакам ритам да фатам.
Има многу видеа со совети на јутуб од професионални тренери пробај види може ќе најдеш одговор.Јас не сум некој екперт и советник само некој што пробува да трча