1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Џогирање

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 2 август 2011.

  1. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Мое аматерско мислење е дека можеби за почетник за трчање конкретно се форсираш.

    Зашто истово и јас го имав неколку пати направено со трчање и ме нервираше и прекинував. Исто сум физички активна и со вежбање, и со пешачење и со планинарење ама за трчање сама се форсирав премногу. Логиката ми беше не може ја вака активна да не можам да трчам толку и толку за толку време. И скроз се демотивирав и престанував. Последниов пат кога се префрлив на трчање зашто ми дојде моментот малку поинаку пристапив. Почнав со постепено накачување. Не 30 минути трчање без прекин, туку 3 минути трчање, 1-2 одење. Така недела дена па после накачување постепено недела за недела. Трчам преку еден ден, зашто сфатив дека најспособно трчам така. Секој ден не давам се од себе и не ми е толку мерак. Преку два дена ми се губи некое темпо.

    И гледам дека имам разлика. Порано истото ми се случуваше, болка во колковите и како притисок во долниот дел од стомакот. Ама вака со постепено накачување ми се нема случено ова и уште повеќе имам засакано трчање сега, скроз сум навлечена.

    На почеток малку ми беше мех, сум трчала пола саат а не сум испотена ко после некој тренгинг или вежби. Мислам 10 минути вежби дома некад повеќе ме потат од трчање. Но чувствувам дека ми се развива осетот за трчање и немам потреба да се форсирам. Знам дека порано или подоцна ќе стигнам до трчање подолго без престан ама сум и реална дека е поинаква физичка активност за телото.

    Има и на пинтерест доста како програми за трчање за почетници. Ѕирни ги нив, може ќе те бендиса некоја. Некогаш и ние очекуваме дека телово е ко пластелин одма ќе се навикне и приспособи на сè а му треба време. На крај краева, мене ми е битно секој пат кога ќе се вратам од трчање да сум исполнета и задоволна од себе, не пола тело да не ми функционира.
     
    На Dark-Lady, Neodlucna и Carolin. им се допаѓа ова.
  2. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.027
    Пол:
    Женски
    @Ava.84 до каде си?
    Јас сум од 5-7км на трчање денес допрев седмица за прв пат. Месец дена на должинава па да повлечам до 8. И доста е.
     
    На Снегулк@23 и Ava.84 им се допаѓа ова.
  3. Ava.84

    Ava.84 Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 декември 2015
    Пораки:
    4.511
    Допаѓања:
    32.644
    Пол:
    Женски
    Само напред има нешто фраен маратон во Берлин ,да се пријавиш:)
    Ништо @FreeMind баталив.Од кога тргнав со работа тешко се организирам во 17 доаѓам додека јадеме и нема кога. Во слободно шетаме со моите. Сакам да трчам ама имам нешто друго на ум па ќе видиме.Ако не ме биде за трчање јога не ми бега:$:D
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  4. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Ме интересира нешто од поискусните трчачки. Јас трчам преку еден ден. Пред неколку недели почнав баш поинтензивно да трчам и приметувам дека не денот кога трчам (обично попладне е тоа) туку наредниот ден сум прегладна. Ама пре-прегладна и конкретно имам cravings за јаглехидрати.

    Чудно ми е зашто никогаш претходно ми се нема случено ова од други вежби, па ме интересираше дали има некој со слично искуство? И што јадете вака у склоп на трчање да прашам хахахахха

    Прво мислев со циклусот да не ми е поврзано ама не е. Вчера трчав денес не можам да се донајадам а ништо не правев цел ден, од дома работев. :^):^):^)
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. carver91

    carver91 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2016
    Пораки:
    316
    Допаѓања:
    205
    Пол:
    Женски
    Дали има теретани на отворено во Охрид?
     
  6. ..barbie..

    ..barbie.. Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 октомври 2018
    Пораки:
    673
    Допаѓања:
    657
    Пол:
    Женски
    Здраво. Се мислам да инвестирам во домашна трака за трчање за цена од 400-450 евра, па доколку некоја од вас има дома, би била благодарна ако го сподели своето искуство и ми препорача трака до таа цена. Конкретно сум заинтересирана за Top Life траките. Благодарам.
     
  7. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Планира ли некој да трча на скопски следнава есен
     
    На Dominik, DoubleK и Снегулк@23 им се допаѓа ова.
  8. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    Јас :D
     
    На Ajronmen му/ѝ се допаѓа ова.
  9. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Еј браво. Прв пат или си учествувала и претходно? :)
     
  10. Gustavo Woltmann

    Gustavo Woltmann Нов член

    Се зачлени на:
    25 март 2021
    Пораки:
    8
    Допаѓања:
    7
    Пол:
    Машки
    Дали е започнато пријавувањето за Скопски? Ќе биде некаде октомври или грешка сум?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Снегулк@23

    Снегулк@23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 август 2020
    Пораки:
    2.503
    Допаѓања:
    3.338
    Пол:
    Женски
    3 октомври треба да биде
    Пријавувањето пишуваше дека ќе биде во март ама сеуште нема ништо
     
  12. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Нема, им пишав на ФБ, мк немаат вратено уште...
    А дали има некој што веќе се пријавил за прв до врв?
     
    На Снегулк@23 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Пријавите за на ОхридТрчаТ се во тек.
    Се пријавив во првите на рекреативната 5К патека... ајде некоја со искуство да сподели како да се спремам ... физички и тактички... не со намера да победам но .. барем трето да освојам :)
     
    На ТрагачПоНадеж му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Snow-Star

    Snow-Star Популарен член

    Се зачлени на:
    28 јануари 2014
    Пораки:
    3.470
    Допаѓања:
    17.430
    Пол:
    Женски
    Ако не си трчала досега редовно рекреативно, за два месеца подготовка за маратон за трето место е малце нереално.

    Пет километри не се многу, но зависи и од патеката.

    Не ми се гугла за да дознаам детали за да дадам конкретни совети, јер тоа по принцип треба ти да направиш и да се консултираш со некој.
     
  15. Ajronmen

    Ajronmen Популарен член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2021
    Пораки:
    1.979
    Допаѓања:
    8.267
    Пол:
    Машки
    Сериозно си за третото место или се зезаш?
    Трчаш редовно? Спремни дечки што решиле да се у први 3, петкиве ги трчаат за 15-20 минути, женска конкуренција можеби до 25 ама и тоа е многу.
    Ти за колку трчаш 5 километри?
    Тактика некоја посебна за 5 км нема. Трчаш брзо темпо цело време. За 5 км и физички не треба нешто посебно спремање ако веќе џогираш.... Мери време и зголемувај темпо...
    Кажи малце поише инфо за тоа моментално која ти е спремноста...
     
  16. Marija_Magdalena

    Marija_Magdalena Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2018
    Пораки:
    812
    Допаѓања:
    2.614
    Пол:
    Женски
    Џогирам редовно но прв пат ке се натпреварувам, можеби не дадов доволно информации требеше да прашам како да се спремам психички... :)
     
  17. Vikktorr

    Vikktorr Популарен член

    Се зачлени на:
    22 август 2015
    Пораки:
    807
    Допаѓања:
    2.062
    Пол:
    Машки
    Подолго време пробувам да најдам некој со кого “ќе си држиме ритам“ додека трчаме/џогираме... Ова е првпат да пишувам тука за тоа. Не сум ни профи, ни почетник... Школите за трчање не ми се предмет на интерес, од проста причина што таму секогаш има (1) Имплицитна конкуренција и суета (2) Луѓе со различно ниво на подготвеност, кој заостанува кој премногу брза. 3) Не може да ме научат нешто што веќе не го знам и за тоа да плаќам без врска.
    Што се однесува до мојот „тркачки профил“: Трчам/џогирам околу 30 минути 5 км.... Можам да истрчам и 10 веројатно. но, НЕ се спремам за полумаратон, барем не сега хаха .. Гледам да трчам редовно, покрај Вардар (во Скопје секако), иако претходно вежбав во теретана, но, сега сум фокусирам на активности надвор, од разбирливи причини... И не, ова нема никаква романтична позадина, едноставно ми треба некој/а кој ќе ми биде partner in crime, во џогирање... Ако има некој заинтересиран/а нека ми пише во ИНБОКС. Времето би било попладне, локацијата, покрај Вардар (ќе се договориме во кој дел конкретно). Сум човек со кој релативно лесно може да се разбере во однос на обврски, напор, ритам, локација, итн... Во, секој случај може да пробаме... Да го искористиме времето во физичка активност на отворено додека пред да не „убие“ скопскиот смог зимава...