Јас џогирам секој ден - обевезно. Оваа справа ми е од голема помош: Спојлер Ок, ајде сега сериозно. Не сум фан на џогирање, иако знам дека има поголем ефект од возењето точак, но.. Повеќе уживам во возењето, отколку трчањето, тоа не е за мене. Како што спијам до 3.. Може да одам пред да си легнам да истрчам еден круг па да дојдам изморена да си легнам, ама страв ми е бре сама да идам. Сега за сега, останувам на мојот верен другар - точакот.
Би сакала да почнам да џогирам, барем по малку секој ден за да имам колку-толку некаква физичка активност. Имам и патека во близина каде што можам да џогирам, ама немам друштво, а сама не ми се трча рано насабајле. Инаку сум читала дека со џогирање/трчање многу се зајакнуваат мускулите на нозете и стомакот, па баш затоа би сакала и да почнам, ама џабе кога немам со кој...
Слушалките со тебе,добра музика на МP3 плеерот и кажи си сакам убави нозе не се откажувам и лесно е..
Леле ова женска ми со џогирањето секое сабајле од ко се распролети па летово и викам како не ти е мака ја одвај станузам за на работа прва смена па уште на џогирање да одам
Ќе имаш кога ќе пишуваме за карате, без тебе не иде муабет . Како имаш сила и за џогинг и за скокање на јаже и за карате, феномен .
Џогирам секој ден ( четири дена трчам еден одмарам) на кеј. Откако почнав да трчам буквално ми се промени се. Се чуствувам одлично, подобро спијам,имам желба за се. Живеам на 5 кат, и порано ми беше тешко да ги искачам скалите, сега не знам ни како сум стигнала така бргу на 5.хахах ова ми заличува на некоја реклма од топ шоп, но верувајте нема ништо поубаво од чувството откако ќе се натрчате. На почеток трчав помалку но со тек на време си го зголемив растојанието, сега сум на 4 км, за некои 30 до 35 мин. зависи колку сум изморена. И не ми се правдајте со тоа дека немате време. Секој без исклучоци, ама баш секој може да одвои 1 час во денот за себе. Пола саат трчање е сосема доволно. Морам да напоменам дека на кеј има многу повеќе машки од девојки, некаде 80 со 20 %. Тоа значи дека машките повеќе се грижат за себе од девојките
После вашите коментари ме мотивиравте и мене да почнам да џогирам, а цело време се предомислував затоа што сум голема мрза Али денес почнав, бев на кеј како за почеток беше супер Се надевам дека ќе ми стане навика, затоа што чувтвото после трчање е незаменливо, се осеќам како да сум постигнала нешто!!
Едно време трчав редовно ама немам со кого а сама неќам и престанав , ќе почнам да ја терам сестра ми ако сака со точак нека ми прави друштво важно сама да не бидам
Еве неколку дена веќе џогирам на кеј, сама ми е подобро се релаксирам, ама немам кондиција, мн брзо се уморувам, највеќе можам да истрчам од едните скали до другите. Некој совет да ми дадете вака вие што сте поискусни, како и што да напраам, храна каква да јадам пред трчање?? Највеќе ми е за да добијам на кондиција затоа што се осеќам мн омалаксано немам сила а и да симнам некое килце не би било лошо поготово ако успеам да го симнам стомачето Совет некој ?
Јас од денес почнав пак да џогирам, арно рано ми текна. Ако ќе продолжам да џогирам до среда барем, па постоа само за викенди ќе џогирам колку да одржувам кондиција.
Нема што посебно да правиш освен да бидеш упорна и да продолжиш да џогираш, со тек на време кондицијата ќе дојде . За тебе е најдобро (како што препорача SexiLy во пост 16, прочитај го) да не гледаш на време туку да си поставиш цел за денот и дел ќе трчкаш а кога ќе се умориш ќе одиш еден период па пак трчкање. Постепено ќе ти расте кондиција. Прочитај ја темата од почеток (не скокај постови) има многу добри совети а за храната ќе ти кажам да не јадеш пред џогингот туку после ама можеш да се напиеш или вода или некој енергизирачки пијалок ама гледај да нема многу бел шеќер и никако вештачки засладувачи затоа што се штетни. Ова нема врска со џогирањето туку треба секој што се интересира за сопственото здравје да го знае. Од исхраната исфрли одма маргарин, штетен е , премногу масни храни, намали пржено и помфрит, намали драстично мајонез и паштети и нормално леб и тестенини (значи скроб на минимум) и стомачето има да го снема . Нема да биде одма ама ќе видиш ако ги тргнеш овие храни а редовно џогираш и без некоја посебна диета стомачето ќе почне да исчезнува. Уште ако почнеш да правиш и вежби за стомачни уште повеќе ќе го засилиш ефектот . Се надевам SexiLy ќе ја види темава па ќе ти даде уште некој совет за џогирањето .
Здраво на сите Јас пред неколку години бев активна речиси секој ден ама последниве години сум голема тромавка станата и додека бев на факултет ич не се движев и се здебелив 10 кг. Лани пробав во теретана некако полесно ми изгледа од џогирањето, вежбав континуирано еден месец ама ми отекоја нозете (стапалата) изгледа се исфорсирав Сега сакам да се вратам во нормала ја држам УН диетата само физичката активност уште ми е на нула. Пробав да трчам една недела пред да одам на одмор и најмногу што можев да истрчам беа 2 км и тоа едвај. Е сега сакам пак да продолжам и бар еден месец континуирано да трчам и да си ја држам диетата (макар што знам и да ја прекршам често) и ме интересира за што повеќе го практикувате џогирањето дали за затегнување или за слабеење? Една другарка џогираше скоро секој ден летово околу 10 км ама не е баш задоволна бидејќи не се чувствува ослабена туку само затегната на некој начин и може смешно ќе звичи ама нозете и се направиле ко на фудбалер Па ме интересират вашите искуства Поздрав
Со џогирањето како и со сите други аеробни активности е проста формулата, ако трошиш повеќе калории него што внесуваш ќе слабеееш ако е обратно нема да ослабиш . Чим ја држиш УН диетата и плус џогирање секако ќе ослабиш (ќе го стопиш салцето) и плус мускулите на нозете и посебно на бутовите ќе ти се затегнат. Листовите да ти станат како на фудбалер нема шанси (освен ако немаш специјална исхрана а ја немаш) но може да се затегнат и да се издефинираат подобро кога ќе се стопи салото преку нив што за тебе ќе биде одлично . Супер е џогирањето, прочитај ја темата од почеток, има многу добри совети и скоро се е објаснето . Убаво што ни се придружуваш во клубот .
Фала многу Инаку прочитани ми се сите постови само мислев дека со помош на џогирањето се задржува постоечката тежина, а за нејзино намалување малку потешко па затоа сакав да се посоветувам со други.
Ќе ја задржиш постоечката тежина само ако внесуваш преку храна повеќе отколку што ќе потрошиш со џогирањето но тоа е веќе посебно избалансирана храна со доволно протеини а чим си на диета и плус џогираш (но не само 5 мин треба барем до 20 мин да стигнеш) слабеењето ти е загарантирано .