Десет-десет, и тоа е супер за прв пат. Следниот пат ќе биде повеќе а кондиција и онака се набива постепено .
Дали џогирате во секакви услови? Поточно, еве сега е врнежливо времето, дали го прескокнувате тогаш? Бидејќи за редовните, упорни `трчачи` не е важна временската прогноза.
Освен ако не е виулица или да сипе дожд како од кофа нема проблем, битно да не се преладиш а другото е веќе ствар на воља
И јас почнав да трчам 2 пати неделно по 45-50 минути, веќе 3 недели наназад другите денови вежбам и со тегови и на орбитрек и има резултати, ама најмногу од трчањето мислам Е сега оваа недела немам ич трчано, многу е ладно, дома парно запаливме вчера и денес, а не пак да трчам на овие студови ќе почекам days многу се потам и од ладново ќе настинам и контраефект
Напротив енергија имаш многу повеќе после трчање немај гајле, после трчање си полн со енергија за цел ден. Не се согласувам дека не е убаво на утро да се трча, па тогаш е најубаво. Би станувала пак во 5 само за да трчам и тоа ќе го правам во Јули. Поубаво да трчам на свежо време него да ме печи сонце.
Мене ме интересира ова.. епа вака,од 10 јуни сакам да почнам со другарка да трчаме на кеј,е сеа,пошо она ќе иде на одмор на 20,ме интересира дали може за 10 дена да се ослаби,со трчање,вежбање и строга диета?
Памтам дека прочитав во некоја од темиве дека некоја феминка практикувала дома трчање во место Ај некој од поискусните на оваа тема да ми каже дали е тоа ефикасно како и трчање то во природа или воопшто не е? Пошто сакам да трчам ама немам ни место каде а и немам и друштво...сама нема шанса.
Почнав во Мај и трчав како една недела. Повеќе од 3круга неможев да направам едно по друго и се откажав. Планирам од утре пак да се вратам, само ќе ве молам тие што се поискусни да ми кажат како треба да се хранам и некои вежби за стомакот за да има резултат
И мене ме интересира за трчањето во место дали има резултати како трчањето во природа? Трчав завчера во место и за 3 минути бааѓи се изморив.
@m2m2m2, @Lux Секако дека има ефект, битно е да се трошат калории а дали ќе биде трчање во место, во соба или надвор е секундарно исто како што е сеедно дали се скока на јаже во соба или на отворено. Иако се смета дека џогирањето надвор троши повеќе калории и е преферирачки метод, при трчање во место можете да имате одлични ефекти со правилно подесување на темпото како и висината на која ги подигнувате колената при трчањето. Јас варирам неколку секунди во место па трчање неколку метра до еден зид на собата па се вртиш па пак неколку секунди во место па трчање до другиот зид на собата а правам и осмици како и движења наназад и во сите правци. Со тоа постигнувам скоро ист ефект како џогинг надвор. Мене ми е најубаво бос но на тепих. Друга варијанта е циклично трчање, 30 секунди трчате со забрзано темпо па неколку минути со побавно па пак забрзано па пак побавно ама тоа треба внимателно не одма да се преморите па да морате да прекинете со трчањето. Со правилно и редовно трчање во место ќе имате исти или многу слични резултати како трчање надвор така да слободно почнете а резултатите нема да изостанат
Јас почнав минатата недела според еден план за почетници што го најдов тука (првата недела 21 мин трчање од кои 1 минута трчаш, 2 одиш). Планот ми беше трчање секој 2 ден. Првиот ден се убаво трчав како што треба и се ок, ама другиот ден кога станав не можев да згазнам, изгледа требаше со помалку минути да почнам
дечки јас порано многууу трчав бев најбрза од девојчинАта од улица сеа пред 4-5 месеки скроз се повлеков дома пред пц и се згоив.... инаку ме интересира колку се 100 калории..поточно коклу калории треба да се согорат за да се изгуби килце??
Колку калории ќе се согорат зависи од почетната тежина како и темпото на трчање така да калориите треба да користат само како почетен репер. Сепак со просечна тежина од да речеме 50 кг се согоруваат некаде 200 калории за пола саат или 400 за саат трчање во место со некое просечно темпо. Ако секој ден се трошат по 400 калории повеќе отколку се земаат со храна (мора да има дефицит) за околу 9 дена (ден повеќе или помалку) ќе се симне околу пола кило. Повеќе од кило на недела и онака не се препорачува за да не дојде до губење на мускулна маса.
Трчав цела недела секој ден од понеделникот до денес по 45-50 мин комбинирано со одење (за одмор) и ослабев 2 кила. пресреќна сум. Исхраната ми беше сл: поручек 1 банана и праски, и вода, ручек: што ќе ми текнеше од варени јајца, компири, супи па до пилешко месо и салати многу, некогаш и само салата (шопска). Навечер после трчање само вода, а некогаш и јогурт во зависност од потребите И планирам да продолжам вака за 2 недели ќе бидам тамам. Не се откажувајте, трчајте оти така најбрзо се слабее. Проверено
А јас би сакала да прашам следново, колку изнесува растојанието на кеј во Аеродром од Вучко па до крај ли е тоа на кејот, што ли да е кај што има нешто као мини игралиште, кај мостот, по скалите нагоре се излегува на улицата што води на раскрсницата измеѓу Аеродром и Лисиче? Е сеа као шо објаснив ако ме разбра некој јас ја Трчам веќе 5 ден, а се зачудив пошо веќе вториот ден со ептен бавно темпо во еден правец истрчав без прекин до крај, а се враќав назад со брзо одење? Колку километри е тоа (вака да имам ориентација отприлика да знам). Фала многу дечки
Мене ме интересира дали е препорачливо да се јаде пред трчање,не да јадеш па одма да трчиш ,но еве да кажеме минимум пола саат пред трчање.Јас пробав гладна да трчам ама ми се лоши и сега јадам по малце ,па пу пу да не се онесвестам