Џогирање

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 2 август 2011.

  1. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    782
    Луѓе а џогирате ли без друштво? Досега секогаш сум одела со другарки но летниов период ми откажаа...
    Се надевам нема да изгледам како чудак ко ќе одам сама... :wasntme:
     
  2. BornToBeWild

    BornToBeWild Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2011
    Пораки:
    21
    Допаѓања:
    15
    да и баш не ме интересира што мислат лугето за тоа бидејќи таков ни е менталитетот :^) слушалки на уши и ноу проблем :D
     
    На XMaN му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    И јас планирам да почнам, сум повеќе за соло трчање, а ми се понудија неколку луѓе, за друштво. Прво, ептен ми е блиску таму каде што планирам да трчам, не сакам да чекам некого, па ај тој побавно, јас побрзо и обратно, па ќе се тегнеме, па паузи... Сакам по мој терк, најрадо би трчала сабајле кај 5, 5 и пол, отколку навечер, не се диши и е спарно, а многу е можно додека дојде вечерта да ме примрзи :^) .

    Е ако трчате на стадион/кеј, ставете слушалки и немате мака. Ама јас планирам да трчам по прилично прометен пат (со возила) така да немојте со слушалки ако одите по вакви патишта, да не ве збрише некоја сканија. Мора да внимавате. :)
     
  4. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.394
    Пол:
    Женски
    Јади 1 сат пред трчање така е најдобро, оти ако јадеш пред трчање немаш енергија, желудникот ти ја троши цела енергија за варењето на храната ;)
     
    На BornToBeWild му/ѝ се допаѓа ова.
  5. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Тоа не ти е многу паметно зашто ќе се наголташ издувни гасови заради забрзаното дишење. Од една страна ќе добиваш кондиција од друга си расипуваш здравје, многу е подобро да трчаш на почисто место каде нема фреквенција на моторни возила :) .
     
  6. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.466
    Сабајлево почнав со трчање, на фудбалско игралиште уште во 6. Си ветив дека до одмор секое сабајле уште во 6 ќе трчам. :)
     
  7. Unfaithful18

    Unfaithful18 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јануари 2010
    Пораки:
    2.392
    Допаѓања:
    1.117
    Пол:
    Женски
    Трчам веќе месец дена, на фудбалско игралиште. Кога почнав да трчам се изненадив од тоа колку сум немала кондиција. Абе едвај еден километар ќе истрчав и тоа со одмори, а после имав и болки во нозете. Среќа голема што имав желба и не се откажав. Почнав постепено да ги зголемувам километрите и сега моментално трчам по 4-5 километри (тоа ќе му дојде 10 - 13 круга) со паузи. Во меѓувреме правам стомачни но од 20-30 оддеднаш не можам да мрднам :$ Инаку трчам со боси нозе, бидејќи прочитав на нет дека на тој начин газиме на цела нога, тежината паѓа на целата нога и се избегнуваат болките во стапалата, зглобовите и листовите, па можам да потврдам дека е точно.
    Ме интересира е дали кога трчате се наоблекувате за да повеќе се испотите? Јас по препорака во почетокот се замотував со ќесиња (обични) и облекував боди, но сега во темата за појаси за трчање прочитав многу негативни мислења за нив, и престанав да го правам тоа.
    Трчам приквечер накај 7 часот, а преку ден скокам на јаже во дворот :) Денес скокнав 5 пати по 100. Сакам да ослабнам малку, ама си јадам нормално. Добро сега е лето и јадам повеќе лесна храна и еднаш до двапати во денот. Можам да се надевам на симнување 2-3 килца или тешко? :lol:
     
  8. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    А не не, не е до толку прометен, локален пат е. :D За 20-25 минути колку јас што трчав, можда 10тина коли поминаа. Мислев на тоа дека сепак не е за со слушалки, има многу велосипедисти а нема посебна патека, така да...

    Иначе мене мнооогу ме убиваше ногата, онаа што лани ми беше во лонгета. Два-три дена отпосле накривнував малку, не ми беше најсјајно баш. Другарка ми ми вика дека патот бил несоодветен, подобро на стадион да сум трчала (има таква текстура патеката, не е асфалт). Што знам, ќе видам.

    А и патиките не ми се баш нај, нај... Трчам со едни стари, не сум баш во можност да си купам квалитетни патики за трчање. Можда ќе пробам со брзо одење, наводно се добивал истиот ефект. :^)

    Ама чувството после трчање е прајслес. :D
     
  9. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Е тоа е веќе нешто друго, како сме наголтани издувни гасови од твоите 10 коли нема ни да осетиш :D.

    Малку ќе искоментирам за патеката и патиките :) .

    Има право другарка ти дека трчање на асфалт или бетон повеќе ги оптеретува стапалата и зглобовите него тартан или трева. На стадион има тартан и ако си го допрела со прсти знаеш дека е мекичок не е бетон. Најубаво е да трчаш на трева (кеј на пример) или тартан а бетон/асфалт ти е втора опција ако ги немаш првите две.

    Сепак многу трчаат на асфалт но тука ќе те советувам да земеш квалитетни патики. Јас лично имам лошо искуство со трчање во несоодветни патики зашто не се познава одма но после неколку дена ќе почне дел од стапалото да ти се набива а не мора веднаш да осетиш. Ти си имала нога во лонгета и без разлика шти ти е помината штеди ги нозете и не ги оптеретувај непотребно.

    Мој совет за почеток додека имаш несоодветни патики трчај што почесто на мека подлога место на бетон (тартан/трева/земја) а ако трчаш на бетон не се форсирај премногу а во меѓувреме штеди пари за добри патики за трчање. Тоа е инвестиција која ќе ти трае неколку години а ќе ти чува нозете да останат здрави.

    После секој џогинг обавезно застани во свеќа да ги релаксираш вените на нозете.

    Happy jogging ;)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Stoimenovska

    Stoimenovska Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јули 2011
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    2.182
    Сакам.. али кај нас во градов ретко кој се одлучил за тоа, многу пати им велев на другарките, не сакаат, а сама не ми иде некако :?:
     
  11. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    А кои се всушност добри патики за трчање? :$
     
  12. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.466
    ^Спортските. Со ваков ѓон
    [​IMG]
     
  13. m2m2m2

    m2m2m2 Популарен член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    1.517
    Допаѓања:
    1.059
    Епа да си земам едни вакви ако не :?: Ако трчам, да трчам ко што треба :)
     
  14. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.525
    Допаѓања:
    92.156
    Пол:
    Женски
    Како за прв пат не сум лоша, трчав 5 мин. една одев и така половина час. Па изодев плус речиси километар потоа. Ама многу ме боли долниот дел од стомакот, нормално ли е? Треба да поработам малку на дишењето, зошто тешко ми оди преку нос, дишам преку уста, па ме болат непцата.
     
  15. The.Pink.Angel

    The.Pink.Angel Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    497
    Допаѓања:
    132
    Користете ли најлонски фолји кога џогирате и дали се слабее со нив ? од ѕтре почнувам да џогирами плус тоа вежбам секој ден :)
     
    На NewGirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. pamelche

    pamelche Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    5.658
    Допаѓања:
    17.466
    Абе можеш и во обични стартки да трчаеш. Само овие се поудобни за трчање.
     
  17. LittleFairy

    LittleFairy Популарен член

    Се зачлени на:
    30 април 2012
    Пораки:
    1.427
    Допаѓања:
    1.935
    Ja па минатата година трчав со стартки ама после многу ме болеа стапалата , ич не ми беа удобни за трчање ама сепак, тоа си е ваш избор, инаку сеа планирам други да си купам некои поубави и поудобни за сеа коа барем неколку степени ке се залади , да попладне може ама нема ваљда на 50 степени да трчам :lol: сеа само вежби дома ништо друго :) (евентуално ако попладне некогаш можам :) )
     
  18. lackygirl

    lackygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    24 септември 2010
    Пораки:
    7.105
    Допаѓања:
    24.394
    Пол:
    Женски
    Јас трчам со Најк оригинални баш за трчање и многу ми е удобно имам трчано и со обични ама многу ме болеа стапалата, има разлика.

    Туку друго ми беше муабетот :D до сега трчав на трева во стадион, денес за прв пат се пробав на асфалт (50мин комбинирано со малку одење за одмор) и многу ми беше потешко :sweat: и сега ме боли мноооогу левава нога од прсти до колено :^) незнам што да и правам.
     
  19. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Ќе ја одмориш ногата неколку дена да престане да те боли и ќе продужиш трчање со забавено темпо, помало растојание и со поголемо внимание нозете да имаат време да се адаптираат на потврдата подлога :)
     
    На lackygirl му/ѝ се допаѓа ова.
  20. danniela5

    danniela5 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2011
    Пораки:
    1.308
    Допаѓања:
    881
    Пол:
    Женски
    Немаш кондиција изгледа Марамке . Или пак долго време немаш трчано. За 10 тина дена ако продолжиш со трчање нема да осеќаш никакви болки :) .
     
    На marama му/ѝ се допаѓа ова.