Џогирање

Дискусија во 'Фитнес' започната од SexiLy, 2 август 2011.

  1. MidnightFlower

    MidnightFlower Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2010
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    48
    од утре и јас почнувам да трчам, до сега на Google Maps си одредував рута и излезе дека имам 1 километар во еден правец и уште 1 за назад, се надевам нема да се исфорсирам иако долго време не сум трчала :D
    ќе идам со полесниот начин, трчни пооди, трчни пооди :D
     
  2. ocila

    ocila Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 април 2012
    Пораки:
    5.513
    Допаѓања:
    1.900
    Еднаш неделно и сум задоволна јас трчам со после 9 навечер или пред 7 наутро..
     
  3. slatkichKa123

    slatkichKa123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2011
    Пораки:
    598
    Допаѓања:
    343
    Девојки, знаете ли колку километри има од скејт парк дo парк на франкофонија?
     
  4. SexiLy

    SexiLy Популарен член

    Се зачлени на:
    27 април 2011
    Пораки:
    500
    Допаѓања:
    2.109
    Пол:
    Женски
    Истрчав 10 км утрово.
    Лажам, трета крофна ми е од сабајле.
     
    На The.Pink.Angel, Golden, Divajn и 12 други им се допаѓа ова.
  5. dunika

    dunika Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 март 2012
    Пораки:
    3.841
    Допаѓања:
    95.132
    Пол:
    Женски
    утре се пуштам на стаза кај 4 саат..ова не се трпи веке...беше претопло,па дожд некој глупав фати,ми се направи голема пауза..
    иначе мојата траса е од влае до кај градски парк и назад..слушалки на увце,си подтрчнувам па ке си поодам малце и така-се вракам како нова!џогирањето мене лично чуда ми прави,ем стегнато газе ем ладна глава и здрави нерви..
     
  6. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    А што ќе правиме сега на ладново? :worried:

    Јас сеќавам веќе ако отидам малку покасно од пладне кога е најтопло, кај 5, 6, дека воздухот ме сече во носот. Ами кај е цело зимо пред мене... Како трчате зимно време? Или да не се мајтапам по ладно, а? :?:

    Таман ми се заарни и направив каква-таква кондиција.
     
  7. green.eyes

    green.eyes Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 јули 2011
    Пораки:
    2.886
    Допаѓања:
    31.524
    Пол:
    Женски
    Doozy, а да пробаш со теретана? Некоја што има ленти за трчање, степери, орбитрек... Нормално дека не е исто како на воздух, нема апсолутно никаква споредба, ама во зима стварно не е баш најарно трчање надвор :worried: Освен тоа, ќе си вежбаш и на другите справи и ќе се затегнуваш ;)
     
    На butterfly33 и Doozy им се допаѓа ова.
  8. XMaN

    XMaN Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    1.307
    Допаѓања:
    2.371
    Не се трча ако ти е непријатно при дишењето заради студот така да чим многу залади трчај дома во место (слични резултати ќе имаш иако е малку досадно) или скокај на јаже :)
     
    На Doozy му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CuteEva

    CuteEva Популарен член

    Се зачлени на:
    24 септември 2012
    Пораки:
    144
    Допаѓања:
    131
    леотот трчав секој ден освен недела и паузирав у месец една цела недела. сеа почнав со теретана, не е исто секако надвор трчање и на лента но сепак тој е ефектот
     
  10. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.553
    Пол:
    Женски
    Изгубив желба за џогирање периодов некако, ме мрзи, а и се мислам на факултетот и немам баш некое слободно време. Како и да е од пролет ќе си почнам пак со џогирањето ете кај ми е кеј, секој ден по еден час доста ќе ми е.
     
  11. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.979
    Јас денеска трчав само 3км, одев 1... И оп, за првпат - грчевииииии! :o Како бе така сред трчање, а? Се загревам, се тегнам и пред и после трчање, и мислам дека не грешам никаде. Изгледа се напнав и јас, затоа и прекинав после третиот километар.
     
  12. Miss.Sweet

    Miss.Sweet Популарен член

    Се зачлени на:
    27 октомври 2011
    Пораки:
    1.002
    Допаѓања:
    4.538
    Некоја феминка за трчање од Аеродром - мост близнак?
     
  13. CIA

    CIA Популарен член

    Се зачлени на:
    17 мај 2011
    Пораки:
    1.525
    Допаѓања:
    3.029
    Девојки со трчање,нозете слабеат во горниот дел,само се затегнуваат,или па се зголемува мускулот?
     
  14. Sunchild

    Sunchild Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    197
    Допаѓања:
    361
    Трчав околу 17-19 години вкупно, нозете ми беа топ, задникот (а имам топчест и испрчен нормално но тесни колкови) малку ми се намали но џогирањето(особено со кучето мое во природа) ми е top of the top!
    Е сега малку ми се оптоваруваат зглобовите, но трчам со квалитетни патики и уште поважно на мека подлога(земјен пат).
    Едвај чекам да се засуши патеката од кал и да почнам повторно!
     
  15. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.077
    Бидејќи трчањето ти е кардио тренинг прво ќе се согоруваат масните наслаги, а потоа ќе се оформува мускилот по природен пат. Значи мускулот само ќе се оформи, ќе се зацврски, а нема да ти се „набилда„ т.е. да ти се зголемат нозете или задникот, само ќе си ја добие формата која му е генетски предодредена. Кожата нормално е дека ќе ти се затегне, ако имаш масни наслаги ќе ги стопиш значи ќе ослабеш ќе се намали обемот било тоа да е на задник или на нозе. + со трчање ти се движиш значи и раце и нозе и грб и стомак се ќе се зацврстува и обликува.
     
    На sanja.burgundy, molikaMk, CIA и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  16. asia

    asia Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2013
    Пораки:
    9
    Допаѓања:
    2
    Јас од септември редовно одам на аеоробик, ама сега откако се разубави времево планирам да почнам да трчам. Па ме интересира ваше мислење, дали само трчањето и ГОЛЕМО внимавање на исхраната се доволни за слабеење? Без други видови на вежби, да бидам попрецизна.
     
  17. inn

    inn Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 февруари 2010
    Пораки:
    152
    Допаѓања:
    29
    Имам прашање..... Што со градите? зборам за девојки со големи гради? Како да не се смалат? Дали ке се зацврстат? Дали ке се намалат? И како од сето тоа да се заштитат? Постои ли градник или топ кој ги стега и држи?
     
  18. pato

    pato Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2012
    Пораки:
    260
    Допаѓања:
    100
    Пол:
    Женски
    Па доволни се ама јас би ти препорачала покрај тоа и вежби за раце,грб,стомак.. Бидејќи вака само ќе ослабнеш а нема воопшто да се зацврстиш.Но сепак тоа е индивидуално но сметам дека несакаш да ти виси салото од тоа што ќе ослабнеш.
     
  19. marina.m.g

    marina.m.g Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 мај 2011
    Пораки:
    147
    Допаѓања:
    91
    Какви патики имате за трчање?од оние постабилните или полесни?во потрага сум по добри патики,да не бидат скапи само,не ми се даваат многу пари,а имам малце проблематични стапала,мислам дека ми се премали за моето ми тело :^) не сум дебела ама некако тесни ми се стапалата,затоа ми е многу важно да не трчам со било какви патики
     
  20. StefChef

    StefChef Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 август 2012
    Пораки:
    1.655
    Допаѓања:
    492
    Трчањето е аеробичен тренинг и не стимулира протеинска синтеза со што вие девојките познавате дефинирање и затегнување.
    За разлика ако го посветиш времето во теретана и вежбаш ќе има разлика.
    http://www.facebook.com/photo.php?fbid= ... t=1&ref=nf
    Трчањето е ок но стимулира друг вид на пат,да не бидам премногу стручен но не дава стимул за протеинска синтеза и не креира дефинирање на мускулот.
    Плус аеробичните вежби топат повеќе калории но тие се трошат во моментот,за разлика од вежбање со интензитет метаболизмот е подигнат после 48 часа.
    Комбиниција од двете работи е перфекција за подобрување на естетиката.
    Со тежински ја задржуваш мускулатурата а со кардио тренинг ги топиш маснотиите.
    Се надевам дека ти одговорив ;)