Форумџика на годината 2022
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Џои (Joey)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од Barbie-mwa, 2 април 2011.

  1. Barbie-mwa

    Barbie-mwa Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    1.237
    Допаѓања:
    527
    Пол:
    Женски
    Од трите продукценти кои стоат зад мега-успешната серија "Пријатели" ни доаѓа долго отчекуваната хумуристична серија "Џои". Matt LeBlanc повтортно ја преземе својата улога од "Пријатели" - шармантен и сеуште самец Џои, кој се сели во Холивуд со надеж дека навистина ќе успее како глумец.

    Џои се опростува со времето кога пријателите му беа семејство и со отворено срце ја чека приликата кога членовите од семејството ќе му стана пријатели. По повторната средба со својата "нападна" сестра Џина снажна и сексипилна фризерка, Џои се вселува во нејзината куќа каде што живее и нејзиниот 20 годишен син гениј, кој е многу добар научник. Тој му станува многу добар пријател, таков како што неговиот внук можел само да посакува.
     
  2. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.794
    Ни доаѓа? Па стар е серискиот :wasntme:

    Како и да е, првата епизода кога ја гледав, ми беше чудно, но потоа се навикнав за на крај сосема да ме обземе и да ја засакам премногу. Одличен е серискиот, солзи ми течеа особено на епизодата посветена на Свети Валентин. Сите ликови се супер. Џина, нејзиниот nerd-аст син, адвокатката која вечно го чека својот маж во првата сезона, Stifler's mom е едноставно секогаш Stifler's mom за мене итн. итн.

    If I could rearrange the alphabet, I would put U and I together. Една од многуте омилени фрази од серискиов :D

    Џои е едноставно, Џои! :)
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  3. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.575
    Допаѓања:
    9.636
    Џои ми е омилен лик од Пријатели. Ама серијава неможев да ја гледам. Може ја почнав во лош момент, само што ја завршив Пријатели и фатив оваа да ја гледам, и успеав само 2-3 епизоди. Ми фалеа другите ликови и некако ми беше многу носталгично :)
    Ама сега ме потсети па дефинитивно ќе пробам пак да ја гледам, не се сомневам во џои хуморот :D
     
    На Barbie-mwa му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.479
    Joey во споредба со Friends? -Чиста нула по мене.

    Премногу аматерски и несредена ми личи. Бледа копија и лош обид за стар успех.
    Епизодите, ништо посебно.

    Глумата на Мет е разочарувачка, а воедно серијалот ми ја уништи сликата за Пријатели. Така нов живот, потрага по слава и слично. Крајот на Пријатели јас го крстив И си живееја среќно до крајот на животот, што воопшто не се уклапа со Џои.
     
  5. LittleDevil

    LittleDevil Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јули 2011
    Пораки:
    1.696
    Допаѓања:
    1.912
    Пол:
    Женски
    Јас си ја гледам серијава. Навистина не може да се спореди со Friends, но сепак и не е толку лоша :)
     
  6. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.806
    На почеток, кога почнав да ја гледам, ич не ја сакав затоа што ми фалеше цела екипа од Френдс.
    Сега... кога ќе подразмислам, и не е така лоша. Џои си ја задржал истата неповторлива смисла за хумор :D Ама она How you doin'? ;) многу ми фали, веќе не го прави во новава серија.

    Иако можеби очекувале дека ќе има висок рејтинг поради тоа што Мет глуми во неа, не и‘ е ни до колена на Френдс.

    Просечна ми е. Онака, за тепање време, ако веќе нема ништо друго на телевизија.
     
  7. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.463
    Допаѓања:
    7.827
    Пол:
    Женски
    Хахахахаах само заради него гледав Пријатели. Незаменлив е Џои :*
     
    На LittleDevil му/ѝ се допаѓа ова.
  8. TS-310

    TS-310 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јуни 2011
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    37
    Не е исто што и Friends. :( Серијава не е лоша,ама некои случки,па и цели епизоди не ми се допаѓаат
     
  9. d.Darla

    d.Darla Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    661
    Допаѓања:
    160
    Секогаш кога пробуваме да споредуваме серии, се добива истото чувство. Џои како серија не треба да се споредува со Пријатели (сите досега серии , како ја запознав мајка ви, исто така, ги посредувале со Пријатели и остануваме разочарани на крајот). Мене искрено серијата ми е просечна,а ми е жал што се снимија само 2 сезони.
     
  10. crtanfilm

    crtanfilm Нов член

    Се зачлени на:
    28 април 2012
    Пораки:
    581
    Допаѓања:
    79
    На почетокот едвај ја чекав и навистина не беше лоша ама не беше како пријатели :) не знам дали ја има уште
     
  11. Mrs.Cuper

    Mrs.Cuper Популарен член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    2.554
    Пол:
    Женски
    Интересна беше и оваа серија, иако Пријатели беше далеку подобра. Криво ми е што ја прекинаа серијава, иако добра приказна имаше барем Џои да завршеше со среќен крај, али тоа е :)
     
  12. simpaticnaa

    simpaticnaa Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2012
    Пораки:
    1.012
    Допаѓања:
    683
    joey супер серија е гледав на фоxлифе ама сега нема :(
     
  13. NewYorker

    NewYorker Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 октомври 2012
    Пораки:
    387
    Допаѓања:
    95
    Ллелее го обожавам,од секогаш ме смеел со неговите бисери и глупости.А исто така и со неговата реченица:How you doin? :rofl: