Џон Р. „Џони“ Кеш (26 февруари, 1932 – 12 септември, 2003), роден како Џ. Р. Кеш е американски пејач-текстописец, актер и автор, беше нарекуван еден од највлијателните музичари на дваесетиот век most. Иако примарно е познат како кантри музичар, неговите песни и звуци варираа во повеќе жанрови како рокабили и рокенрол посебно на почетокот на кариерата—како и блуз, фолк и госпел. Кеш е познат по својот длабок, бас-баритон глас, по неговата бунтовност, заедно со тмурното и скромно однесување, по неговиот обичај на бесплатни концерти во затвори и по неговата црна облека, со која го заработи прекарот, „Човекот во црно“. Во голем дел од музиката на Кеш, посебно во подоцнежната кариера, има теми на тага, морална болка и спасение. Мои омилени негови песни ми се: „I Walk the Line“, „Folsom Prison Blues“, „Ring of Fire“,„A Boy Named Sue“, „Hurt“.... Дали некој го слуша, има некој коментар за него, за неговата музика...Се надевам дека нема да си зборувам сама со себе За крај, еве неколку песнички: http://www.youtube.com/watch?v=xyvFhrDzLfY http://www.youtube.com/watch?v=Aq344ks1ieg http://www.youtube.com/watch?v=eJlN9jdQFSc