Џон и Кејт+8 (John and Kate+8)

Дискусија во 'Серии и емисии' започната од innablood, 14 април 2011.

  1. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Реално шоу за секојдневниот живот на американскиот брачен пар, Џон и Кејт Госелин и нивните осум деца, кои се соочуваат со убавиот и тежок предизвик - одгледување на „куп“ дечиња. Jon & Kate Plus 8 е една од најгледаните шоу-серии во САД.

    Дали ја гледате оваа емисија, и дали ви се допаѓа?
    И Како ви се допаѓа новата сезона Кејт+8?
     

    Прикачени фајлови:

    • johnandkate.jpg
      johnandkate.jpg
      Големина на фајлот:
      58,4 KB
      Прегледи:
      444
  2. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    Јас ги гледам често, интересни се. Лудница е дома :D
    Mногу ми се слатки дечињава, ама ми се допаѓа што се послушни и не се разгалени.
    Само што на почетокот беа интересни, а се повеќе не ми се допаѓа Кејт.
    Да не речам дека ич не ја сакам во новово шоу. Порано она беше против силикони, речиси се дома си работеше, она си ги чуваше децата, при крај на претпоследната сезона прв пат земаа дадилка, добро си имаа и чистачка, али Кејт многу работеше по дома.
    Е сега она е со силикони, дома и чистат и и ги чуваат децата, она е исфенирана испеглана со вештачки нокти, оди по интервјуа, фуфица е и многу ми се прави важна. Веќе нема спонтаност некако во шоуво.
    Така да го чуствувам крајов на шоуво, не го бива, шмизлосувањето на Кејт го расипа.
     
    На lolyta777 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Не знам до кај стигнале зошто ми испари таа програма, само прочитав на нет дека се развеле и дека џон имал некоја друга....разни приказни за кој никогаш нема да знаеме дали се точни или се е глума.
     
  4. irenna

    irenna Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2009
    Пораки:
    3.096
    Допаѓања:
    4.393
    Пол:
    Женски
    Сега е само Kate Plus 8, се разведоа.
    Ги гледам понекогаш , децата ми се интересни особено тоа со наочарчињата :)
     
  5. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    Баш вчера фатив малку на Travel&Living. Не сум во тек баш, ниту пак знам која сезона е оваа што ја гледам, ама уживам кога и да седнам пред телевизор за да ги гледам. Огромно семејство се, ама ми се допаѓа тоа што се ептен организирани, а децата се стварно добро воспитани.
    Инаку баш вчера другарка ми ми кажа дека се развеле и баш ми е жал. Само што сега целиот смисол на шоуто ќе се изгуби, а освен тоа - целата смисла на семејството. :worried:
     
  6. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Жалосно што се разведоа, затоа што мислам дека опаѓа рејтингот на гледадност.
    Порано некако беа така собрани сите заедно фамилијарно, секаде заедно одеа, ги шетаа дечињата, нон-стоп беа фокусирани на децата, а сега мене ми изгледа дека Кејт само се рекламира затоа што сака да создаде некоја кариера и затоа не е веќе интересно, како што беше некогаш.
     
  7. baby.90

    baby.90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2011
    Пораки:
    457
    Допаѓања:
    190
    Ги обожавам дечињата !! Најслатки ми се, посебно Алексис :) Лудо и откачено мало девојче.
    Кејт е супер мајка, секоја чест за нејзе, а и парите кои ги зима од снимањето на емисиите ги троши на децата и ги носи секаде.
    За Џон, ако е вистина дека ја изневерувал, (ако не е само трик за поинтересна да биде емисијата) срам да му е! Човекот е гревче! При 8 деца да се разведеш, мислам ???? Шу*ак!!
    Мн често ги гледам и баш ми се супер. ;)
     
  8. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    567
    Тоа е и најтрагично. Прво се бореле за деца. После коа дознале дека втората бременост се 6 се молеле сите да се родат живи. Успеале на некој начин најтешкото да го поминат. И сега овој го снемува. Па и таа, другата...Како само може со човек на толку деца, златни деца, нема ли грев. Значи немам против, оние кои се разведуваат да продолжат со животот, но сепак да се најдам во таа ситуација прво би пробала да му укажам, како жена и како мајка што значи таткото, би пробала по секоја цена да го натерам да не се откажува тек така од тој живот, зошти знам како би ми било мене.
     
  9. innablood

    innablood Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 февруари 2011
    Пораки:
    788
    Допаѓања:
    1.322
    Па мислам дека сето тоа е маркетински трик, само колку да биде поинтересно, да не се врти се во круг, да не биде монотоно и за да биде гледана емисијата затоа се развеле(бар така мислам). Иначе никако не ми е логично да се разведат при осум деца, како Кејт може да се справи со толку деца, а да е сама? :^)
     
  10. LadyN

    LadyN Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 октомври 2010
    Пораки:
    265
    Допаѓања:
    124
    Кејт може да се справи со осум деца заоа што не е сама, има многу помош. Оваа ми е најинтересната серија на travel&living, освен таа со невестинските фустани, what not to wear и операциите хахаха Ретко гледам телевизија ама некоја вечер кога ќе им седнам(како оваа), ама ај да не забегувам.Моментално во новата сезона се нели разведени со Џон што ми е многу тажно и снимаат само кај Кејт кога се, а после тоа ја даваат таа сезона кога малите имаат 4 години... ПРЕслатки ми се, такви со коси очиња... имаше уште нешто како додаток во светот на Кејт и таа зборуваше за целата таа збрка околу разводот, па демек и пробал да и го земе старателството дрн дрн за нејзината кариера. Мене женава ми е баш симпатична и уживам кога ги гледам.
     
  11. angel92

    angel92 Популарен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2011
    Пораки:
    1.248
    Допаѓања:
    1.729
    Секогаш кога на сестра ми е тешко со внука ми, нонстоп ја потсеќам на емисијава и ја прашувам како Кејт се справувала со децата :) И и давам подршка за да ја гледа внука ми и да не се нервира. А иначе ова ми е една од омилените емисии од Travel&living .. Ептен ми е интересна за гледање. Треба да имаш живци а и енергија да се справиш со 8 деца. Па сите тие треба да научат да одат па да ги пазиш да не паднат,да не се повредат. Да ги преслечиш, да ги нахраниш, да ги нараниш, да ги однесиш на школо. Браво за Кејт!
     
  12. OrdinaryGirl

    OrdinaryGirl Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2010
    Пораки:
    1.453
    Допаѓања:
    490
    What the hell happened with Kate?!
    Не знам која сезона ја следам, ама сигурно не е најновата! Ја видов на слики, пуштила коси, нокти, а имала и нова љубов - нејзиниот телохранител. Развод после 10 години брак со 8 деца! Наводно и Џон имал нова врска и не планирале да бидат повторно заедно ниту заради децата.
     
  13. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.159
    Допаѓања:
    15.272
    ^ и има силикони, а претходно имаше емисија која што ја гледав кај што и понудија бесплатни пластични операции и она ги одби.
    Сега после разводот се предомисли.
    И баш јас пишав сега е фуфица оди по емисии, вештачки нокти, она е позната, популарна и тотално ми е сменета.
    И порано ги обожавав моментите кога со Џон седеа на каучот и раскажуваа интересни моменти и впечатоци, сега сама раскажува и тоа со поинаков тон, не се смее како порано, сериозна е, како вести да чита мислиш.
    Се помалку има спонтаност, се ми е изрежирано сега од А до Ш.
    :Down: Уааа за новата сезона.
     
    На lolyta777 и OrdinaryGirl им се допаѓа ова.
  14. Dushica-sk

    Dushica-sk Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    5.048
    Допаѓања:
    3.909
    Еве баш сега гледам и заедно се и се е ок . Не е најновата а :D До сега им се восхитував ама по ова што го кажа Росоњерка .. жал ми е за децата само :(
     
  15. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Последнава сезона не ја ни следам, најискрено ме нервира Кејт и се согласувам со Роси, секој потег, поглед, чекор, се е изрежирано, нема спонтаност. Кејт е вештачка, а Џон го нема... не ми јасно зошто скроз го исфрлиле од серијата... ако секој од нив си има свој живот и нов партнер, баш би било убаво да покажат како децата ја прифаќаат промената, разводот, како ги прифаќаат новите партнери. Не ја гледам новава сезона и најискрено не знам што се случува.
    Претходните сезони ги гледав заедно со ќерка ми и многу ни беа интересни. Најинтересни ми се Колин и Ејдан со наочарчињата, а од девојчињаната омилена ми е Алексис-алд`гејтор-така си ја викам, девојчево сака влечуги, бубачки, секакви животинчиња :) , срце е. Всучност сите дечиња са интересни, како само трчкаат, играат па и кога се закачкаат и плачат се интересни. Најмногу ми се допаѓаше тоа што беа послушни, ако им речат во ќош да одат, одма таму- без коментар :clap:
    Имаше моменти кога ќе бев дома сама и требаше да се справам и со домашните обврски и да ја чувам ќерка ми...сакам да кажам емисијава ми даде елан, си викав - Кејт може со 8, зарем јас не можам со едно на крај да излезам:lol:
     
  16. Iva-Mici

    Iva-Mici Популарен член

    Се зачлени на:
    1 август 2010
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    231
    Што знам ама оваа Кејт многу ме нервира,некако ми е многу вештачка,а па и тој маж и каков е-за никаде.Не ги пратам стално,само како ми е премногу досадно и нема ништо попаметно на тв.
     
  17. lileee

    lileee Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 ноември 2010
    Пораки:
    97
    Допаѓања:
    11
    мене ми се допаѓаат и тоа многу.ги имам гледано сите емисии до сега барем така мислам.кејт ја гледам како упорна жена која успева во се во животот и сака секоја шанса што ќе и се пружи да ја зграпче силно .силна е и знае како стигнала до нејзината слава сигурно не и е лесно .а тоа што има силикони и не е баш нештоо за разочарување затоа што кога би имале пари сите би гледале да сториме нешто со нашата убавина.ја оправдувам во секој случај.но го оправдувам и џон затоа што човекот се жени млад и цел живот наназад му е полн само со деца а се оженил само на 21 година што претсатвува за машкото неизживеаност.и сега кога има толку пари сигурно ќе почне да изведува ,да не бидеме скромни ретко кој кога ке допре до пара не почнува да изведува .единствено што не оправдувам во оваа сето шоу е појавата на децата во јавност и камерите кои насекаде ги пратат тие деца немаат приватност и еден ден ке го почуствуваат тоа .сепак мислам дека за детската психа е тоа премногу.но шоуто мора да продолжи зошто му е е единствениот извор на пари и живеат на висока нога.секој би живеел кога би можел.децата и се многу слатки и мислам дека се доста нервозни и агресивни што дури и ги избркале од некое училиште каде што оделе така читав незнам колку е вистина сето тоа.во целост гледано убаво е да се гледа шоуто но е тажно за децата .
     
  18. COolgirL93

    COolgirL93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    12
    Често ги гледам на Travel and living и стварно не знам како ги издржуваат сите деца :D. Инаку интересни се и чув дека се развеле Кејт и Џон.
     
  19. fatbeautiful

    fatbeautiful Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2011
    Пораки:
    161
    Допаѓања:
    57
    И јас исто така често ги гледам многу ми се интересни а за Кејт време беше да си дозволи задоволство и за нејзе ај ставете се на незино место со толку деца :^) Иначе не сум почнала да ја гледам новата сезона,во колку часот ја даваат на travel&living?
     
  20. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.642
    Ги гледам одамна, значи сите сезони, можеби не сите епизоди но 80% ги имам изгледано.

    Претходно кога Кејт и Џон беа заедно похармонична беше серијата, некако се чуствуваше топлина во нивните разговори и мислам дека тогаш и децата беа посреќни, можеби и биле поживи дека помали :| .

    Сега Кејт е „сама“, значи сама мислам како родител, а мислам дека за дечињата се грижат две дадилки, зошто во никој случај таа сама не би можела да се справи со нив. Сепак се многу 8 деца, секое да го нахраниш, избањаш, да му посветиш внимание не е така лесно како што мислиме ние.
    За разводот, во една епизода Кејт кажа дека таа и Џон одамна неможеле да функционираат во заедница, не се пронаоѓале, имале потполно различни ставови и размислувања и дека се труделе да го зачуваат бракот поради децата но не им идело.
    Мене ми е жал што се разведоа, без разлика кој и да го добиел старателството дали Кејт или Џон комплицирано е.

    Во однос на изгледот на Кејт, па добро таа сега е на некој начин селибрити и мора повеќе да внимава на изгледот ( а не во една епизода Џон се шегуваше дека таа незнаела да си одбере гардероба, туку тој и ја бирал). Е сега тоа што има направено пластични операции или силикони е нејзин избор, можеби Џон претходно бил против тоа па сега е сама и може да прави што сака.

    А за нивните нови партнери, животот продолжува а и нив посебно на Кејт и е потребна подршка во воспитувањето на децата, доколку новите партнери се спремни да се соочат со фактот дека тој или таа има 8 деца и не им пречи тоа, нека им е со среќа :D .

    Од дечињата најслатка ми е Лија, толку е мила и слатка чудо едно, како малечко бонбонче ми е :) .