Во првите сезони толку се сакаа,па се до последната,и читам на интернет се разведуваат.Џон ја изневерил.Со 8 деца кој го прави тоа?А последната сезона само со Кејт ја гледав само на почетокот,и го гледав тоа интервјуто со неа.Многу вештачка е станата,а децата се многу слатки,жал ми е за нив
Што се случи со нив? Ги гледав на Травел енд Ливинг, ама сега изгледа ги нема. По разводот имаше уште еден серијал и потоа почнаа да репризираа од претходно. Имаме некаква можност да ги следиме доколку се емитуваат уште?
Се разведоа Џон и Кејт, децата и ги доделија нејзе, таа се обиде да направи сама реално шоу, но Џон не даде согласност да ги снимаат децата и се пропадна во вода. И така веќе не беа интересни, се беше присилено. На ТЛЦ имаше многу поинтересна серија, Маса за 12 (Table for 12) што за жал ја прекинаа
Порано ги гледав на тв, сега не.Ми беа интересни, но некако многу ми делува филмувано, вештачки некако во нивното однесување, арогантно, разбирам да имале популарност, но како само тие да имаат толку деца, џоа други луѓе во светов, немале/ат и не преживуваале/аат никакви маки.Од таа гледна точка, воопшто не ми се допаѓаат како карактери.Плус и секогаш кога е ново, е интересно и доминантно, а после откако ќе ја достигнат славата, веќе им опаѓа квалитетот итн.Сега како што и слабо гледам телевизија, та за нив, најмалце би гледала, дури ич.Ако смислат нешто поиновативно, зошто да не, барем да е интересно.