Точно на денешен ден по повод 100 годишнината од раѓањето на Џулија Чајлд една личност која остави посебен печат во кулинарската историја го поставувам автобиографскиот филм кој е снимен во нејзина чест. Филмот раскажува две приказни едната на Џулија Чајлд и другата на Џули Пол кои се испреплетени и се случуваат во различни временски периоди, почнувајќи од почетоците на кариерата на Џулија која како жена на американски дипломат во Париз одлучува да ги презентира своите кулинарски вештини. Втората приказна е на Џули Пол која си задава цел и задача за година дена да приготви 524 рецепти од книгата на Џулија Чајлд. Сите свои кулинарски обиди за своите искуства во кујната ги забележува на својот блог на интернет. Филмот е доста интересен и забавен Ќе уживате додека ги гледате двете личности кои ги презентираат своите кулинарски вештини и пријатно ќе се забавувате. Улогите на актерите се феноменални почнуваќи од маестралната Мерил Стрип која одлично го доловува и портретира ликот на Џулија Чајлд за кој и беше номинирана истата година за оскар за најдобра женска улога а исто така освои и златен глобус за најдобра актерка. Одлична во улогата е и Ејми Адамс (одлична актерка со врвни актерски квалитети) која исто така многу добро го доловува ликот на Џули, сосема солидни во улогите се и Стенли Тучи како сопруг на Џулија(Мерил Стрип) и Крис Месина како партнер на Џули(Ејми Адамс) Режијата е на Нора Ефрон Топло го препорачувам да го гледаат филмот сите кои се лубители на добриот филм, добрата храна и готвењето сето споено во едно.
Биографски филм чие дејствие се одвива паралелно во две епохи и следи две личности Спојлер (идолот и фанот) со своите аспирации, воедно лесен и едноставен за восприемање од страна на гледачот. Секогаш може да се дознае по нешто ново кога е во прашање овој жанр на филмови.
Неколку пати го гледав, ја обожавам Мерил Стрип и како глуми, ретко добра актерка и неповторлива. Интересно е што Џули е премногу опседната со блогот кој го пишува и се и се врти околу рецептите. Инаку релаксирачки, инетересен филм, но никако здодевен, предвидлив како некои други филмови од тој калибар.
Филмов задржува внимание само ради правилниот избор на актерска екипа, Мерил Стрип со својата харизма толку природна и спонтана и Ејми Адамс, нежна, полна со ентузијазам, одлично дуо, а иначе како филм и сторија никогаш не би ми текнало да го препорачам некому.
Филмот е солиден, приказната е базирана на вистински настан, актерската екипа одлична. Секој љубител на филмови поврзани со оваа тематика со овој жанр ќе ужива во филмот.