Крај на мај правев киретажа на ГАК и една девојка во чекална ми рече дека ќе прави медикаментозен абортус. Не знам колку ти е од помош, два месеци се поминати.. Крај на декември сакав медикаментозен ама рекоа за годинава завршија апчињата. Сега 7ми месец сме, ваљда не им се завршени. Прочитав што ти се случило, со лесно. Кој знае зошто е добро сето ова што ни се случува
Ми предложија медикаментозен абортус поради неразвивање на плод ама читајќи низ форумов дојдов до заклучок дека е многу болен, па на крај голем процент пак завршуваат на киретажа. Бев еднаш на киретажа после спонтан и не беше нешто посебно болно, таму тотална анестезија после тоа лекарства... помина. Само што требаше време да помине за повторно да можам да забременам и плус подолг период се подмочнував на кивање, кашлање, скокање... што не би сакала да го имам пак. На сто ума сум, а ќе морам да одлучам. Ваши совети?
После колку време одкако се пие првото апче за абортус се пијат наредните? Др ми кажа после од прилика 36 часа. Јас некако чудно се осеќам после првото, еве поминаа 15тина часа одкако го испив, не ми е баш добро...
Со вакум е најубаво киретажа зошто знаеш дека се е исчистено.Само со вакум прават само приватниве клиники мислам.
Плодност Битола беше 9000 ден пред 6 год сега нз сиг е 11000 најмалку. Во државната Битола нема вакум. Сиг и Скопје нема со вакум на државно.
Најрано… ми касни 10 дена по преглед на мстичниот рече дека сум 3 недела и дека е рано за абортус да сум почекала уште две недели
Ако веќе ти касни 10 дена треба да си 5та недела. Колку порано толку подобро. Не знам зошто ти рекол да чекаш. Кога ти беше последна менструација? Што се виде на ехо?
На 4ти јуни ми заврши.. според тоа на ехо рече дека е мало и дека има околу 3 недели .. како што можев да видам 4мм пишуваше
Може си имала покасна овулација. Чим рекол дека си 3 недели, тоа 4мм е најверојатно сакус. Ако не ти се чека оди на клиника види што ќе ти речат.
Здраво, дали знае некој или имал слично искуство со таблети за абортус за следново. Земени се таблети вагинално после 5 6 поминати саати се извадени. Но после тоа во текот на ноќта обилно крварење но плодот е сеуште тука сега е во 26 недела. Дали може да има некоја последица? Консултација со гинеколог кажано е дека бебето не се развива доволно за своите недели дали е можно да е последица од тоа?
Ставени се таблети во рана бременост и сега прашуваш дали од таблетите бебето не се развива доволно во 26та недела? Не разбирам баш.
Ни јас не те разбрав. Таблетите се ставени на почеток на бременоста, и извадени и сега во 26та плодот не се развива доволно?