Здраво, сакам да прашам за консултација за абортус на ГАК дали се оди во гинеколошка амбуланта или? И ако некој знае цени на киретажа и медикаментозен да сподели. Благодарам
Девојки,која може од вас да ми каже како иде процедура абортирање со таблети?колку се плаќа дали се има болка и сл.
Да разговарав вчера,бев денес за бета да испитам,челам резз.и реков дека не сакам да го имам ми предложи со таблети затоа прашав.
Здраво девојки Кога барав на темата повеќе инфо а не најдов си реков да помине се ке пишам мислење, можеби ке се најде на некоја. Јас имав спонтан во 7ма недела. Добив силни болки, кафеав исцедок и отидов на доктор каде што ми констатира само сакус без ембрион внатре и ми кажа процесот за исфрлање започнал. Др ми рече контрола за 2 дена, да не избрзаме, но ситуација беше иста, ембрион немаше. Ми предложи абортус со апчиња. Јас првин инсистирав да почекаме максимално за природно да се исфрли но по 5 дена немаше промени и ги зедов апчињата. Го испив првото апче и ми беше објаснето дека после вторите апчиња ке добијам силни болки и крварење но мене тоа ми се случи после првото апче и тоа по 2 до 3 часа. Имав силни болки и крварење. Наредниот ден по 32 часа од првото ги ставив 4те апчиња под јазик (колку ке пиеш пресметуваат според тоа која недела си) и чекав. Имав само појаки менструални болки, вртоглавица и менструални крварења и силна треска. Овие два дена од мое лично искуство седете си дома. Се заврши со една доза се исфрли плодот и сега имам менструални крварења кој ми рече докторот дека ке траат и до 10 дена.
Дали откако истиот ден го добивте упатот бевте во ГАК? прашувам за медикаментозен абортус. И колку време се чека отприлика? Долга ли е процедурата?
Ти дава ама можеш и без упатот, јас немам искуство, ама од братучедка ми знам, скоро мораше така да заврши.
Само во Државна, тоа се прави под докторски надзор, немој да ти падне на памет сама и на своја рака да правиш нешто, штетно е и може да има големи последици.