Не сум присталица за ваков начин на абортирање. Најубаво прво консултација со гинеколог, денес има современи методи, а процентот за негативни последици е многу мал. Не треба да се зема се и сешто, не се ова витамини.
Aбортус Немој ни случајно да си помислила за некоја друга метода,освен кај искусен лекар на клиника или некоја проверена здравствена установа.(може звучам како некоја мајка или баба, ама не ми е јасно дали си свесна за последиците).Ако абортусот не се изврши како треба,недај Боже може да се добие сепса или пак ако ја работи некој лаик во таа област, може за цел живот да те остави стерилна.Си земаш голем ризик,па затоа не прави глупави потези со пилули и не знам што, немаш ти бактерии,па ќе експериментираш со средства за дезинфекција,се работи за нешто многу сериозно.
Искрено првпат слушам за абортус со помош на таблети, а и каков и да е абортус си е абортус (јас баш и не го поддржувам но, постојат ситуации и ситации па, се трудам да сум без предрасуди) подразмисли убаво и тоа не сама, не се го створила тој плод сама, можеби има и друго решение, посреќно . Секогаш постои ризик при абортус, не знам каква е статистиката ама и при абортус со вакум што мислам дека е дозволен само до 5та недела (не сум сигурна) постои можност да остане сосема мал дел во матката, а тоа мало делче може да те чини во најмала рака СТЕРИЛИТЕТ или сепса. Не си играј со животот и иднината, не е крај на светот ако си бремена, разговарај со партнерот ако немаш поддршка од него имаш родители, повеќе глави се попаметни од една - збунета и исплашена. А во суштина благословена си, уште не го чувствуваш во себе, а кога ќе почнеш веќе ќе ти биде касно нема шанси да мислиш на абортус
Мојата цимерка од прва година на факултет остана трудна и цело време си викаше абе не сум не сум. Ама никако да добие и наместо да отиде на лекар не знам некој ја беше излажал да се напие апче ( не знам како се викаше) и дека одма ќе и дојде.Она направи така и следно што се случи беше висока температура,повраќање, губење свест,при што мораше под итно на лекар. Таму има што да се види,цела матка полна крв, а била бремена со близначиња.Ја исчистија веднаш а таа страдаше и страда сеуште заради тоа. Со дечко и раскинаа, затоа што му немаше ни кажано нити пак побара негово мислење.Затоа девојки не си играјте со животот, добро размислете пред да направите било што!!!!
Пазете што правите девојки, терајте ги машките секогаш кондом да користат и секогаш прашувајте ги каде свршиле, а не да се опуштите, после тоа следуваат маки. Неискуството го прави своето, па така и јас занесена во убавината на сексот, полека полека веќе заборавав и кај свршил и што свршил, а машко ко машко не може да се контролира ако е многу напален ќе сврши и пред време па тоа ми се случи и мене, викаше тој ништо нема ништо, ама по еден месец не ми дојде, и одма тест зедов, и трудна бев 4-та недела. После тоа заминав на гинеколог ми го потврдија, и најдовб приватен и многу добар гинеколог кој за 4000 денари ми направи абортус, со вшмукување некој нов метод, затоа што стариот со гребење на матката бил веќе и ризичен, овој бил најнов, па со него направив, болно беше ама не како што ми опиша со гребење на матката дека било. Издржав 15 минути, после 2 часа одмор, можев и да шетам а вечерта излегов и немав никакви проблеми. Малце ми е жал, само тоа е, некои работи не се за да се случат баш тогаш, мислам дека ја направив правлната работа, сепак, фамилијата ќе ја засрамев тогаш и многу други работа ќе се случеа. Некогаш некоир аботи и не треба да се случат.
Абортусот е лична работа на секоја жена и девојка. Јас како доктор би препорачала абортус само во легални установи и нормално во стерилни услови...нека не ве заведуваат некои што ќе ви ветуваат пониски цени вакви или онакви услови...само проверено. Мора да се направи и контрола на крвната слика, опасно е кај девојки кои се Rh негативна крвна група. Денес се подобри условите во кои се врши абортусот, и воедно и компликациите се помали. Сепак постојат и некои фактори како положба на матка кај кои треба човек да биде претпазлив. Абортус со апчиња не препорачувам. Знам дека кај некои млади девојки тоа им е побитно, да не се дознае и расчуе, меѓутоа никогаш не знаете на кој начин ке реагира организмот...може да се појави животно загрозувачка состојба и да биде доцна, сепак за живот се работи. Подобро проверено отколку на своја рака, а посебно не за абортус....компликации милион....
^Како докторка би требало да знаете што е abortion pill Во МК можда не е сеуште во употреба ама во западниот свет и те како се употребува,се состои од 2 апчиња првото е Mifepristone а второто е Misoprostol инаку е попознато како RU-486. Апчево може само лекар да го даде и тоа по целосна контрола,и се дава само за прекинување на рана бременост до 8 недели,значи не е како норлево неможе да се купи на своја рака во аптека. Незнам зашто се ствара фама околу ваквиот начин на абортирање,апчево е одобрено за употреба и јас кај што работам до сега немало никаков проблем или нус појава,и е многу подобар начин ако веќе некоја се одлучила да абортира,нема анестезија,нема вшмукување на плодот како кај класичен абортус. Апчево всушност предизвикува нешто како спонтан абортус.
^ Вака пошо гледам дека си добро информирана да прашам А како всушност точно фукнционира? нели велиш нема вшмукување на плодот, тогаш што станува со плодот од коа ќе се испие апчето? само ќе искрвариш? знам дека и после спонтан абортус има пак некое вшмукување, чистење, плодот е мртов, ама треба нели да се отстрани некако..... И не ми е јасно како прв пат тука на форумов читам за апчево, ако е вака едноставно и без последици тоа е стварно голема иновација, откритие и напредок ептен е олеснета целата процедура. Мада јас мора да признаам дека сум малку скептична, дека уште не ми е јасно ова
^Во Австралија е одобрено апчево за употреба некаде пред 5-6 години,само во болници може да се дава а е и доста скапо околу 450-500долари е или 25000денари. Со првотот апче се блокира прогестеронот кој е неопходен за одржување на бременоста а второто се пие после 24 часа а тоа предизвикува грчење на матката за исфрлање на плодот. Првото заедно со второто предизвикува крварење при што се исфрла плодот а бидејќи станува збор за рана бременост неможе ни да се види плодот,ако пр ставила жената/девојката улошка нема ни да го примети(барем така ми кажале) Кај спонтан абортус се исфрла само плодот а плацентата може и да остане внатре затоа се прави киретажа,додека со првото апче со блокирање на прогестеронот се одделува и плацентата па и таа се исфрла заедно со плодот.
да, можеби е добро вака теоретски...но кој и да е плод да се абортира и во 4 недела се гледа гестацискиот сакус- односно кесичка и самиот зачеток и плус уште една работа...сите контракции на матката се болни и излегува практично плодот како и при спонтан абортус, и при секој случај на абортирање мора да се провери дали има остатоци а самиот прогестерон го спречува вгнездувањето на плодот - а за плацента е рано, се диференцира некаде крајно во 16 та недела...затоа во австралија е препорачано- но само во болнички услови што е и најисправно....секако здравјето на жената е пред се..бидејки не се знае какви компликации можат да се јават..
јас кога сакав да абортирам бев 16недела трудна и ми дадоа и апчиња ми рекоа да дојдам дома и да ги ставам ми дадоа 9апчиња, 4па 3...па после тоа да идам на лекар и да кажам дека сум добила сонтан абортус...ќе сум добила болки како за пораѓај и ке излезе бебето неживо...ама мајка ми ме продомисли и затоа сега се каам цел живот..за жал
кога на нешто си приморан мораш да го направиш....а јас заради тоа што не го направив си ги трпам последиците!!!!!
Хммм интересно е ова со апчево али би било предобро да е вистина читав на интернет дека се даваат при рана бременост некаде до 63 ден од последна менстуација и биле ефективни ако е ова толку ефикасно тогаш е супер да се одбегнат сите оние болни и непријатни киретажи значи имам да кажам само дека ако стгне ова и во македонија би било голем + за нас жените
Zdravo devojki !! Kade tochno mozham da gi najdam tie apchinja za abortus sho se,bidejki mojot ginekolog neki da mi gi daj odnosno mi kazva deka tie ne postojat odnosno postoele no poveke nee.. pozdrav
Во некоја аптека ако ти ги дадат без рецепта што не верувам. Зошто не го слушаш гинекологот?!?! Да не мислиш дека е аналгин
Па во ред е тоа да го слушам него,но ние двајца не сме во можност за да гледаме дете,поради несаканата грешка сакаме тоа на лесен и добар начин да се смири тоа,но тој не сака да ги даде,едноставно тој не е загрижен за мојата состојба.. Јас знам дека тие не се аналгин но сепак како гинеколог би требало да ти помогне кога се наоѓаш во тешка состојба,затоа јас прашав дали сеуште постојат и од каде би можела да ги снабдам позз