Па мислев ќе ги користиш како контрацепција Спојлер Ако несакаш да го задржиш бебето иди абортирај. Сувишно е да ти попувам како се прават бебиња, кои се последици итд. Ако неможеш т.е не ти ги дава гинекологот оди на друга солуција за да ја решиш несаканата бременост.....ако и во тоа не сака да ти помогне гинеколог смени гинеколог. Како и да е размисли си убаво со дечко ти и најди соодветно решение.
Во Мк намерно не се одобруваат ваквите апчиња затоа што никој нема да се придржува спрема законската регулатива на употреба на истите. Во странство се употребуваат за рана бременост од 6-8 недели, се дават исклучиво во болница и под лекарски надзор, не може да се купат и употребуваат на своја рака.
не сакам да те растажувам но не верувам дека ни тој ќе може да ти помогне за апчињата па ќе мораш да одиш да го абортираш зошто мислам дека се прават наудрени за апчињата ќе ти кажат незнам за такви апчиња или не се продаваат или ги нема во мк само оправдања
Значи ттакви апчиња во Мк има..јас ги земав ама за жал мајка ми ме предомисли и ги вратив...едно апче е 1000 зависи која недела си толку апчиња ти требаат јас бев 17 и ми дадоа 9
17 недела е скоро пола бременост, тоа не верувам дека ќе се решело само со апче, најверојатно на тоа ќе следувало некаква ургенција за санирање на последиците од апчето. Не верувам дека целосно оформено бебе можеш да го исфрлиш со 9 апчиња.
А што чекаше ти до 17 недела? И стварно е одвратно што во секоја порака нагласуваш како мајка ти за ЖАЛ те предомислила да си го убиеш веќе роденото дете. Мајка ти не те тераше да се онадиш без заштита и не ти е крива. Мислам стварно несакам да ти судам ама размисли малце што збориш. Како не ти е срам така да мислиш за сопственото дете.
Јас сум мажена но тогаш кога сакав да се исчистам мајка ми ме предомислуваше да не го правам тоа...потоа пак се смирив со маж ми и сега пак живеам со него а животот ми е повеќе и од пекол затоа!!!!
Оф Што ти е е детето криво ти што живееш во пекол. Има нешто што се вика развод, знаеш? Така нема да живееш ни ти ни детето во пекол. Жално е ова што го пишуваш.
Уф.. тешки се тие ситуации, да се одлучиш на нешто такво екстремно или да продолжиш со животот кој не те задоволува само поради бебушката. Логично е, на прв поглед кога ке го прочита некој тоа што си го пишала да те осуди- но и грешно е од друга страна. КОј знае што е правилно???????? Јас само ке речам никогаш не викај никогаш.
Здраво сакам да ве прашам за совет.Веке ми доцни 10 денови.Дали тука кај нас во Македонија постојат такви таблети за да ја прекинам бременоста или морам да одам да правам абортус. Ве Молам Помогнете
Прв пат слушам за тие апчиња и стварно се чудам ги пиеш значи со моја теориа тие дел од матката или матката ја блокират и го исфрлуват плодот но што ако имаш многу крварање можеш да умреш а какви можат да бидат контра индикаците на овие апчиња девојки не играјте со своите животи а зошто има гинеколог тој завршува факултет а ти ај на аптека да завршам работа никому ништо
Мислам дека ако си со рана бременост на гинеколог ќе ти ги дадат тие апчиња за абортус, ама таму ќе ја надгледуваат ситуацијата за да нема компликации. Секако дека неможе од аптека да си ги купиш како аналгини. Не чекај и не губи драгоцено време. Оди на лекар ОДМА колку порано толку полесно за тебе.
Оди на гинеколог прво, а за апчињата само да ти кажам имам читано на странски форуми дека се ризични, тие прават да се оддели плодот од матката и да излезе сам, но тоа било болно, и плус ако не излезе се пак ќе мораш на киретажа. Затоа ако веќе си сигурна дека не сакаш, оди на опција абортус со анестезија, полесно ќе биде за тебе, но размисли абортусот може да има и последици ( 1% од абортусите завршуваат со последица од немање деца), но има и други ризици, инфекции..., ризикот е голем. Прво добро размисли, потоа нема назад.
Абортион пилс Да постојат, но треба да се земаат само по надзор на гинеколог...еднаш баш сурфав на интернет, и баш ги препорачуваат за помлади - тинеџерски во САД...Дали во РМ постојат, не знам немав досега фала му на Бога таква потреба, но може да се праша во овие реномирани болници како Систина, Свети Лазар и други. Значи гинеколог ти ги дава двете апчиња, и добиваш спонтан абортус, нешто како менструација...Но, пак на крајот ТРЕБА да се отиде на гинеколог за да види во ехо дали навистина е прекината бременоста и се што требало да излезе надвор е излезено... Затоа дечкото за рака и директно на гинеколог, ништо не е побитно (ниту осудата од општеството, ако тоа е причината поради која не сакате да одите на гинеколог) од вашето здравје...
Моја другарка отиде кај гинеколог да абортира,тој самиот и рече не сакам да те гребам,немаш родено до сега,ќе ти дадам апчиња што ќе предизвикаат абортус,9та недела е,и даде 5 апчиња,4 да ги стави вагинално,а едното под јазик.Утре ќе го направи тоа па ќе видиме како ќе биде.Е сега нормално дека нема да отидеш во аптека на своја рака,гинекологот и рече да го направи тоа и да му се јави и ако има проблем веднаш да отиде кај него,и доколку не биде 100% исчистена тој ќе ја дочисти. Сигурно дека не може да ги ставите апчињата,да искрварите и толку.Секако дека после тоа пак треба да се отиде на преглед кај гинекологот.Не е тоа баш така едноставно на своја рака.А сега барем секој гинеколог ќе ви направи абортус и барем ќе ве следи дали ви е се ок,немојте ништо на своја рака,нема да ве издаде гинекологот на мајка ви ако тоа е проблемот со овој менталитет. Не си го ризикувајте здравјето сами да посегате секако,кога веќе има стручни лица. Ме интересира доколку некоја има вака абортирано да сподели искуство,другарка ми е малку во паника па сакам да ја утешам,во врска со тоа ако знаете колку е болно и слично. Постојат,отиди си на гинеколог,консултирај се и ќе ти каже колку апчиња ќе ти бидат потребни,според тоа колку време си бремена.
Во нашата земја тие апчиња се забранети поради малиот наталитет и пропагандата против абортус, затоа нигде не можи да се најди, го имат некои ген. ама не го даваат на секој... доколки не ви го даваат го има во грција и моја препорака е 2те апчиња да не се комбинираат бидејќи има мн нуспојави па дури и случаеви на смрт. Cytotec (misoprostol) таблетата ја користат како вагиналета ја даваат и за отворање на цервиксот пред пораѓај и во голем бр се манифестира со смрт на мајката и новороденчето. оваа таблета случајно е откриена дека предизвикува спонтан абортус ама тој можи да е некомплетен и мора да биди надгледуван од доктор и да се направи вакум аспирација или киретажа во зависност од гестациската недела.
Vaka jas imav odnosi iii toj svrshi vo mene mi kaza deka imalo tableti deka mnogu pomagale 500 denari se se vikaat "Norlevo" tie treba da gi ispies pred 72 casa posle seksualniot odnos ako pominat 72 casa nema da mozes jas go ispiv ama cekam ushte neznam dali mi pomogna .. ke pravam test za 2 nedeli ..