"Norlevo" не се за абортиранје туку за спречуванје на бременост и имат ефект само ако ги испиеш до 72 часа по незаштитениот однос,ако си ги испила пред да поминат 72 часа немаш место за паника позз
Кога бев на гинеколог првиот пат, се распрашував за абортус (чисто информативно) и ми кажа дека подобро е да се употребат апчињата за абортус, секако ако е до 8-10 недела, не знам која поточно. Подобро било затоа што немало гребење на матката и слично. Гинеколов ми кажа дека ги имало во Грција, ама еве читам низ коментариве дека ги имало и кај нас.. И добро, кај ги има, која цена се..?
Тие апчиња за абортирање чинат колку и еден цел абортус. Така да поубаво во клиника да се абортира отколку да се ризикува. Познаничка абортираше од дечко кој не беше од тука, кај нас немаше тогаш такви апчиња и тој ги зема од Косово. Јас бев во моментот со неа кога ги пиеше и не се сеќавам добро но пиеше апче, па после пола саат уште едно.... и абортусот беше брз, за 2,3 саати го исфрли плодот кој беше 6та недела, . Болки неподносливи имаше иако беше на апчиња против болки плус. Лежеше на кревет на стомак и на ивицата со нозете се клацкаше напред назад од болка.... По некој ден бевме на гинеколог и гинегологот рече дека нема веќе ништо во матката, кај истиот гинеколог потврди и дека е бремена.
И јас сум слушала за нив но сепак ќе мора после киротажа да се направи,во секој случај да не остане нешто во матката.
Таблетиве се користат во светот скоро 20 години. Се користат само за рана бременост до 8 недела и нема никаква потреба од киретажа после користењето, досега нема случај каде имало негативни последици после користењето на таблетиве. Инаку се даваат само во болница и под лекарски надѕор, не може на своја рака да се купаат и користат.
Бев 8г.н и на редовна контрола ми кажаа дека срцето на бебето престанало да чука па мораше да се направи киретажа, но во последен момент се откажав и отидов на друг доктор, таму ми ги дадоа 4те вагинални таблети Cytotec и ми рекоа дека биле побезбедни од киретажата и дека сама ќе се исчистам.Ги ставив таблетите и после 3 часа почнаа да делуваат, имав страшни и неподносливи болки (иако пиев и таблети за болки), по неколку часа почнав да крварам и го исфрлив плодот па помислив дека сега е се готово, ми се намалија болките, но не беше така...По 3-4 дена се појави лош мирис и отидов пак на контрола, ме прегледаа и ми кажаа дека не било се исчистено и повторно ми ги дадоа истите таблети, но овој пат воопшто не делуваа...по два дена пак на контрола и решија дека сепак мора со киретажа да се отстрани тоа што останало, па за два дена со целосна анестезија ме исчистија...деновиве направив тест за бременост и покажа негативен. ...Не секогаш таблетите имаат добар ефект...Јас и денес не знам дали беше подобро веднаш да направев киретажа и да не ги трпам тие болки со таблетите или сепак вака има помало оштетување на матката...
Еве јас сум ти случај каде што имаше негативни последици а и беше потребно да се направи киретажа после таблетите. Точно е дека се добиваат само од доктор.
Ama ima i tableti koi se pijat... Sega neznaeme site zboruvame za razlicni tableti, sepak sekogas kako i da e izvrsen abortusot mora pod lekarski nadzor
Може во приватните болници а ако прашуваш дали има апче кое можеш на своја рака да го испиеш и да абортираш....нема.
Да де има апчиња ама и тие се даваат само во болница под лекарски надѕор не може да одиш да си ги купиш во аптека и дома да си ги испиеш за да абортираш. Дали ги има во Мк не знам може во приватните болници веќе да почнале да ги користат.
Ah deca decaaaa utre kje se cudite kako da ostanete bremeni... Baraat soglasnost, nema nikoj da se nafati kaj maloletno devojce toa na crno da go pravi, aj da bese polnoletna sama odlucuva za nea, a vaka tesko...
Стварно не знам како си го замислувате абортусот. Ќе одите, ќе абортирате и после како ништо да не било. Не знаете изгледа дека може да има и психички и физички последици од него. Не знам како планирате тоа да го скриете од најблиските. И не, не сум строго против абортус, секој си знае како му е ситуацијата, ниту оправдувам, ниту осудувам. Ама како имате храброст сами да одите на абортус на црно, а немате храброст да разговарате со родителите и да најдете заедничко решение? Е, тоа не ми е јасно. А за твоето прашање немам одговор.
Леле бе луѓе, не се зезајте со НорЛево, Мисопростол и слично, не сте свесни кои се последици ги имаат врз телото, тотален хормонален шок и може да ви требаат години за да се опоравите. Во последно време си ги кркаат како бонбончиња... Ако веќе се осеќате зрели за секс, дај мајку му бидете зрели и за заштита, кондом или контрацептивни апчиња. Да не си ги чукате главите после...