Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Имам еден проблем и после подолго време решив да го споделам со вас и да побарам совет.
    Незнаев во која тема да го ставам но мислам дека овде највеке одговара.
    На кратко ке ја објаснам ситуацијата во која се наоѓам.

    Имам 18 год, имав долга врска од година и 3 месеци, и пред еден месец раскинавме. Имавме некои проблеми, најголем проблем е тоа што многу ретко излегувавме, имавме многу малку пријатели, тој беше многу љубоморен и ми беше забранил да се гледам со една другарка. Тоа не е се, ме имаше изневерено, јас му простив, но пред еден месец и јас го изневерив за да му вратам. Раскинавме поради сите тиа причини, тој ми се молеше но јас не се вратив. Ова е воведот сега следи главниот дел.

    Пред 2-3 недели дознав дека сум бремена. Со сигурност, на гинеколог бев. Прво бев сигурна дека сакам да абортирам но сега не сум баш. Бившиот ми вели да се смириме, да се земеме, дека тој ме сака мене а и детето и дека тој ке се промени ке излегуваме, ке бидеме срекни итн.
    Сега незнам што да правам дали да абортирам или да се омажам!?
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.316
    Си разговарала ли со твите, што велат тие, колкав е дечко ти, работите ли нешто?
     
  3. ph.orhideja

    ph.orhideja Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јануари 2011
    Пораки:
    1.132
    Допаѓања:
    45.454
    Пол:
    Женски
    Кој може подобро од тебе да знае што сакаш?!Што и да се одлучиш,СРЕЌНО.
    Сепак стапувањето во брак и мајчинството се најубави работи во животот,но треба да си свесна за предизвиците кои ги носат овие работи сами по себе.
    Најдобро разговарај со твоите родители,тие ти се најдобри пријатели И најдобро ќе те советуваат.
     
    На lolyta777 и zhap4e им се допаѓа ова.
  4. sanjaeva

    sanjaeva Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 февруари 2011
    Пораки:
    3.142
    Допаѓања:
    85.574
    Немој да се мажиш затоа што мораш. Мажи се кога ќе сакаш.
    Многу е важно тоа што ти не ни кажа дали ти го сакаш тоа дете? А дали го сакаш него?
    Најсурово од се е дека еднаш, било кога, ќе ти плесне во фаца дека тоа дете не е негово ( виза ви дечкото со кој си го изневерила)

    Секако најважно е твоето мислење, твоите чувства, твоите можности.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. nedzma

    nedzma Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2010
    Пораки:
    688
    Допаѓања:
    191
    Пол:
    Женски
    Тој штом до сега не се сменил, во брак уште помали се шансите дека ќе се смени. А плус штом додека не сте излегувале додека сте биле само во врска верувај дека откакко ќе стапите во брак уште помалку ќе излегувате. Прва работа е дека ќе треба да мислите на храна, сметки, на бебето што доаѓа, а не да ги трошите парите на излегување.
    За тоа дали да абортираш или да се омажиш е прашање за кое треба сериозно да размислиш и да се консултираш и со дечко ти и со твоите родители. Размисли со ладна глава.
    Не е се во излегувањето, а пријателите можат да се стекнат.
    Се согласивам со фемина90 колкав е дечкото и дали работите, од што ќе живеете, како ќе го изгледате детето, тоа се тие работи на кои треба да мислиш а не на излегување.
     
  6. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.637
    Верувам дека најдобро знаеш што сакаш да направиш. Еднаш си се премислила и не си абортирала, значи можеш да се одлучиш. Зборувај со твоите, сепак не си ептен мала за да се плашиш. А дечко ти би требало да те подржува во тоа да го задржиш бебето, бидејки не е мала работа да абортраш. Сигруно ги знаеш ризиците на кои би била изложена ти!
    Среќно, се надевам ќе донесеш одлука која за тебе е најдобра!
     
  7. crazyinlove19

    crazyinlove19 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 март 2011
    Пораки:
    3.754
    Допаѓања:
    3.706
    Ова е многу важна одлука и затоа добро размисли.
    Пред се, разговарај со твоите родители, тие најдобро ќе те советуваат затоа што ти мислат само најдобро. :)
    Од друга страна, треба да го послушаш своето срце. Имањето дете и стапувањето во брак не се мала работа, треба да си спремна и навистина да го сакаш тоа.
    Што и да одлучиш, ти посакувам среќа. :)
     
  8. Peperutka90

    Peperutka90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 март 2010
    Пораки:
    944
    Допаѓања:
    1.079
    имаш само 18 години, само 18. Не избрзувај со ниедна одлука, најдобро е да седнеш и да разговараш со твоите, родители ти се и ќе те поддржат во се. На 18 години јас не би се решила да имам дете, прво како би го издржувала, второ ти никогаш нема да имаш можност веќе да напредуваш, трето детето не треба да ти е гаранција дека се ќе ти е убаво со дечкото!.
    Сеуште имаш време да размислиш. Ти посакувам многу среќа!
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. FBI

    FBI Популарен член

    Се зачлени на:
    1 јули 2010
    Пораки:
    1.513
    Допаѓања:
    5.295
    Размисли си убаво. Сепак мајчинството е голема одговорност. Тоа детенце ќе си бара љубов, грижа и семејство. Расчистете си ги односите со дечкото. Разговарајте си и решете што ќе правите :)
    Секое добро :*
     
  10. Strumfeta93

    Strumfeta93 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 октомври 2010
    Пораки:
    2.191
    Допаѓања:
    3.850
    Знаеш ли каде да абортираш?
    Знаеш ли колкава е цената?
    Знаеш ли каква болка треба да поднесеш?
    Знаеш ли дека може да дојде до компликации и да не можеш повеќе да забременуваш?
    Знаеш ли за вината што можеш да ја носиш цел живот за „убиеното‘‘ дете?
    Ќе можеш ли после да го вратиш? -Дефинитивно НЕ!
    Сепак се работи за живот во тебе, млада си ама направеното е веќе направено и нема назад. Не си играј со телото и здравјето. Треба и ти и дечко ти ова да го сфатите сериозно и да го израснете детето а не да го убиете.
     
    На janickaskopje, viviane.g1002, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  11. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.258
    Колкав е дечко ти? :wasntme:

    Знам дека е сурово ама од моја гледна точка јас дефинитивно би одбрала абортус отколку толку млада да стапам во брак кој уште од старт не ветува.

    Зошто?
    Затоа што партнерот е љубоморен, со склоност за изневерување и асоцијален што докажува дека има некои сериозни проблеми, а од друга страна ти си премногу млада, и несигурна за тоа што го сакаш.

    Зошто уште сега да влегуваш во таков вртолог кој има голема шанса да заврши несреќно па после да те читаме по темите како со бебе бараш помош од маж ти кој не ти дава да излегуваш а тој шета некаде :|

    Барем во денешни услови абортусот не е толку ризичен како порано, немој да се раководиш дека потоа нема да имаш деца, мисли малку трезвено, немој сега да си правиш филмови како се ќе биде совршено- ќе се земете и ќе си го гледате детето.

    Вие сега не излегувате, а не пак со мало бебе кое си има потреби, кои не знам од кои пари ќе му ги задоволите.

    Извини што сум толку сурова, ама не би сакала да страдаш во иднина- те молам биди трезвена и избери го помалото зло- да уништиш еден живот наместо во иднина да страдаат два ;)

    Ти држам среќа

    Едит- Штрумфета, млада си затоа нема да ти реплицирам на твојот моралистички и црковен коментар од кој ми се крева косата
     
    На Lolo5, eloves, LaraSolare и 22 други им се допаѓа ова.
  12. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Разговарав со мајка ми, таа ми вели дека тоа е моја одлука, дека не сум малечка и што и да одлучам таа ме подржува.
    Бившиот дечко ми е 22 год, и нема баш некоја стална работа.
    А јас сеуште несум сигурна дали го сакам или не...
     
  13. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Се согласувам со Сесилија,премлада си да си го заебеш животот.Си направила грешка,ама можеш да ја поправиш.Да,абортусот носи свои последици,посебно психички,ама поголема штета ќе направиш ако го зезнеш својот живот,на дечко ти,и на детето.Те варал,си го варала,каква иднина ќе имате?
    Ќе се враќа касно пијан,ќе те вара со други.Ти дома ќе седиш,ќе работиш домаќински работи и ќе чекаш тој да се врати и да ти донесе 1000 за да преживееш со детето.
    Ова е најлошото сценарио,ама барем реално е.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. The-Queen

    The-Queen Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јули 2010
    Пораки:
    2.137
    Допаѓања:
    2.422
    како прво размисли си убаво, премногу си млада за брак и за дете. Не верувам дека си спремна на сите одговорности што ги носи бракот, а уште поголеми се оние кон детето. Разговарај си со родителите и со дечкото.
    А за абортус размисли многу убаво, бидејќи абортусот носи многу големи опасности! посе абортус големи се шансите повеќе да немаш деца. Но тука е и грижата на совест која цел живот ќе ја носиш, дека си убила едно невино суштество!

    Размислувај со ладна глава
     
  15. creshicka

    creshicka Популарен член

    Се зачлени на:
    30 март 2011
    Пораки:
    2.154
    Допаѓања:
    5.702
    Пол:
    Женски
    само во овој твој случај поддржувам абортус.
    -мала си
    -и дечко ти не е нешто голем
    -не сте вработени
    -не си сигурна дека го сакаш
    -ти изневерил и си го изневерила
    -треба да чекате на родителите за пари
    -животот е пред тебе не прави таква грешка

    јас сум најмногу против абортусот но во ваква ситуација јас би абортирала.

    сепак изборот е твој со срека и кажи што си одлучила.
     
    На Lolo5 и sesilija им се допаѓа ова.
  16. MacaLove

    MacaLove Популарен член

    Се зачлени на:
    5 јануари 2011
    Пораки:
    2.375
    Допаѓања:
    6.198
    Дај не тропајте глупости,кој кажа дека после абортус се големи шансите деца да немаш?Мислам дајте,сме уназадена држава,ама има толку добри приватни клиники,со секоја можна повластица.
    Имаат добар персонал,не верувам дека ептен до тоа ќе дојде.Нема некоја бабица да ти дојде,туку образован доктор.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  17. zaljubena93

    zaljubena93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 мај 2011
    Пораки:
    56
    Допаѓања:
    9
    prvo..mislam deka najdobro e da razgovarash so dechkoti.bidejki sepak vie dvajca che go gledate toa dete.aa se soglasuvam i deka treba da mislish i na mozhnostite koi gi imash. ii da bidite svesni deka toa dete ne e kukla sho che ja tegnite sekade so vas, tuku treba da rasti so ljubov, najprvin treba da bidite vie dvajca srekni pa da bidi i toa srekno ii zdravo.
    vtoro..zhivotot e pred tebe, che imash mozhnosti da srekavash razni lujge ili pak povtorno da se smirite so dechkovo i se da popravite, pa mozebi ponatamu odlucite da formirate semejstvo. bidejki toa ne e mala rabota, treba da bidish spremna za toa i ti i toj. a vaka che vi dojdi seto nabrzina ii ponatamu NE DAJ BOZHE mozhebi i che se kaesh.
     
  18. sesilija

    sesilija Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2010
    Пораки:
    4.177
    Допаѓања:
    13.258
    Ловли извини сега ми текна, мислам дека ти си девојчето кое толку го критикуваа во модни критики и почна да се правдаш- а јас бев една од тие кои тогаш ти дадоа поддршка.
    Ако не се лажам и тоа си навистина ти, можам да кажам дека ти си една несигурна личност за таква банална работа како мода, а не пак за оваа голема работа како што е бракот и раѓањето на дете.

    Не дозволувај да те убедат дека правиш грев ако абортираш, не полегнувај под морални коментари- и самата велиш дека не си сигурна дека го сакаш, и самата си свесна дека си премногу млада и ако не се лажам си од мало место, па чекај сега ќе одиш на факултет, ќе запознаеш нови луѓе- животот е пред тебе, немој да заебеш се девојче, немој да си ја зацрниш судбината раѓајќи дете од човек за кој немаш љубов- дете на кое немаш услови да му обезбедиш нормален живот бидејќи ни ти ни маж ти немате финансии нити било каква хармонија- те молам Лавли да размислиш разумно за се- верувај ептен се потресев кога прочитав, не сакам да си го уништиш животот раѓајки го ова дете и мажејки се- некој ќе каже која е оваа Сесилија така да се меша, ама познавам многу такви девојки кои сега се каат- талентирани а заробени во бракови кои ги гушат, без можност за напредок, не сакам да ти се случи ова, посебно после тоа што ми текна каква нежна душа си ти.
     
    На Lolo5, Lacrimosa, baguf4e и 2 други им се допаѓа ова.
  19. AlicaInWonderland

    AlicaInWonderland Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    3.407
    Допаѓања:
    9.087
    - во секоја државна болница во секој град, и во приватните гинеколошки клиники
    - цената и не е така битна во ваква одлука, не ваљда ќе чуваш дете зашто немаш моментално 100евра за абортус :^)
    - физичка болка - нема, психичка - зависи од личност
    - таквите компликации во ова време се 0.01%. Исто како можноста да те згази автобус
    - убиено дете нема, всушност нема никакво дете
    - што е тоа што би го враќала? ембрионот назад во матката?

    Дете нема уште никакво, зато не и збори за убивање. Аботрусот во легално предвиденото време е далеку од убиство. Убиството не е легално, си има професионалци што мислеле на ова

    * се дрзнав да одговорам на прашањата иако не беа за мене. Ама со овие "заплашувања" не и помагаш на девојката. Во ред е да си против абортус, ама неможеш некого да нарекуваш убиец затоа што ти не се согласуваш со одлуката
     
    На Lolo5, Trxmx, eloves и 13 други им се допаѓа ова.
  20. babyblond

    babyblond Популарен член

    Се зачлени на:
    19 февруари 2011
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    1.535
    Пол:
    Женски
    и јас сум една година со дечко ми и во еден период иако немаше баш добра причина мислев дека сумм бремена. тогаш ми се вртија многу мислења на почетокот бев сигурна дека кога тестот би покажал дека е позитивен дека би абортирала по секоја цена, дека образованието е поважно, дкеа џабе ке го родам детето ако не можам да му обезбедам добар живот, дека секогаш кога ке се скарам со мојот принудно иден сопруг , ке ми го трескиа од глава тоа дека да не бев бремена немало да ме трпи, дека пред сен сум смата доволно зрела за да воспитам друга личност итн итн. од друга страна пак како минуваа минутите пак се откажувава од помислата за абортус, бидејки почна да преовладува оној природен мајчински инстинкт дека тоа е дел од мене, ненормала поврзаност мајчински чувства и слично. за срека тестот испадна негативен иако немасе многу простор да испадни позитивен. сепак скам да ти кажам како твоја врсничка дека доколку се мажиш ке си го запустиш животот младоста најубавите години, засекогаш ке бидиш мажена жена,неизживеана, а маж ти како сега така и тогаш ке те вара , и тој ке биди неизживеан, занеколку години ке ви пропадни бракот, бидејки како млада девојка ке бидиш бунтовна, а целиот тој товар ке падни врз грбот на детето. Вистина е дека од 17-19 години сенајризични за абортус но, колку повеќе чекаш толку повеќе бебто расти и потешко ке можиш ментално да го поднесиш абортусот а и поделикатна е процедурата за абортус и ризикот за стерилност е поголем а и физичката болка е поголема.ако абортираш ке бидиш себична , но таа себичност вервај ке ти се исплати. подобро ова дете да не се роди во спротивно ке биди изложено на семејно насилство, негрижа, толку многу што и самото ке посака дане било родено. можеби е ова сурово ,ама бидејки ти сум врсничка целосно те рабирам и ти советувам да абортираш додека не е доцна, во спротивно ова чекање цел живот ке го плакаш.
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.