Абортус Девојче, јас би кажала на родителите , секако ќе биде шок но нема никогаш да го остават своето дете да пати да им кажеш под итно и да одиш на лекар , твоја е одлуката дали ќе го чуваш бебето или не, сега касно е веќе ние да викаме требало да не му дозволуваш да свршува во тебе кога веќе тоа се случило...
Абортус Корици, во право си и мене ми е тешко што сфаќањата ни` се такви па на родителите тешко може да се исповедаме за такви работи. Не треба да се створи атмосфера детето толку да се плаши да ни` каже такво нешто. Не за друго, туку доколку не постои овој страв, ќе се реагира на време и ќе се спречат многу компликации, ма каква и да е крајната одлука. Помалку страшно стана да им каеш дека се труеш со по три пакли на ден, отколку дека носиш живот во себе...
Абортус Vanilaukus Лично сум за абортус и ја поддржувам одлуката на секоја жена.Секој има право на свој живот и на сопствен избор.А твојата одлука е дека не си подготвена за дете што е и нормално за возраста и не со тој човек.Требало да ја процениш неговата намера кога свршувал во тебе,барем ние жените сме лукави и проникаливи и да ја прекинеш врската.Но,сега е доцна.Сега треба да не губиш време за да немаш понатамошни компликации. Современата медицина користи и модерна опрема,а медицинскиот персонал редовно посетува семинари и обуки за користење на истата.Штом си одлучила абортусот да го направиш во Систина,стапи во контакт со некој од гинеколозите и разговарај.Тој ќе ти ги направи потребните прегледи и ќе ти објасни. Не се плаши.Најбитно е што имаш планови во животот и знаеш што сакаш.Поголема грешка би направила доколку би стапила во брак со таков човек.Извини,ама мене ми остава впечаток на насилник и груб тип со кој понатаму ќе биде тешко да донесуваш заеднички одлуки.Ти посакувам се најдобро.Поздрав
Фала многу на одговорите стварно ми дадовте надеж да го извршам вој грозен aбортус. Несакам да им кажам на моите затоа шо сметам дека можам сама да го извршам вoа и ако кажам ќе се добие само непотребна нервоза а во моментов најмалку ми треба тоа. Сакам смирено да го извршам тоа. Сеуште се плашам од оние последици и ќе се плашам до последен момент ама навистина ќе абортирам. Не сум спремна за воа посебно не со него.
Ја имаш нашата поддршка Ако си решила да не кажуваш дома, не кажувај. Не мора ни на дечко ти (се надевам во скоро- бивши) да му кажеш. Заврши работа сама и сврти нова страница. Тоа е тоа. Одлуката си е твоја и според многу мислам дека е исправна... п.с. повеќе внимание при избор на нареден дечко!
Е добро де, ако не сака нека не кажува. Боље тоа него да собира сили додека да каже и да пројде време. Башка кажа дека мајка и не била добра и неќе да ја секира. Крај краева си ги знае она родителите и може да процени дали е за кажување (ипак треба да се има предвид дека можеби немаат отворени разговори и можеби имаат поконтраверзни сфаќања). ----- А ако веќе јас би бирала, поубаво е да кажеш дома. Поддршка можеби ќе ти треба, да, но да не го забораваме и финансискиот аспект...крај краева они да платат пошо овој твојов не е баш сигурен, кој знае шо ќе направи а и + не треба веќе да имаш ништо со него.
јас на твое место би кажала на мајка ми ќе ти треба подршка и нега како и лекови соодветни за потоа,кога веќе престанал да те почитува и слуша си постојат и контрацептиви кој си можела да ги пиеш и да не му ја мислиш дали ќе сврши во тебе или не,инаку он е кусогледа особа што не те почитува тебе ниту твоите желби,жалосно ,не ми се ни верува дека ќе ти најде пари за процедурата,затоа претпоставувам ќе ти треба подршка од некој од твоите сепак што и да решиш да направиш некој мора да знае за да ти се најде.
колку и да се родителите со незнам какви свакања треба да им се казе прво се разбира на мама она све не разбира,мислам дека треба на мама да и казеш ,па она на тато со лесно да ти биде што и да решиш
Ајде со лесно нека ти биде и повеќе памет во глава. Не се секирај те чека блескава иднина, сигурно ќе бидеш докторка со 3 дечиња и прекрасен сопруг кога ќе биде време за тоа.
Прво тој е еден дебил што не може нормално да запроси девојка него ја остава трудна. Второ има 20 год значи е лигуш,ретки се оние кои на таа возраст се зрели за семејство. Трето ОО ДЕВОЈЧЕ КАЈ ТИ БИЛ ПАМЕТОТ ??? еднаш штом направил така (да сврши во тебе) ке направи пак. И ако абортираш гледај пак иди со него Тури му пепелот веке. Поради него ке одиш (ако одиш) на абортус. А за тоа дали да се каже или не дома, колку и да се плашиш мора да кажеш,по зафатот ти ке крвариш ке ти треба помош. Имаш 18 год,заземи став на возрасна, и соочисе со сите,нема страв не страв,утре ете ке станеш дел од медицината,и дај Боже ке имаш дете,ке мора да се бориш.Така и ова свати го. Поздрав и се најдобро.
Да сум била јас на нејзино место на 18 години, единствена причина зошто би кажала на моите дека ќе абортирам е ако ми се потребни финансии. Од ниедна друга причина. И сосема ја поддржувам ако не сака да каже, поготово ако не мора. Не е мала, ако мисли дека може да се сноси со се самата, зошто да создава нервози во целото семејство? Има девојки кои можеби се блиски со родителите и најголема поддршка би нашле во нив, и ако и она е една од тие, од најблиските нормално дека само најдобар совет може да добие. Јас не сум таква. И денес на 24 години да треба од било која причина да абортирам НИКОГАШ не би кажала дома.
Искрено ми си згрози од овој твојов. Тука не гледам ни Љ од Љубов. Само опседнатост, манија. Батали го тој, не е за тебе. Не го потценувам зошто е само со средно. Искрено и дечко ми е само со средно, но е прекрасен човек кој на прво место ги става моите желби и ги почитува и ги поддржува моите одлуки Доколку сметаш дека тоа би можело да испадне ептен лошо, не кажувај дома ти. Но имаш ли финансиска поддршка? Братучеди, некој со кој си поблиска ? Целосно те разбирам и ја поддржувам твојата одлука за абортус. Не затоа што и двајцата ќе бидете со средно и помалку финансиски средства, туку зошто овој твојов е кретен и во никој случај не те заслужува. Кај го има тоа бре, намерно да сака да те забремени кога ти не го сакаш тоа Не е човек за тебе. Дури и да се одлучиш на живот со него, небитно дали сега или подоцна, верувај нема да имаш живот. Постојано ќе си под негова контрола и нема да имаш право да одлучуваш за ништо, дури ни за себе. Заврши го ова што побрзо на начин за кој што мислиш дека е најпаметен и заборави го него. Има многу поубави работи во животот од еден заостанат простак.
Јас сум за абортус,ако тоа е морално од било која причина. Во твојот случај,имаш повеќе-дебил од дечко ,со мозок на зрно грашок,финансиска стабилност-нула,визија за иднината,која не вклучува дете... Би ти рекла,ако дебилот се согласува,финансиски да те поддржи околу абортусот,да не размислуваш. Абортирај.Но ако имаш и мала недоумица,тогаш размисли 2 пати. Ако 100% си сигурна во одлуката за абортус,сметам дека не треба да кажуваш дома. Мајка ти е болна.Не треба да се оптоварува со дополнителни проблеми. А верувај,можеби ке те поддржат твоите,дека разочарувањето за нив ќе биде големо,посебно и ако они мечтаеле да завршиш факултет. Би можела да се носиш со разочарувачкиот поглед во нивните очи? Спојлер И не ми е јасно.Како тоа планираш да запишуваш медицина,а прашуваш за последици од абортус.
Zosto ste se fatile samo za deckoto ? Pa kaj i bil nejze pametot ? Ednas i svrsil dvapati i svrsil se napila tableta i pak dozvolila da e so neze i da i svrsi pa mozela sovreme da mu raskini ili da si pije tableti .. nee samo deckoto da ne mislel nego i devojkata.se izvinuvam za lat od mob.sum
никако не можам да ја разберам поврзаноста помеѓу желбата за медицина и распрашувањето околу нус појавите на еден абортус?Aјде sadgirl21просветли ме
Oj luge, dali ste vie normalni? Kako bre da ne kaze na nejzinite? Doslo do toa sto doslo, ama zarem mislite deka roditelot ne go saka najdobroto za svoeto dete? Ako roditelot ne ti e najgolemata poddrska, togas koj? Bratuced, drugarka, ili pak deckoto vo edna vakva disfunkcionalna vrska? Tokmu I da e vrskata kako sto treba, roditelot treba da znae, zatoa sto toj bdeel po celi noki na tebe, te hranel, te cuval kako najskapocenoto nesto na svetot. Konkretno, mozebi majkata na devojkava e bolna, no zamislete kakov sok ke dozivee zenata koga ke doznae deka kerkata I abortirala. A pak moznite komplikacii... Stavete se na mestoto na toj roditel I podrazmislete malku. Jas sum za abortus, ama toa go sfakam seriozno. Abortus e, ne se raboti za krienje na decko, ili pak zapalena cigara... Devojcice, si bila dovolno zrela za odnosi, uste pozrela za pienje apcinja, odnesuvaj se zrelo I sega. Ako si resila abortiraj, otkaci go slepecot, no taa odluka sprovedi ja pravilno.
Не си морала да редактираш,за да видам дека ми реплицираш. Колку и да просветлуваш некогаш некого,ако толку ми е капацитетот за перцепција,џабе. И како ти утре ке одиш кај докторка/педијатар/гиниколог,која претходно по форуми прашувала кои се последици од абортус,за да те лечи? Не е само желбата за запишување на медицински факултет доволна,туку и основни предзнаења,првични,кои притоа се добиваат со консултирање на стручни лица,а не по форуми.Како што приметив никој не и ги кажа последиците,туку и рекоа или абортирај или не,или едноставно плукаа по неа. Тhinkerbell ,не станува збор за тоа дали ние што кажавме дека не треба да кажува дома за абортус,сме нормални или не.Кажавме само наш став,те замолувам да не не' навредуваш директно. И да фала богу,јас конкретно сум нормална..или барем така мислам Можеби ти живееш во функционално и хармонично семејство,но сите ја немаат таквата среќа.Не знам девојката како се согласува со нејзините,но јас познавам семејства кои имаат многу лош однос со своите деца.Дури ги нарекуваат и со погрдни зборови,од типот 'курва','копиле'.. И што ако и нејзиното семејство е такво?Зошто да им дава дополнителен повод за лош третман?
Ова мислење не се однесува на никого конкретно, туку општо на сите кои во ситуација на несакана бременост ги осудуваат девојчињата. Веќе не ме ни изненадуваат коментари од други места на мажи кон жени кои направиле абортус, полни со горчина, омраза, осуда. Спојлер Не за џабе кога во друштво паѓал таков муабет на машките сум им викала: „Кога ќе почнеме да ја делиме бременоста на пола, кога нема да биде возможно ако на машкото во одреден момент му прдне да те остави со толкав стомак и десет години покасно пример, да биде татко и сопруг за пример. Кога и ние жените ќе ја имаме таа шанса во животот едноставно да си заминеме од секоја ситуација во која не се чувствуваме удобно, ете тогаш вие мажите ќе можете да судите.“ Да бидат вклучени во информацијата и да се сослуша и нивниот став, да имаат секакво право. Но, да судат за работи за кои не можат да придонесат да тргнат на подобро - не. Тука ставам крај на секаква дискусија. Јас ако имам син кој утре ќе ми збори полн со осуда за некоја која не пазела, убаво и` било а сега ќе абортира, би му рекла „Ако ти е животот на тоа дете толку важен, понуди и` се на девојката да го признаеш. Договорете се црно на бело дека ќе се грижиш за него, за неговата добробит како за свое, без да бараш нешто од неа за возврат, како на пример врска во која таа би пристапила без љубов. Откако ќе го направиш тоа, ќе имаш право да и` судиш.“ Ме фрапираат осудувачки коментари од жени (да даде Господ и здрави мајки на здрави и прави деца еден ден) од типот на убаво ти беше кога го правеше тоа, кај ти беше паметот. Утре на ваше дете тоа да му се случи, ако почувствува дека истото ќе му го кажете, верувајте дека нема никогаш да го имате целосно под контрола и заштита и ќе крие многу работи од вас. Ќе му биде страв да ви каже додека не стане ситуацијата покомплицирана. Низ темиве наоѓаме оправдување за толку многу работи, се бара разбирање за оние швалерки кои одат со женети мажи затоа што нели и тие се жени, за се` живо и диво, а за оваа тема сме полни со осуда. Секоја чест на исклучоци. Е за карање, Е за поучување, но тоа треба да се направи со време. Не е доволно тоа што има интернет. Потребно е и родителското искуство, потребно е и чувството дека барем за здравјето имаме потполна слобода без никаква осуда и трауми да бидеме сослушани и поддржани од родителите. Доколку и покрај сево ова, се случува глупост, Е за карање. Бременоста не е стисни копче, пушти светло, стави кондом и заштитена си. Имаше една табела постирана на некоја од овие теми за колкав процент на забременување постои при користење на секое од контрацептивните средства. Другарка ми остана бремена тогаш кога пиеше апчиња за контрацепција, а тогаш кога најмногу сакаше, не остана. Да не е пишано нешто да се случи, само. Не сме семоќни. Ванила не е виновна што сакала љубов, што сакала разбирање и дом со некој човек. Што сметала дека за 4 години доволно го познавала за да му верува. Да не беше здравје во прашање, ајде де, но вака ја советувам да разговара со родителите. Некои родители се така поставени да разговорот со нив е постресен процес, за жал, но на крајот на денот, секој мисли за доброто на своето чедо. Можеби има решение, можеби ќе слушне за можност за решение кое инаку не би и` паднало на памет сама. Ванилаукус злато, зборувај со родителите. Колку и да е тешко, подобро трпи една недела, па и месец нека е, караници, отколку да трпиш последици по здравјето заради твоја неумесна одлука и недостаток од поддршка кои ќе те чинат многу повеќе време. Се извинувам за долгиот пост, емоциите ме надвладејаа.
Aбе ти ова сериозно го мислиш или ???Hа нероден петко капа му соши девојчево уште не запишано на медицина,требала да биде запознаена!!!Cо што запознаена???па и за гинеколог ако се одлучила зарем уште не запишана сезнајка ли според тебе треба да биде??? Hе знаев дека човек пред да се реши високо да се образува треба да му биде на исто ниво знаењето и откако ќе го заврши факултетот.Cите знаеме дека медицината е широк поим,има области под области,тогаш инаку не ќе постоеа доктори од различни области,него еден ќе беше за све и педијатар и хирург и очен лекар и итн.