Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    A како всушност јас ќе го извршам тоа да не дознаат моите родители? Ја сакам да абортирам у Систина и дали таму ќе се заведува нешо? Ако знае некој или има некое искуство нека ми пише ве молам и да ми кажете како оди тој процес таму.
    Инаку јас се решив за абортус без да им кажам на моите. Дечко ми ќе ми даде пари за се и сакам то шо побрзо да го завршам. Читав низ форумов дека мали се шансите да останам стерилна после абортусот и малце се охрабрив,али сеуште ми е у мисла шо ако сум јас една од тие шо ќе останат без деца у живото?
     
  2. sexybaby

    sexybaby Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 септември 2010
    Пораки:
    175
    Допаѓања:
    62
    Во животот се може да се случи,се има позитивна и негативна страна.кога си решила направи го тоа и повеќе мисли кога е сексот во прашање во иднина.полнолетна си мислам дека не мора да дознаат родителите.
     
  3. SV1911

    SV1911 Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2013
    Пораки:
    2.971
    Допаѓања:
    67.562
    Бидејќи не си од Скопје, прво јави се (имаш контакт броеви на нивната веб страна), распрашај се доколку уште се немаш распрашано за секакви детали во врска со процедурата.

    Секогаш постојат шанси животот да не ни тргне како што треба.. денес сме биле среќни, а веќе утре може многу нешта да ја изменат таа среќа. Искрено, неможам да ти напишам „не се секирај, се ќе биде добро“, можам само да те поддржам во решението. Кога веќе си ја донела одлуката, мисли позитивно!

    Ти посакувам многу среќа!
     
  4. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    Стерилитет не е единствената можна последица, но може да се јави поради многу работи кои би тргнале наопаку. Јас пак стојам зад тоа да си кажеш дома и барем ако тргнат работите на лошо да се покрај тебе, а не тогаш да мора да ги бомбардираат со цел пакет шок-информации, но ти си знаеш. Се надевам се` ќе биде во ред.
     
  5. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Шансите се повеќе во теоретски контекст од колку што се во пракса ;)
     
  6. Emotional123

    Emotional123 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    8.585
    Допаѓања:
    40.012
    Пол:
    Женски
    Иако бременоста може твоите да ги иплаши и изреволтира, доколку дојде до несакани последици тогаш тоа ќе бидат премногу стресни ситуации за нив.
    Тоа не е шала и мислам дека би било фер и најдобро да им кажеш, за да бидат информирани, а и тие најмногу можат да ти помогнат во овие ситуации. Но, ти најубаво знаеш.

    Се може да тргне на лошо и да има последици па и ова.
    Иако медицината е напредна, сепак не е тоа вадење трн од прст.
    Ризикот е тука иако шансите се доста мали.
     
    На tessie му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.192
    Допаѓања:
    139.415
    Не сум абортирала, ама сум лежела во Систина повеќе пати, и знам дека те заведуваат само таму, нема ништо во книшка. Тие и не бараат книшка, евиденцијата останува кај нив во систем и ако одиш друг пат ќе знаат, а ти даваат и тебе некаков извештај и тоа е се.

    Инаку кога ќе останеш бремена, во текот на бременоста и пред породување прашуваат дали си имала абортус, спонтан или сакан. Ова ти го кажувам чисто да знаеш за во иднина.
     
    На Vanilaukus му/ѝ се допаѓа ова.
  8. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    12.176
    Допаѓања:
    156.614
    Правете што ќе правите, не сум тука за совети, тука сум само да кажам едно - наредната бременост и тоа дете што де факто ќе се роди, да знаеш дека ќе ти биде второ, а не прво и вашите деца кои ќе се родат треба да го знаат тоа, заедно со идниот партнер со кој ќе ги имате тие деца. Во некоја наредна прилика кога ќе бидам расположена за објаснувања, ќе си приложам и факти.
    Се ужаснувам од мајки кои ваквите работи ги кријат од своите мажи и своите деца, а се чудат кај им е отиден животот по ѓаволите.
    Секоја бременост се смета и немојте да мислите дека е нешто кое е технички зафат кој се брише и од меморија и чувства. Ни најмалку не би го споредила како операција на слепо црево. Слепото црево нема тенденција да се развие и да биде цел бебуш кој ќе го сакате ако се роди. Не бидете така ограничени и безчувствителни. Треба да си го прифати тоа така како што е, да си го помине сама со себе и да си продолжи понатака.

    Околу абортусот одамна се имам објаснето. Животот се планира до одредена точка, од таа точка понатака се ужива и се чека на подготвеност, желба и љубов. Апсолутно право на секоја жена, па и маж како соучесник.

    У осталом, за девојче што сака да студира медицина, не ми делуваат најбистри твоите животни постапки (и не зборам тука за абортусот, тој е само последица)...
     
    На QueenElena, glosipgirl, Sunshine88 и 5 други им се допаѓа ова.
  9. cecilia

    cecilia Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    1.329
    Допаѓања:
    1.195
    Точно, и плус неможеш да излажеш зошто е важно за развојот на новото бебе да докторот е во тек со твојата реална ситуација. Ќе мораш да признаеш особено на сопругот. И знај дека твоите вака или онака ќе разберат и ќе бидат разочарани што не си им верувала доволно во еден толку тежок период. Јас имам мало бебе девојче и ме ужаснува помислата дека ако во иднина има ваков или било каков проблем нема да ми каже па да и помогнам. Верувај мајка ти неможе лошо да ти мисли. И кога ќе се вратиш од Скопје мислиш дека нема да се познае ништо?
    Девојче ако си решила да абортираш тоа е твоја одлука но од почит кон твоите родители кажи им.
     
    На zalosna, Bozica1980 и tessie им се допаѓа ова.
  10. LaDyDoLl

    LaDyDoLl Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јули 2011
    Пораки:
    4.421
    Допаѓања:
    34.125
    Пол:
    Женски
    Родителите се единствените луѓе, кои и покрај нивните прекорувања, викања, па дури и навреди, би можеле да го разберат своето дете за постапките кои тоа ги направило и на правилен начин да го решат недоразбирањето. Верувам и сум цврсто убедена, дека, и НАЈСТРОГИОТ родител има срце, на РОДИТЕЛ и тоа никој не може да го порекне, тој родител се би направил за своето дете, и сигурна сум дека не би го оставиле само и на улица да ги решава своите проблеми.
    Доколку не си сеуште сврсто решена на овој потег, пробај да разговараш со родителите, би те сфатиле, верувај, лутината е само пролазна, но помошта вреди засекогаш.
    И да, се согласувам со неколку феминки тука, нема врска дали на хартија или во компјутер ќе останат податци од она што сме го направиле,она што останува е во нас самите и никогаш нема да можете да го заборавите тој чин,тоа е белег за кој жената вечно ќе се сеќава и чувствува виновна.
    И уште нешто ме интересира, дали детето кое по неколку години жената ќе го роди од љубов, разбирање, навреме, итн итн...е различно од она кое го абортирала?
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  11. Domino

    Domino Популарен член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2010
    Пораки:
    971
    Допаѓања:
    1.038
    Озбилно со прашањево? Не, исто е, потполно исто па дури и околностите се исти само овој пат се решила жената да го роди, од чиста мира. Ова е одговорот што сакаше да го добиеш?
    Не сте ми јасни.

    Постов инаку ми беше првенствено за тоа дали треба да се каже на родителите за абортусот.
    Има на светов секакви родители и се додека не влезете во кожата на другиот, не знаете точно која е ситуацијата.
    Имам личен пример, блиска другарка остана трудна на 18 ама нејзините беа многу конзервативни и доколку кажеше на нив за ситуацијата во која е доведена, ќе имаше лошо сценарио не само на психички туку можеби и на физички план, а врската и беше нестабилна па ниту таму не можеше да бара потпора.
    Знаев дека нејзините се конзервативни но не знаев до кој степен и не би навлегувала за тоа тука на форум зошто не е моја приказна ама ми побара помош и поддршка и морална и финансиска. Се разбира дека не ја одбив и кажавме на мајка ми, веднаш таа среди исто во Систина и супер пројде зафатот, многу сум среќна за неа што успеа да се среди зошто е голем емоционален напор и ја разнишува психата, воопшто не е лесно да се гледа од страна а не па да се преживува ама некогаш тоа е најдобра опција.

    Не можете да судите веднаш чии родители какви се. Верувам дека повеќето ќе понудат поддршка, но заборавате дека сепак живееме во доста козервативно општество и дека секогаш има исклучоци. :!:
     
    На tessie, Spidy и Hipster им се допаѓа ова.
  12. Isabel

    Isabel Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    1.598
    Допаѓања:
    2.442
    Сите сакаме се да си помине со ред, да завршиме школо, факултет, да најдиме работа, да се омажиме и после тоа да имаме деца. Но, ретко кога работите излегуваат според планираното. Јас годинава сфатив дека дури и да ми се случи тоа сега иако сум на факултет нема да го абортирам тоа свето нешто, ништо не е поважно од еден живот. Секако имам сериозна врска, затоа и така размислувам, но кај секој е различна ситуацијата и зависи од партнерот, родителите, дали девојката е полнолетна и сл.
     
    На Snow-Queen му/ѝ се допаѓа ова.
  13. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Ќе се апеш за дупе цел живот. Психата е интересна работа а совеста магична
     
    На Emotional123, glosipgirl, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. L-a-r-a22

    L-a-r-a22 Популарен член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2013
    Пораки:
    1.337
    Допаѓања:
    10.770
    Пол:
    Женски
    Јас сум против абортусот. Не мора да ме жени ако не сака, не мора ни детето да го признае, но јас не би го абортирала. Ќе го чувам сама, ќе правам што ќе правам, но ќе го израснам детето...
     
    На eticka, glosipgirl, zalosna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  15. tessie

    tessie Форумски идол

    Се зачлени на:
    11 ноември 2010
    Пораки:
    5.639
    Допаѓања:
    22.091
    Пол:
    Женски
    :worried: Искрено се загрижив шо напраи Vanilaukus. Се надевам дека прво здравјето и` е во најдобра можна состојба, а за другото, се` се решава.
     
    На glosipgirl му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Osamena-Srna

    Osamena-Srna Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 ноември 2013
    Пораки:
    100
    Допаѓања:
    108
    А, дали знаеш колку пати во животот можеш да дојдеш во ситуација на несакана бременост?
    Сите ли ќе ги родуш? Кога се мисли на абортус не се мисли само на особа која има помегу 20 и 25 години не мажена па ај ќе си родам и ќе си го чувам или ќе ми го изгледа мама. Ужасно е тешко да бидеш самохрана мајка на бебе, нели треба да работиш, градинка.... Лесно е да се каже јас сум против абортус и да испаднеш паметна, но постојат милион ситуации каде абортусот е неопходен. Затоа јас сум за тоа да секој има право да одбере дали ќе роди или не, но под услов да не соли памет на друг дека абортусот е убиство и сл. Поголем злочин е да го родиш и да го занемаруваш да нема пристоен живот отколку да абортираш. Замисли да сега нечија мајка од нас кои сме околу 20 год остане трудна? И она ли треба да роди? Или дете на 15-16 години, или некој кој веќе има 2-3 деца дома.
    Пуштете ги рекламите дека порано биле сиромашни па рагале по еден куп деца. Бабами не барала депилација, стикови, парфеми.... А голем дел од вас 1 месец ако не се издепилираат ко да се распаднал светот или ако не сте дотерани и да не набројувам. Да, се согласуам и почитувам кога ќе кажете порано немале па преживувале. Но под услов и вие кои тоа го тврдите да живеете како што живееле вашите баби. Тогаш на децата не им требале ниту памперси ниту разно, разни играчки, ниту компјутери, се играле со песок. А, сега не ги оставате децата на тепих да седнат.
    Значи абортус да како право на избор на секоја жена и не сатанизирање на оние кои се решиле на тој чин. Да не им судиме ние дали требало или не, дали биле егоисти или не.
     
    На s1a1n1d1r1a1, makedonkamak, fighter и 6 други им се допаѓа ова.
  17. Sunshine88

    Sunshine88 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 март 2010
    Пораки:
    1.533
    Допаѓања:
    581
    Нема да кажувам какво мислење имам за абортусот зошто тоа овде е најмалце битно. Друго ми копа очи мене овде. Над 20 години- не дека сте нешто големи, ама бре уште со мама и тато се правдате? И како тоа на толку години тие уште да треба да решаваат за вашите судбини? Мислам дека не за џабе растеме, стануваме полнолетни се образуваме и се со ред, нели за еден ден да бидеме самостојни.
    Што ако ете тука ви е среќата? НЕ, не зборам само за абортус-тргнете тоа на страна. Сериозни се овие работи, се работи за вашиот живот бе женски, сакате да го смените текот на животот со сила.
    Од секогаш ме нервирале такви оправданија- ама моите родители.
    И после затоа што родителите се такви-конзервативни, лоши итн, кога тие диктираат како ќе биде со нивното дете-најчесто тоа пати.
    Таткото: Ќе се омажиш за богат со куќа, факултет, работа, кола...Докторка си да не те срами.
    Ќерката се омажи за таков, ама после 5 години се разведе, затоа што ја малтретирал крвнички.
    Чиј е сега срамот и грешката??? А замислете на 23 години ја омажи да не закасни. И сеа пак, со новиот зет е исто, го навредува, како тој не вредел пошто не е доктор, а тој е на важна функција во армија. Ете така, се напнав.
     
    На Dvolicen му/ѝ се допаѓа ова.
  18. babibaby

    babibaby Активен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2013
    Пораки:
    30
    Допаѓања:
    6
    Svadba. Ostanav bremena i eve ne se spremame za svadba no i sekako imavme plan da se zimame jas rabotam idniot soprug ima rabota i ni bese vo plan da se zememe
     
  19. Vanilaukus

    Vanilaukus Активен член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2014
    Пораки:
    13
    Допаѓања:
    5
    Јас абортирав денес.
    Пројдов добро... Само што се разбудив почнав да плачам ама не знаев зошто плачам,многу ми беше тешко. Дечко ми не ни дојде за да ме поддржи,вчера се двоумеше дали пари да ми дадел и ми даде пари одвај и дури останав должна во Систина ама нема врска ќе доплатам наредната недела...
    Другарка ми ме поддржа финансиски за пат кон скопје,назад,јадење превоз низ скопје и се.
    Кога станав прашав дали се прошло добро и ми рекоа дека се било добро и ништо фазла.... Ама јас сакав да знам ДЕТАЛИИ. не ми кажаа ништо само ми рекоа дека супер сум прошла. треба да одам на проверка по неколку дена и вајда тогаш ќе ми кажат дали има некои компликации...

    Уште се осеќам чудно и се молам да не настане нешто лошо со мене. Моите не ме дознаа и се надевам се ќе продолжи во најдобар ред...
    Фала ви девојки на сите совети,многу ми значеја. :inlove:
     
    На Domino, Ariel, poenta и 2 други им се допаѓа ова.
  20. Spidy

    Spidy Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    5.406
    Допаѓања:
    13.415
    Пол:
    Женски
    ^
    Ти посакувам се најубаво во животот понатаму. Знам дека ова не ти била лесна одлука, но сигурна сум дека била правилната. Имаш цел живот пред тебе, потруди се да биде добар, да успееш во се што планираш и еден ден да имаш прекрасно семејство, но само кога ќе бидеш спремна за тоа.
    Најбитно од се, откачи се од тоа сељачиште што те стави во ваква ситуација. Ти заслужуваш многу подобро. И да си купиш еден пакет кондоми, од сега натака си знаеш што може да те снајде. :)