Баш ми е драго што се прошло во најдобар ред. Биди си среќна сега и уживај во животот. Би го потенцирала уште еднаш муабетот на Спиди да се откачиш од тој малоумниот и да си бркаш работа како шо ти сакаш, без притисоци и присилувања. Се најдобро п.с. Добро што пиша, баш те мислев.
Vanilaukus Се најдобро во животот.Иако ти е потребно време психички да закрепнеш,се надевам дека правилната одлука ќе ти биде водич во иднина.Реализирај ги обврските што си ги поставила за да бидеш самостојна и финансиски независна личност.Во приватниот живот биди внимателна во изборот на партнерите и не се впуштај во интимни авантури без добро да го познаваш тој некој.Оваа животна лекција нека ти биде поука за понатаму зашто сите учиме од сопствените грешки. Се надевам дека еден ден ќе создадеш свое семејство и ќе бидеш достојна сопруга и мајка.
Искрено ми е многу мило што си добра. Дади си време, не се притискај и ќе помине и психичката тежина која ја чувствуваш. Откачи го овој тип кој очигледно (дури и очигледно е благ збор) не те заслужува и отсега биди повнимателна, како во изборот на партнер, така и во односите. За второво, стојам зад тоа дека никогаш не можеш да бидеш доволно внимателен, но должни сме што е до нас да направиме за да се заштитиме. Со правиот човек и во право време, бременоста може да биде и пријатно изненадување, а не несакана. Ти посакувам добро здравје и следниот пат кога ќе се соочиш со бременост, најголемата дилема да ти биде: дали розе или сини бенкици.
Најпрво сега видов не смеело да се пишува на латиница се извинувам,ќе пишувам на кирилица. Бремена сум месец дена и имам 18 години,а тој 24 години.Пред 3 месеци ја загубив невиноста,во врска сме 2 години и мислев дека е вистинскиот,ама се излажав тој бил со мене само за секс.Му викав да користе кондом,али не сакаше,викаше поубаво му било без кондом и свршуваше во мене,велејќи дека е ненамерно.Му кажав дека сум бремена и дека сакам да го родам детето,но тој ме изненади и ми кажа имал друга не ме сакал мене повече,и ми рече ќе ми даде пари да абортирам и да се тргнам од неговиот живот.Јас не сум од Скопје и не сакам да им кажам на моите,сакам да го родам детето,но не знам што да правам.Ве молам за било каков совет,а мислам дека можеби и треба да го абортирам не знам стварно што да сторам.
Види, не сакам да сугерирам на ништо ама како совет ќе ти дадам. Јас сумн нешто малку постара од тебе. И многу убави работи те чекаат во животот. Детето е преголема одговорност, тоа мораш да го знаеш. Финансии, време, одговорност, сериозност, посветеност и многу други работи се потребни. Не викам дека нема шанси за тоа, но ме разбираш што сакам да кажам. Дечко ти гледаш, не планира да превземе одговорност за тоа што го направил. Сама ќе ти биде ужасно тешко да го одгледаш, а ти си многу многу млада. Според мене, значи според мене најдобро е да абортираш, ама како што сум јас упатена треба да побрзаш. Мислам дека после некое време неможеш да абортираш или грешам. Незнам, некој поупатен за тоа нека каже. Како и да е млада си, цел живот е пред тебе. Ти сега би требало да си 4 година. Детето е благослов, но сега мислам дека не си баш во добра и погодна ситуација за да родиш дете. И да знаеш дека ти е голема грешка што си дозволувала односи без заштита. Тој е тотално неодговорен човек и бидејќи се работи за тебе, твоето тело и живот, не си требала да дозволиш, но ајде, биднало. И мислам дека е најдобро на твоите да им кажеш или ете на мајка ти, ако си поблиска со неа. Така полесно ќе ти биде.
Јас на твое место би абортирала, но ЈАС. А ти ако се сметаш способна за одгледување деца (деца без татко), работа...за нов живот без никаква поддршка, тогаш твоја си е одлуката. И ако нејќеш да им кажеш дома дека си трудна како ќе го доносиш детето во стомак? Мислам дека и самата знаеш што треба да се направи...
Не навлегувам во оправдување или неоправдување на одлуката за абортус, бидејќи тоа е твое тело и очигледно твоја воља и на дечко ти. Едно е многу битно...велиш МОИТЕ НЕ ДОЗНАА. Абе џабе твоите што не дознаа,кога знае идругарка ти и дечко ти ...и рачунај дека тој муабет некогаш ќе излезе од нивната уста. Си требала наместо по другарки да кажуваш, со твоите ова да го расчистиш, а не вака.
Ја читам темава и се чудам какви идиоти постојат на светов... Извинете што ќе бидам груба но типот со кој се гледам да ми каже дека имал друга, да ми нуди пари да му се мавнам од животот а он си вршел работа комотно во мене (што нема никогаш да дозволам) епа ќе абортирам во најскапата болница и девојка му ќе стои до мене а тој ќе плаќа... А до наредната година ќе плаќа за негување на моето тело додека матката не ми е како нова... Колку ПРОСТ НАРОД постои значи не ми се верува. Какви се кретени постоеле а јас се жалам од она мое смрдле што ме нервира кога го мрзи да излеземе... Ахх
Ваквиве идиоти се само за кастрирање. Некој на моето дете така да му направи недај Боже, ќе си добие што заслужува. Многу ме трогна твојата ситуација и сериозно размисли што ќе правиш, немој после да се каеш. Твојот живот е твој избор! Ти на сите нас ни одржа лекција колку е животот суров.
јас сум размислувала на темава и богами да ви кажам во себе си одлучив дека ако недај боже до 20 години останам трудна- без размислување ќе абортирам, а ако се случи после 20 години-во никој случај не би абортирала. За тоа до тие години големо пазење и заштита и памет во глава
MrenaRiba, судејќи според одбројувањето во твојот потпис, ти веќе си донела одлука Со лесно да си го износиш бебушот
Според твојов пост гледам дека повеке сакаш да го родиш,и тоа е добро.Јас секако сум против абортус и би ти рекла да го родиш.Ако се сака се се може и гледам од околинава дека на која било возрас кога ке дојде бебето на некој начин тоа те учи како да бидеш одговорен и да бидеш родител секако ако имаш љубов за него,а ти гледам дека не си се исплашила и првичниот став ти е да го родиш.Постојат и себични луѓе кои незнам дали некогаш ке станат спремни за родителство.Сепак те советувам да разговараш и со твоите оти ке ти треба и нивна поддршка.Инаку за информација прогуглај и види што се случува со бебето во таа недела во која си.Би требало да има и срцева реакција.
Бев на лекар и да одлучив да го родам детето,во друга тема подетално напишав.Тоа дете е направено од љубов(од моја страна) и не е виновно што има таков татко(односно го нема).Фала ви на одговорите и советите.
Браво Мренче Тоа е многу храбро. Убаво е што има вакви добри личности како тебе. Ајде со среќа нека ти биди и убаво да си ја истераш бременоста. Се најдобро
Браво рипче , баш ме израдува. Штом чувствуваш дека си подготвена, млада мајка никогаш не е на одмет. Eм шансите да поминете подолго време заедно се поголеми, ем нема многу голем генерациски јаз кој би ви пречел во комуникација. Бидете ми добри и здрави и 2та, а тој глупакот да не го ни погледнуваш кога ќе го сретнеш на улица. Одмори се и подготви се за една клучна функција во твојот живот. А здравје Боже, кога ќе потпорасне детенцето, ќе може да се посветиш малку и на себе, односно на тоа што ќе го пропуштиш поради првите години кои сите велат дека се потешки. Штом веќе постои љубов во твоето срце за тоа малечко уште сега и имаш некој план како тоа да се изведе, немој воопшто да се плашиш. Знам многу позитивни пример приказни на млади мајки. Честитки!
Секоја чест MrenaRiba ,многу малку жени се одлучуваат на ваков позитивен чекор (според мене). Благословена си да бидеш мајка и искористи го тоа. Ќе видиш дека после оваа твоја одлука, ќе се средат работите само треба да им дадеш време. И најбитно да не жалиш за ништо од сега па натаму никој не е побитен од тебе и тоа мало душиче што расте во тебе. Ти посакувам се најдобро во животот!
И јас ти се восхитувам на храброста и ти посакувам љубовта кон твоето дете да ти даде сила и храброст како на лавица и да се избориш за се најдобро за тоа мало суштество. Не се плаши од ништо, ти му овозможи на еден ж ивот да продолжи, наместо да го убиеш. Заслужуваш почит.
И јас сум нешто во слична ситуација. Имам 19 години, дечко ми има 21. Заедно сме веќе 5 години, имавме некои проблеми(нормално како во секоја врска), но се сакаме, тоа е најважно. Еднаш останав бремена на 18 години, зборував со родителите и со дечко ми и тогаш одлучивме да абортирам. Дечко ми не беше многу за тоа, но сепак го направивме. Сега пред 2 недели тој сврши во мене(иако не ми признава) и ете веќе ми касни 3 дена. Немам некои симптоми за бременост, само градите ме болат и постојано ми се спие. Не сум направила тест, планирам да го направам утре, но тоа не ми излегува од главата па сакам да прашам за совет. Инаку запишана сум на факултет(прва година) имав многу планови за во иднина, но што ќе биде ако тестот е позитивен? Знам дека можеби не треба да зборувам сеуште за тоа, бидејќи не сум сигурна дека сум бремена, но што ако сум? Имам 19 години. Спремна ли сум за таков живот? Дали ќе можам да го воспитам тоа дете како што треба? Не знам имам многу прашања во главата и не можам да престанам да мислам за тоа.