Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. Madam-A

    Madam-A Популарен член

    Се зачлени на:
    10 мај 2013
    Пораки:
    1.603
    Допаѓања:
    8.006
    Се уште нема потреба за паника. Направи го тестот па ќе му ја мислиш ако треба, ако испадне негативен - разговарај со дечко ти во врска со свршувањата и не би требало да имаш грижи понатака. Ако испадне позитивен размисли си добро во врска со прашањата што и сега си ги поставуваш и ќе донесеш вистинска одлука, која треба да е лично твоја ;)
    Се најдобро!
    :makeup:
     
    На Butterfly15 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Meredit

    Meredit Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 февруари 2014
    Пораки:
    176
    Допаѓања:
    91
    Јас бев во потполно иста ситуација Батерфлај,значи во мај ни беше матурата а во јуни јас дознавам дека сум бремена.И јас верувај имав многу планови за иднината,за разлика од тебе јас не ни стигнав да се запишам на факс а сакв многу,бев одлична ученичка и сите ми прогнозираа дека ќе успеам без мака да завршам факултет.Ама се случи тоа что се случи.Со дечко ми сега веќе маж бевме тогаш во врска една година.И можам да кажам дека ни малку не бевме спремни за тоа посебно што бевме ептен млади јас имав 19 а тој 20 години.И кога им кажав на моите дека сум бремена татко ми само што не заплача.Ама да ти кажам право јас тогаш минав низ вистински пекол.Првото нешто значи што го знаев е дека ќе го родам бебето без разлика дали дечко ми ќе остане со мене или не.А тој ептен многу ме сакаше и им се спротистави на сите што сакаа да го убијам тоа невино сонценце што растеше во мене.Не знаев буквално по која земја одам,посебно затоа што јас сум од едно провинциско градче а таквите работи се осудуваат најмногу.Но ете повторувам во ниту еден момент не си помислив да го убијам моето бебенце.И на крај немаше што веќе да ни прават видоа дека сме одлучни да го задржиме бебето и се венчавме.Сега тоа бебенце има 4 години и си доби и братче пред 16 месеци.И ете кажувам и потпишувам дека кога повторно би ми се случило истото тоа повторно истото би го направила.Постигнавме се што сакавме,имаме убав стан,автомобил,маж ми си оди на работа и си зема добра плата,и можам да кажам дека воопшто не жалам за ништо.Сега второто дете е уште малечко,но откако ќе потпорасне малку јас сум на план да пишам факултет.И знам дека ќе успеам во тоаззатоа што до сега успеав да си ги исполнам сите цели што си ги поставив.Така да мој совет за тебе е ако си бремена,немој да му го прекинуваш животот на тоа невино суштество.Ретко кој е спремен да стане родител се додека не го земе своето чедо во раце.А за воспитување ич не се секирај,јас верувам дека и ти и твојот дечко ќе успеете да го изведете вашето дете на прав пат.Кога една жена ќе роди дете кај неа се појавува мајчински инстинкт кој никогаш не греши.И за абортусот уште нешто.Не знам дали си свесна за последиците од абортусот ако се одлучиш за тоа.Можат да настанат милиони компликации како крварење,сепса и дури и неплодност.Ти имаш видено колку мајки во солзи се молат Бог да им даде едно чедо за да го гушнат во своите прегратки.а тебе ако бог ти дал мислам дека не треба воопшто ни да се прашуваш дали сакаш да го задржиш.Твојот дечко како што читам од постот те сака и ќќе го прифати тоа.А за факултетот не се секирај ќе потпорасне и ќе го дозавршиш.Колку само познавам жени и мајки што и студираат и имаат деца.А верувај во иднина ќе се каеш доколку се одлучиш за абортус дури и ако нема никакви компликации.Ќе живееш секој ден со грижа на совест и со помислата каков би бил твојот живот сега.Еднаш ја имаш направено таа гречка не дозволувај да ја направиш и по вторпат,доколку си бремена.Поздрав и секое добро.Е сега сепак тоа си е лично твоја одлука,јас само ти го кажав моето мислење.
     
    На Trxmx, rrrrrrrrrrrrrrrrrrrr, DigY и 9 други им се допаѓа ова.
  3. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Meredit,не ли си запознаена со тоа дека секоја планина е со своја тежина???Hе сите приказни навидум наликуваат една на друга!!! Tоа што тебе ти се поклопиле коцките во животот(или некој ви ги поклопил,за покомфорен живот) не ти дава за толкаво право да сугерираш како единствена опција да биде бракот.
    читам и никакво познавање не поседуваш околу абортусот(ова верувам што си слушала од рекла казала) ,пошто гледам сите што извршиле абортус останаа стерилни,сепсирани..мислам стварно ејјј муабетиве само за пред чешма на задруга :$ .Hејсе друг ми беше муабетот....
    Butterfly 15за вистинска одлука да се одбере,треба сите опции да се извагаат и тоа паметно,ако се одбере како опција брак,дали си или сакаш да се оствариш како мајка и жена на тие години(знаеш после тоа нема пу пу назад),потоа најголем фактор играат финансиите и покривот на глава,сума сумарум дали од тој брак ќе живеете "нормално" или ќе преживувате??? или пак ќе го одбереш патот до исполнување на твојата цел,да се реализираш како поуспешна во кариерата и животот...размисли си трезвено.
     
    На eloves, Oscar Lady, Mishela и 5 други им се допаѓа ова.
  4. sadgirl21

    sadgirl21 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 јануари 2013
    Пораки:
    7.357
    Допаѓања:
    8.481
    ^

    Со оглед на тоа дека она веќе еднаш абортирала, го чувствувам прашањево како иронично дали е спремна за дете.. :wasntme:
     
  5. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Очигледно е дека не си спремна, а идејата на тој дечко ти е да те остави бремена и да те задржи за себе.
    Не знам што да те советувам, нема да те советувам ништо во врска со твојата одлука, но сепак што и да одлучиш за во иднина да знаеш дека постои спирала, која ќе ги спречи несаканите бремености.
     
    На Butterfly15 и Glasna им се допаѓа ова.
  6. Mama25

    Mama25 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 март 2012
    Пораки:
    1.440
    Допаѓања:
    10.957
    Пол:
    Женски
    Butterfly15 мила твое е сама да си одлучиш ние тука на форумов кои сме да те советуваме што е најдобро,па ова тука е само виртуелен свет.
    Не сум јас таа кој треба да ти суди,но зошто ако веќе еднаш си абортирала по втор пат си играш со здрајето и не мал ризик во толку краток период да извршиш 2 абортуса :!: И побогу какви се тие мажи (со извиње на твојот дечко кој спаѓа во таа група) кои им е битно само задоволстото пред се свое а патем не размислуваат и го загрозуваат на својата љубена :^)
    Што се однесува дали си спремна и тоа е индивидуално прашање,сега се поместени границите за мажачка ,раѓање деца итн. итн. Сконцентрирани сме сите на градење кариера и заробени во еден според мене безвезен систем. Некој ќе рече ЗоштО, но каков би бил животот без потомство и сродната душа па макар имале кариера одовде до небото-пак ќе речам за мене никаков!
    Порано се земале на 18 и раѓале мислиш дека биле поспремни него денес? Не би рекла но тогаш било така а денес ако е смешно да и потсмејувачки ако кажеш дека си останала бремена и си го баталила факултетот. Тогаш не си "ИН" :tmi:
    Дали ќе можеш да го воспиташ,верувај дека ќе можеш,тоа си доаѓа само по себе. Верувај кога ќе ги видиш тие мали очиња светот ке ти се смени за 360 и назад инстиктот ќе те води. А денес фала Богу имаме литература куп и интернет ,верувам подршка ќе имаш и од твоите. Јас како млада мамица немав никој покрај мене па успеав и сеуште се справувам со моиве две душички. Родителството е една од најтешките работи и не е лесно да напарвиш човек но затоа е најблагословена работа,според мене!
    Што се однесува до факултетот кој си го запишала и за тоа има решение можеш да го ставиш во мирување барем првите месеци со воља и тоа ќе биде ако се сака. Има многу мајки кои паралелно учеле и се грижеле за бебе. Ќе мора да се одрекнеш од искачања и она слободно време ,но затоа ќе добиеш нешто што неможе да се спореди со тоа.
    Сепак пак ќе кажам твое е да одлучиш а не ние наместо тебе,со среќа!
     
    На Meredit, bebaa и Butterfly15 им се допаѓа ова.
  7. bat4ever

    bat4ever Активен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2012
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    0
    Незнам како да почнам со маојата глупава приказна.. Повракам 3 недели спијам 20 саати и никако да се освестам дека сум бремена.. Си мислам имам бактерија во желудник. Но ете се освестив бев на гениколог ми кажа дека сум бремена и за само 1 ден одлучив да абортирам и по брза постапка АБОРТИРАВ!
    Страшно беше луѓе болка невидена без анестезија мислам немам зборови. Инаку имам 20 години на правен студирам со 9,8 просек, со дечкоми сме 2 години во врска.. Сега постојано се измачувам штом видам некое слатко бебенце си мислам и моето можеше да биде вакво. Си помислувам што ако неможам веќе да имам деца.. Ке полудам од дома поима немаат за ништо.. Незнам што направив како во сон ми е дали беше најправилната одлука тоа. :fubar: А па уште повече ме измачува тоа што кога бев на гениколог се беше некако ептен чудно. Прво ме праша дали сакам да сум трудна и откако одговорот беше НЕ ми рече трудна си 9 недели секако ме гледаше на ехо.. Не ми се никако поклопуваат датите баш кога требало да затруднам не сум имала односи воопшто. Потоа ми рече ке те пратам кај една докторка на приватно она ке заврши се.. И јас збунета отидов. Таа докторката прво ми ги побара парите и после знаетее.. Незнам збунета сум многу.. Ми треба помош Ве молам за совет
     
  8. irena.1

    irena.1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 ноември 2012
    Пораки:
    4.361
    Допаѓања:
    21.348
    Пол:
    Женски
    bat4ever што да те советуваме, кога ти одлуката веќе си ја донела и спровела. Некако брзоплето, ама назад нема. Сега е џабе да се мислиш кога си останала трудна па како па што. Дали знае дрчко ти, како тој се носи со ова. Не си требала сама да одиш на прегледите по докторите, требало и тој да биде со тебе. Две глави подобро мислат од една
    Ти немаш друга опција освен да мислиш за иднината. Некако да успееш да се совземеш да не западнеш во некои депресивни состојби.
    а тоа дали ќе има компликации о дабортусот во овој момент неможеш да знаеш, џабе не се јади себе.
     
  9. jb82

    jb82 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 септември 2010
    Пораки:
    228
    Допаѓања:
    299
    Мене не ми е јасно??? Си била кај некоја докторка на приватно БЕЗ анастезија и таа ти вршела абортус????
    Девојче си требала да одиш во ПРИВАТНА БОЛНИЦА каде што има стручен КАДАР, а не една докторка која те абортира на стол за преглед. Па имаш просек 9.8, не ли размисли за последиците.
    Моја препорака ти е да си одиш Систина, Ремедика или клиника и да си направиш преглед да видиш како и што ти правеле.
    Не ми се верува што читам од девојка која има 20 години! Да имаше 14 ќе те сфатев.
    А за тоа дали си избрзала или не веќе не можеш да размислуваш, туку оди нека те види некој доктор.

    И ДАЈ КОРИСТЕТЕ КОНДОМИ!!!!!!!!!
     
    На DigY, Marossa и zalosna им се допаѓа ова.
  10. fifi16

    fifi16 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2013
    Пораки:
    390
    Допаѓања:
    178
    Пол:
    Женски
    мене не ми е јасно како си дозволила без анестезија и зошто не си отишла во државна? како си можела така да изреагираш? во врска со бебето, било тоа, неможеш да го вратиш сега времето, си требала прво убаво да размисиш, па после тоа да дејствуваш... едноставно со тек на време ќе се навикнеш дека тоа се случило и како така ќе помине тоа што те измачува кога ќе видиш мало бебе... а додека дали ќе можеш да имаш друго дете или не, тоа ние тука не можеме да ти го одговориме, најубаво би ти било да си посетиш гинеколог и тоа некој добар, во државна болница, а не кај кој најдеш, ќе му објасниш се убаво и после тоа ќе видиш што и како ќе се одвиваат работите...
     
  11. butterfly4

    butterfly4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2014
    Пораки:
    201
    Допаѓања:
    528
    Прво си сакала свесно да сврши во тебе,потоа си успеала останала трудна,па потоа си извршила абортус??? :o

    Па добро бре девојко,сето ова свесно си го испланирала и потоа пу пу неважи??? :fubar:

    Секој си плаќа за своите грешки,ми се лоши од вакви како тебе,искрено,срам да ти е!!! :puke:
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  12. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.921
    Допаѓања:
    89.705
    Пол:
    Женски

    Важно се сакате тоа е најважно ,аха да да |(
    Како тоа случајно те остава бремена се согласувате да абортираш и потоа пак си се сексате заедно без никаква мака и на крај излегува дека можеби пак си бремена :o
    Шо ви е бе луѓе до кога нема да ги користете главите за размислување,жално е оваа навистина !
    И сеа ако си бремена пак ќе абортираш ? И се така додека не осетиш дека си спремна за важен чекор во животот :x
    Мене не ми е јасно како после 1 абортус со знаење на твоите родители ти си сеуште со истиот дечко и се е како ништо да не било,а сега велиш нова можност има за да си пак бремена :x
    Епа мила нема да си спремна уште 2-3 години затоа што си премногу малаа,и сеуште не си изживеана како што треба,ти си со исти дечко веќе 5 години и најважно е се сакате,тоа што си абортирала,што не си спремна за деца,што си 1ва година на факултет,и што не си сигурна во себе не е ич важно ,најважно е љубов да има :| цц

    Извини што ти се обраќам толку арогнтно но таквите луѓе јас не ги ценам ич,не те навредувам само го кажувам моето мислење што знам дека и повеќето ќе се согласат со мене !
    Нас не прашуваш дали си спремна за такво живот,а со љубениот твој не ли разговарате на таа тема ? Не ли зборувате дека не треба да се прават такви катастрофални грешки и дека за се има време и треба да се внимава :?:
    Појди на гинеколог и види што навистина се случува и дали постои бременост не се замарај за без врска
     
    На QueenElena и Marossa им се допаѓа ова.
  13. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Мене не ми е јасно каков совет бараш?
    И не знам дали да ти верувам ,односно не ти верувам... ;)
    Ова го имаш напишано предходно...
    Имам еден необичен проблем и потреба од совет. Со која поза дечко ми може да сврши у мене без он да сака. Знаете сакам да го приморам да биде со мене па тоа ми единствен начин
    И....????????
    Си го добила (ако си го добила)што си го барала...епа зошто си абортирала????
    Или си играш мајтап или нешто ти фали
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Luna91

    Luna91 Популарен член

    Се зачлени на:
    15 јули 2013
    Пораки:
    3.161
    Допаѓања:
    17.643
    Очигледно е дека се филма, не мотка тука нас на форумов. Од авион се гледа дека лаже суши. Оди тепај досада на друго место! :devil:
     
    На zalosna му/ѝ се допаѓа ова.
  15. natemila

    natemila Популарен член

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    2.533
    Допаѓања:
    8.444
    Пол:
    Женски
    цццц незнам дали си прави филмови девојкава или е вистина ова што го кажува, абортирала па прашува дали ке останела пак бремена, срамота и греота е , има луѓе плачат за деца, се борат со години да станат мајки, вие си играте мајтап тука, може неубаво од моја страна ама ваквите како тебе нетреба да бидат мајки.
     
    На Bebulleee, Meredit и zalosna им се допаѓа ова.
  16. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765

    Со сета почит Викторија ама мнооогу грешиш. Се случуваат грешки и таа абортирала што сега по дифолт тој е крив? Не е ни прв ни последен што направил грешка. Да речеш да било намерно но не било.

    Како можеше да го речеш ова

    ?

    Од каде знаеш? Можеби пукнал кондомот,можеби таа е крива somehow...

    Многу осудувате луѓе,дајте имајте разбирање. Веднаш некој се мајтапи,веднаш некој е глуп или е крив.

    Јас не би правела никакви осудувања затоа што единствено што знам е што таа напишала. Не ја познавам неа,не го познавам него, не знам што тој би напишал, не знам што родителите би напишале, не знам какви личности се.

    Butterfly15...

    Душо преголем е ризикот за 2 абортуси... Разбирам еден, разбирам не си била спремна за тоа. Но мораш многу добро да размислиш пред да донесеш одлука. Јас да сум на твое место без разлика на се друго, би го родила затоа што не би ризикувала по втор пат мое здравје и ризик на стерилност.
    Но сепак добро е што сеуште не си сигурна за тоа дали воопшто си бремена... или сеуште не немаш известено...
     
  17. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.921
    Допаѓања:
    89.705
    Пол:
    Женски
    Го прифаќам и твоето мислење Ариела да точно е дека не ги знаеме претходните околности какви биле што се случило тоа ,но зошто да се абортира кога веќе се заедно и се сакаат ,па сега и овој втор пат ако е навистина бремена и јас ја советувам да си го роди бебето за да нема недај боже некои компликации во иднина, Не ја навредив туку само кажав мое мислење кое навистина го мислам таа бара совети и повеќе мислења а тука сите разно зборуваат т.е кажуваат тоа што го чуствуваат и го мислат .
    Мене таквата ситуација не ми е во ред и затоа така изреагирав
    Ајде океј првиот пат но барем по таков чекор треба повеќе да се внимава и да се мисли на себе и на тоа каква ќе биде иднината
     
  18. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^ Секако дека после еден абортус не треба да се дозволи да дојде до уште една несакана бременост но сметам дека премногу беше она дека требало да му се скара.
    Делиме исто мислење за решението на проблемот ако воопшто постои. :)
     
  19. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Многу е лесно врз нечие мислење да се правите филозофи (особено за ваква можам слободно да ја наречам болна тема) а без да размислите како би се чувствувале вие доколку се најдете во ваква ситуација и како би било да читате мислења од луѓе со навредливи коментари.
    Искрено,на девојките што се во ваква ситуација дали знаете колку им е гајле што не ги цените? Скоро па ич.Нив им гори од сите а вие изигравате светици,како треба да биде..Бла,бла.

    Кои сте вие да кажете кои девојки заслужуваат да бидат мајки а кои не?
    И да решиле да абортираат вие немате претстава со колкава грижа на совеста живеат тие,форум е,ако веќе коментирате дајте им поддршка а не вие со онаа фаза подобро роди го...
    Ќе им ги издржавате бебињата???

    На некој начин криви се и тие што бараат совет за вакви чувствителни работи на форум..
    Седнете со мајките,нема подобар советник од нив,никој подобро нема да ве разбере и да продолжи со животот како ништо и да не се случило,без да ви спомне некој ден за она што сте го избрале..
    Воедно и со партнерот,доколку има место за разумен муабет.
    Ова другово,другарки,пријателки,форуми,на ништо да не ви текнува за вакви теми.
     
    На Quuen, fighter, Lovely93 и 8 други им се допаѓа ова.
  20. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Па добро мислам ти ако си толку паметна ќе кажеше мислење а не да го правиш баш она што го опиша сега. Девојката бараше мислење и никој не се пожали од нечие мислење. Единствена што изиграва светица си ти. :wasntme:
     
    На SV1911, zalosna и SimonaTino им се допаѓа ова.