Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Абортус или свадба!?

Дискусија во 'Бременост' започната од Lovely, 4 мај 2011.

  1. SimonaTino

    SimonaTino Популарен член

    Се зачлени на:
    21 декември 2012
    Пораки:
    1.735
    Допаѓања:
    1.575
    Е така де...
    И башка што баш ги заболе...абортирале еднаш...па уште еднаш (од став да не неможат пак да останат)
     
  2. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Извини,каде јас навредив некој од темава што прашал за совет? A што напишав јас,ти прочита убаво?
    Далеку сум попаметна од оние што се дрзнувате да кажете кој има право да биде мајка а кој не. Ако некој абортира нема подоцна право да биде мајка?
    Мајка е таа што нема услови да го издржува детето?
    За тебе најважно е само да се роди?
    Епа за мене зборот дете значи да успеам да му обезбедам на моето дете добар живот (секако колку што ќе можам) од моментот кога ќе го земам во раце се додека не заврши со школување.Па здравје боже и за понатаму во животот.
    Тебе не ти се јасни основните поими на суштината да донесеш дете на овој свет.
    Кој не е свесен дека ризикот од два последователни абортуси е голем?

    А за тоа дека никој не се пожалил од некое мислење мене не ме интересира ама воопшто.Па вие што и дадовте совет богами само за на телевизија сте со вашите ставови.
     
    На ku4ence, Lovely93 и Glasna им се допаѓа ова.
  3. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Eпа девојко ти биди доволно паметна за да абортираш по втор пат со ПРЕГОЛЕМ ризик дека можеби нема да имаш уште еднаш шанса да абортираш. Еби се-абортирај, еби се-абортирај... Е извини ама тоа не оди така. Си направил грешка и вториот пат (во овој случај) и ќе си ги сносиш последиците.

    И не, бременост за мене не значи само да донесеш живот. Знам дека ти си одговорен за тој живот и со самата одлука дека ќе го дадеш-ќе го одржуваш.

    Не сум против абортус но овде навистина не гледам причина зошто да не го роди. 5 години се заедно, се сакаат, втор пат ја прават грешката (што јас лично не би одземала по втор пат живот поради мои задоволства и мои грешки) а и побогу не се мали за да можат да се грижат за него.

    Се извинувам на вулгарноста.
     
  4. Lacrimosa

    Lacrimosa Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2010
    Пораки:
    1.833
    Допаѓања:
    2.932
    Пол:
    Женски
    Отсекогаш сум пишувала на форумов дека не сум против абортус, дека се случува да згрешиш, јебига луѓе сме па дури и вакви сериозни грешки се дешаваат.
    Но. :!:
    Станува збор за двајца млади, кои првит пат грешат и се решаваат на абортус. И тоа на 18 години.
    И двајцата , сигурна сум дека доживеале стресен и лош период, и се решаваш ЗА абортус - дали ќе биде се како што треба, дали ќе можам потоа повторно да забременам итн итн.
    Значи мене не дај боже да ми се случи тоа, па после абортус и сето доживеано ма нема шанси секс без кондом да имам после тоа.
    Ајде пред тоа било што било кој не пробал, ама после вакво нешто има да пазам како ненормална, а камоли како тие млади деца си продолжиле со секс без заштита.
    Па и да пукнал, не дозволувај да свршува во тебе и со кондом да е!
    Ама секој си е човек за себе, јас после лошо искуство учам и од страв да не се повтори не ни правам нешто што би можело да ме доведе повторно до таа ситуација, избегнувам колку што можам.
    И дечкото како што викаш дека си сигурна дека свршил во тебе , а не ти кажува, каков човек е тој? Незрелост до максимум. Ако сака дете нека повели нека те побара за жена, или нека каже дека е спремен за дете а не само "ајде ќе свршам нема да знае"
    И не, не судам. Ама стварно овде се гледа голема незрелост од двајцата, со самото тоа што после абортус (ЗА КОЈ НЕ СУМ ПРОТИВ ДА СЕ ИЗВРШИ) , продолжиле со секс без заштита.
    Треба внимавање, треба.
    Во врска со ситуацијава сега, на вас е да одлучите што ќе правите. Не можам јас од пред компјутер да кажам абортирај или роди го , ниту па било која друга.
    Ако си спремна за чување бебе, роди го , ако мислиш дека треба да абортираш абортирај, како мислиш ТИ дека е најдобро така прави. и неопходно е ваков разговор да се води со домашните.
    Со среќа. :)
     
    На ku4ence, Lovely93 и Daydream им се допаѓа ова.
  5. cigarce

    cigarce Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2011
    Пораки:
    1.401
    Допаѓања:
    3.931
    Пол:
    Женски
    Едно прашање,колку години имаш?
     
    На Glasna му/ѝ се допаѓа ова.
  6. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    ^ 19.

    Едно прашање. Си имала искуство со несакана бременост и абортус? Не? Епа молчи.
     
  7. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    Aриела ти очигледно забораваш дека на форум пишуваш !!! Mногу бре диктаторски настроена :$
    A ти ,дали си се соочила со абортус?,па вака со полна уста коментираш за нус појавите на абортусот ???
    и зошто мора по секоја цена според тебе ,девојкава од погорните постови,да роди :?: по која логика??? под казна или дека нема никаква допирна точка проблемов со тебе,па ќе измислуваш некакви си правила и процези на туѓа кожа :?:
     
    На fighter, duffi, MacenceEna и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. wannaBeMomma

    wannaBeMomma Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 декември 2013
    Пораки:
    8.122
    Допаѓања:
    40.325
    Значи не можам да ви поверувам! Абортус или раѓање е право на личен избор и нема што тука да си лечите комплекси и да се вреѓате, дерете и тристра други глупости едни на други. Уозбилете се не ве личи. Тука сме за помош, подршка и мислење!!!
    Апелирам до модераторите да се избришат сите непотребни препукувања и да останат коментарите кои се насочени кон прашањата и темата.
     
    На ku4ence, L.i.n.a.a, artemidis и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  9. ariela09

    ariela09 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 октомври 2012
    Пораки:
    945
    Допаѓања:
    1.765
    Непотребни се конверзацииве и дебативе кога секако сите исто зборуваме.

    Јас кажав дека лично ама ВООПШТО не го оправдувам вториот абортус ако дојде до тоа. Но вие очигледно ме гледате како Господ па толку што ви е битно моето судење. Не сум диктаторски настроена само кажувам мое мислење на кое се противите вие затоа што можеби не сте биле во баш таква ситуација што го одговара вашето прашање... Да, сум била во таква ситуација, но не лично јас туку моја преблиска личност и така поминав низ сите стресови заедно со неа.

    Темава е многу подлабока од ДА или НЕ за абортус а некои тоа не го сфаќаат. Овде не се вбројувам јас затоа што знам точно што зборувам.

    Никогаш не би го ставила своето чедо зад моите задоволства.
    А вие ако не согласувате не ме плукајте мене затоа што јас така мислам. :)
     
    На kjukli, peperutka7, glosipgirl и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Моментално се наоѓам во истата ситуација како тебе на почетокот од постот,само што мојот дечко има 27 години,во голема мисла сум што да одлучам и како да направам.Знам дека он е решен да го родам ова бебе и веќе му се радува,а јас неможам...Едноставно ми е многу тешко и неможам да се помирам со тоа.Незнам како би им го соопштила тоа на моите родители.Знам дека очекуваат многу од мене и дека ова ќе ги убие.Многу надеж ми даде твоето мислење и се надевам и јас ќе имам среќа како тебе. :)
     
  11. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    Buterfly2576, одговори си на себе ЗА КОГО ЖИВЕЕШ?
    Мислам дека не се само твоите со големи очекувања, очигледно и ти ги имаш истите!
    Секоја одлука што ќе ја донесеш, а ќе бидеш приморана за тоа, ќе биде ПОГРЕШНА со големи последици за цел живот. Ова се однесува подеднакво за двете одлуки
    1.ДА РОДИШ БЕБЕ А НЕ САКАШ или
    2.ДА АБОРТИРАШ
    Мора да одлучиш и со срце и со ум.
    НА пример, можеш да го родиш детето и да бидеш несреќна и далеку од твоите цели и идеи за иднината, а може и да абортираш и да се соочиш со критиките од дечко ти, совеста...

    Размислувај правилно и не избрзувај, ама ако не си спремна да бидеш мајка си требала да бидеш и прашана дали сакаш да станеш мајка, пред да те остави очигледно намерно бремена!

    Ти пожелувам среќа и не се грижи, само не носи одлуки под притисок на другите!
     
    На girl-miri и Buterfly2576 им се допаѓа ова.
  12. Buterfly2576

    Buterfly2576 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 септември 2013
    Пораки:
    50
    Допаѓања:
    16
    Живеам нормално за себе,но сепак емотивна сум и несакам никого да повредам па макар јас излегла повредена од тоа.И да не се само моите родители и јас самата имам големи очекувања и сакав да успеам во животот но со оглед на околностите многу други работи излегоа.Иако јас нормално не се откажав,се надевам дека ќе имам подршка од дечко ми и родителите и ќе успеам(како што викаат моментално)иако тоа би се случило после неколку години.Јас не е дека не го сакам тоа бебе.Сепак е со човек кого го сакам премногу,стварно има голема љубов доверба разбирање и солидна врска помеѓу нас,но сепак мене ми е проблем што сум толку млада.Немам никакво искуство околу ништо,незнам тстварно како би се снашла во такви улоги на мајка,жена,домаќинка.
    Ти благодарам на советите :) :*
     
  13. fighter

    fighter Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јуни 2010
    Пораки:
    1.249
    Допаѓања:
    2.485
    никој во брак не влегува спремен за да биде домаќинка, мајка и слично.
    Не може да се знае кое е чуството на мајчинство дур не се доживее.Исто е и со домаќинлукот. Ако претходно не си била ангажирана околу обврски за дома, ќе научиш, не е ништо страшно.
    Терај по патот кој те води, само немој да се откажуваш од твоите соништа.
    Мојата тетка заврши навреме медицински факултет со дете.После тоа специјализираше и е успешен доктор.
    Јас се омажив и родив и дипломирав,работев и магистрирав и докторирав со деца, без помош од бабите. Со едната рака го држав бебето со другата книгата, имав желба и не се откажав.Ќе заборавев да напишам, дека децата не ги запоставив во ниту еден момент. Сега со нив учам и „фала му на Бога“ се одлични ученици.
    И да ти кажам, тешко е и многу потешко за разлика од другите,но битна е подршката од мт.
    Моите другарки, дипломираа со задоцнување, некои од нив вооптшо не го продолжија своето образование и кариера, а немаа други обврски.
    Така да, се е до човекот.
    Ти посакувам успех.
     
    На ku4ence, senza.parole, anakonda88 и 8 други им се допаѓа ова.
  14. rollbon

    rollbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    бев во врска со децкоми студирав романија а тој а сакаше да се вратам и да се земеме ме сакаше неизмерно а јас сакав да студирам .летото си дојдов и тој сврши во мене без да знае а и јас не знаев .оотидов на лекар ми каснеше а имам и нередовен циклус и ми дадија апчиња и крварев одма после првото апче .првиот збор на дечко ми ми бесе NEMA DA GO RODAM OVA BEEB AKO SUM BREMENA и бев бремена ама искрварев еден месец а бидејќи не знаевне не се пазевме со е најтрагично бев ванматерично ми пукна тубата а пред операција ме исчистија .се зедовме ме сака и го сакам ако детето е најголем дар и сега сме во брак 6 години а немам деца се уште маки мачиме сегде одиме и инвитро неспешно имам и цел живот ке жалам сто така реков а го сакав многу и сега акам дете на туѓи се радувам а факултет завршив педагошки штип ама дете немам и јас сум против абортирање .бидејќи имав 2 пати абортус операција па абортус детето е незаненливо .не с е купува со пари и колку и да не си спремен за него секогас ке бидеш.кој мајка може да си го замисли животот без нејзииното дете и ја ссакам да мозев да си ги родам мојте дечиња клетки или ембриони или што уште не од мало големо бива јас така се осекам и така си мислам а и јас си го сакам мазенцето мое
     
  15. Glasna

    Glasna Популарен член

    Се зачлени на:
    24 мај 2012
    Пораки:
    1.047
    Допаѓања:
    2.180
    пет пати го прочитав постот и не сваќам во времето кога не си била спремна за бебе и мажечка,зошто би се обвинувала сега???Tогаш други работи ти биле приоритетни за тие години,денес други.
     
  16. rollbon

    rollbon Истакнат член

    Се зачлени на:
    11 март 2012
    Пораки:
    65
    Допаѓања:
    27
    Пол:
    Женски
    затоа што сега свакам дека детето е пред се .ја несакав да бидам бремена пред да завршам романија а сум можела да учам и тука ама сакав и мојте да бидат горди.се обвинувам себе оти мислам дека господ ме казни за тоа ама верувам дека пак ке бидам мајка.
     
  17. *sisi*

    *sisi* Истакнат член

    Се зачлени на:
    20 декември 2014
    Пораки:
    758
    Допаѓања:
    447
    Пол:
    Женски
    I jas abortirav vo 6 nedela bidejki navistina bev primorana od togasniot decko, bidejki me ucenuvase i red dr.raboti,a vo meguvreme i od drugi okolnosti bev sprecena da bidam so nego . E sega koga zivot si go srediv i si imam do mene covek koj me ceni i saka, a i jas nego premnogu go sakam.I se obiduvame za bebce 9 meseci i nisto ne biva, mn se kaam za toj abortus ali sto e toa, mozebi i jas nikogas ke nemam deca, no sudbinata e takva surova i nekogas znae da si poigra so nas.
     
  18. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.505
    Пол:
    Женски
    Колку тажни судбини ... ме расплакавте .. :(
    Не можам да заборавам , кога имав 16-17 години имав врска од 3 години , и всушност тој ми беше прв (ама беше големо губре, али тогаш детски ум ,не се размислува паметно) , јас заљубена до уши .... и се деси да ми доцни .. купувам тест , тестот позитивен ....Јас пиштам ,вриштам , ја мавам глава од ѕид .... му се јавувам на губрето и му кажувам каква е работата ... и знаете што ми рече Попрво ке се убијам него да имам дете со тебе :( Само што не се шлогирав ....
    И другарка ми ми вика да одиме на приватен гинеколог во друг град и да видиме што ке правиме понатака ....
    Отидовме , јас разочарана од све , докторот ме прегледува и константира некакво мислам беше здебелување на матката( не ме земајте за збор , одамна беше ) и цисти на јајниците и ми вика НЕ СИ ТРУДНА! Мене ми дојде душата на место , ми падна камен од срце и си реков ова е ЛЕКЦИЈА!
    Да бев бремена , што ке правев на тие години? :(
    Не ги осудувајте тие што сакаат да абортираат , за све има причина ...
    Им се восхотувам на тие што решиле да родат и да бидат самохрани мајки, за тоа треба да имаш "муда" за разлика од некои машки што ги немаат !
     
    На Trxmx, frosyGrc, Batterfly93 и 14 други им се допаѓа ова.
  19. bebaa

    bebaa Популарен член

    Се зачлени на:
    2 јануари 2011
    Пораки:
    2.741
    Допаѓања:
    4.590
    Пол:
    Женски
    А како тоа позитивен тест а не си била бремена?За лажно негативен сум слушнала ,а за лажно позитивен еве првпат читам.Едино биохемиска бременост,може да даде позитивен тест,па потоа да дојде менструација.
     
    На Viktorijaaa5 и Sky-butterfly им се допаѓа ова.
  20. Gerbera

    Gerbera Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 март 2016
    Пораки:
    168
    Допаѓања:
    772
    Ако е не дај Боже некоја цистичка во прашање или каква било состојба која ја зголемува концентрацијата на хуманогонадотропинот во урината, тогаш тестот може да даде лажно позитивен резултат.
    На темата, толку напредно време дојде, за првпат цела глава трансплантираа, вие ќе се ограничувате со избор: абортус или свадба. Јасно ми е дека на детето му требаат и мајка и татко, ама зошто ако нема абортус мора да има свадба (под услов одлуката да зависи од одлуката на мажот). Кој е тој да ви командува со животот?
     
    На ph.orhideja, LollySky, anakonda88 и 4 други им се допаѓа ова.